логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Korica.sv.Nifont.jpg Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

Арх. Софрониј - „За Молитвата“


Чудотворни исцеленија

 Еден ден дојде некој и му рече на преподобниот отец:
 - Дали слушна, оче? Некое девојче посвоено од жената на Саватиј, онаа која те одгледа, лежи тешко болно. Ако можеш, трчај да го помилуваш, бидејќи е при крај…
 - Што зборуваш, дете мое? - се побуни светителот. - јас да го помилувам? Не е тоа мое. Само Бог има милост. Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?122 Сепак… ќе појдеме, за да не ги слушнеме од Бога зборовите болен бев и не Ме посетивте.
 Кога се најде покрај она што умираше, преподобниот отец почна во себе да се моли, не можејќи да ги задржи солзите… Одеднаш, додека се молеше, девојчето, како што лежеше ги подигна рацете кон небото, како да го моли Бога.
 Луѓето што беа собрани се збунија и веднаш почнаа да повторуваат незапирливо:
 - Господи помилуј! Господи помилуј!
 И тогаш! Со Божја помош, болното девојче си дојде на себе и престана да се разделува од душата. Се подигна, погледна околу себе, се прекрсти, славејќи Го Себлагиот. Со страв и восхитување, сите што беа присутни Му заблагодарија на Бога.
 Заминувајќи оттаму, Нифонт отиде да види една друга сестра која многу ја почитуваше и често &  служеше. И таа беше тешко болна и го молеше Бога да ја исцели по молитвите на светителот.
 Кога се сретнаа, блажениот &  рече:
 - Наместо да бараш исцеление, подобро заблагодари Му на Бога, ќерко моја, зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој, што го љуби124.  Но бидејќи толку многу сакаш исцеление, еве, утре ќе ти биде добро и ќе станеш. И благодари Му само на големиот ле-кар, Господ Исус Христос Кој ти направи добро.
 Откако го кажа тоа, преподобниот веднаш замина.
 Навистина, следното утро, девојката по Божјата благодат беше совршено здрава и Го славеше својот избавител и доброчинител, вистинскиот Бог.

Болест за спасение

 Кога Нифонт се врати во својата ќелија, му чукна на вратата некој човек по име Никон. Несреќникот беше многу болен и речиси раслабен (парализиран).
 - Види каков сум – му рече тој со болка на преподобниот. - Урнатина од човек. Рацете ми треперат. С# што имав дадов по лекари, но не видов добро. Те молам, помоли се да оздравам, за да се утеши мојата душа…
 Но светителот, просветлен од Бога, му откри:
 - Тоа, дете мое, ти го донесе твојот јазик и твоите лоши помисли! Бидејќи си лукав и груб… и дали само тоа? Уште си склон и на пиење, осудување и клеветење. Покрај тоа, одамна си му ветил на Бога дека ќе станеш монах, а не си го одржал ветувањето. Постави почеток, но се врати назад. Нели е така? Значи, поради сето тоа човекољубивиот Бог ти ја испрати болеста како воспитна казна. Ако ја поднесеш без роптање, со покајание и исповед, благодарејќи на Бога и славејќи Го, ќе бидеш помилуван во денот на Судот од праведниот Судија. Не ти е од полза, дете мое, овде да се излечиш, бидејќи тогаш постои опасност дека ќе гориш таму, во геената огнена. Еве, гледам на главата ти е напишана невидлива реченица: „Брза смрт, помагај, Господи!”
 - А зошто пишува, оче, „помагај, Господи” - запраша вознемирено болниот.
 - Помагај, за да не ти загине душата - му објасни преподобниот. - Бидејќи ако не се покаеш и не ги исповедаш своите гревови, не се сомневам во тоа дека ќе загинеш, кога с# уште им робуваш на истите страсти… Немој да се озлобиш, дете мое, поради тоа што ти го зборувам. Тоа ти го велам бидејќи го сакам твоето исправување и спасение.
 - Во право си за с#, оче - му призна тој. Но не знам што да правам. Како што гледаш, потребна е голема сила сето тоа да прекине. А јас сум слаб и со телото и со душата.
 - Добро, не знаеш ли дека Царството Небесно на сила се зема и силните го грабат?125 Поради тоа престани да се самооправдуваш и прифати го постот и молитвите. Бидејќи страстите навистина се демонски. А, како што рече Бог: Тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.126 Со тоа вооружи се и ти против нив и ќе ги победиш. Слушај… ќе ти кажам отворено. Уште малку ти остана. Ти се приближува смртта. Но ја познавам бескрајната милост Божја и затоа се надевам дека ќе имаш добар крај…
 Со тие зборови преподобниот го испрати болниот. А тој, со благодатта Божја, направи с# што Неговиот слуга го посоветува.
 Навистина, по неколку дена, покаен и спокоен, тој замина на небото.


Искупителна смрт

 Откако ги подигна и им рече да седнат на своите клупи, светителот почна да им раскажува за настанот што им го вети.
 Живееше одамна во Цариград едно момче, по име Василиј. Имаше само осумнаесет години, но беше многу лукав, сквернословен и развратен и често го разденуваше во злогласните крчми. Тој Василиј работеше кај еден кројач. Шиеше хитони и беше добар занаетчија, иако многу млад. Неговиот газда, по име Патрикиј – добар човек, дарежлив и на заем дава,129 како што вели Писмото, на сите што се нашле во неволја - често го испраќаше надвор по работа, а тој ја користеше можноста да се валка во калта на развратот, валкајќи ја убавината и на душата и на телото. Но имаше Василиј и едно големо добро, една доблест, како што ќе видиме на крајот, која го поттикнуваше Божјото благоутробие. И така, благиот Бог го устрои неговото спасение. Но да тргнеме по ред.
 Беше тоа во времето кога целата земја ја нападна глад. Заедно со гладот, ја нападна и остра зима, па во нашиот град секојдневно умираа по илјада луѓе. Не се стигнуваше ни да се погребат.
 Гладот и мразот долго траеја. Така, сите беа принудени да ги отпуштат своите работници, а некои дури и своите слуги бидејќи немаа да им дадат плата, ниту да ги нахранат. Некои дојдоа дотаму, што и сопствените деца ги продаваа за да добијат нешто за јадење!
 Заедно со останатите, во страшна состојба, се разбира, се најде и Патрикиј. „Како ќе ги задоволам своите потреби, на своите деца и на своите работници?” - размислуваше. Бидејќи имаше многу службеници, сакал не сакал, беше принуден на крајот да ги отпушти.
 Василиј се најде на улица. Уште од првиот ден ја продаде својата облека во некоја крчма и од парите купи храна која веднаш ја изеде. Подоцна, малку по малку, продаде с# што имаше. На крајот, стигна до питање, талкајќи полугол ваму - таму, оплакувајќи ја својата пропаст и треперејќи од студ. Толку беше остар сувиот студ што на рацете и на нозете му се отворија рани и почнаа да крварат. Од ден на ден состојбата му се влошуваше. Но тој ништо друго не зборуваше, освен: Слава Ти, Боже!
 Кој може да ги опише лелеците и плачењата негови? Кој маките од гладта? Кој неподносливите болки од раните што му ги отвори мразот, што ги трпеше, храбро благодарејќи Му на Бога?
 Неговото трпение и смелост траеја долго. Но, еден ден, исцрпен се стутка во една градска уличка стенкајќи, треперејќи од студ и премалувајќи од глад… Во меѓувреме, од страшниот студ, нозете му се фатија, а прстите му отпаднаа.
 А тоа прекрасно момче и вистински Василиј (цар-ствен) - цар и светла ѕвезда на трпението - с# поднесуваше како втор Јов, без роптење и без спорење со Бога. Напротив, во толкави неволји, тој Му благодареше и непрестајно Го славеше.
 Се разбира, во таа сеопшта неволја никаде не можеше да се најде човек за да му помогне. Сите ја оплакуваа сопствената глад и мака.
 По неколку дена, едно утро, додека Василиј секој момент ја очекуваше смртта, помина некој побожен човек, по име Никифор. Срцето му се скрши кога го виде така беден. Без двоумење им заповеда на своите слуги да го подигнат и да го пренесат во неговиот дом.
 Таму Никифор со сопствени раце му простре мека постела и го положи на неа. Сам со љубов му даде секаква нега и спокојство. Определи двајца слуги да му служат, бидејќи самиот Василиј не беше во состојба ни да се помрдне, зашто сето ткиво му беше замрзнато од ужасниот студ.
 Василиј остана во таа куќа две недели, додека не му дојде времето да оди кај Господа.
 Беше саботно утро. Додека лежеше во постелата, одненадеш го слушнаа како зборува:
 - Добро ми дојдовте… Добро ми дојдовте, светлообразни… Господ ве испрати… Добро е што најпосле стигнавте… Почекајте малку, па да одиме…
 - Ајде, побрзај, те молиме! Немој да задоцниш, бидејќи Бог те повикува!
 - И јас ве молам, слуги Христови, само за ова… Еве…Еден човек ми позајми десет обола… и треба да му ги вратам… ве молам затоа почекајте… Почекајте додека не му го вратам својот долг… Да не го најде тоа како изго-вор лукавиот кнез во воздухот… и да ме фрли во амбис… а душата да ми загине!
 Штом го слушнаа тоа, ангелите без спротивставување застанаа, бидејќи Господ и така им беше заповедал да ја преземат душата на Василиј без брзање и да му ја послушаат секоја молба.
 Христољубивиот Никифор не ги виде ангелите, но го слушна Василиј и веднаш повика една од слугинките што внимаваа на него. И ги даде оболите и &  рече да ги однесе на оној од кој ги беше позајмил Василиј.
 А Василиј веднаш ги подигна рацете кон небото, го прослави човекољубивиот Бог, со сета сила која му беше преостаната, и го предаде својот дух на ангелите.
 - Гледате ли сега, мои деца - додаде праведниот Нифонт, завршувајќи ја својата приказна - гледате ли колку праведниот судија Господ ги реди работите во согласност со делата на секој од нас? Она што Бог го испитува е внатрешната борба на човекот, а с# наградува сообразно на таа борба. Често се случува некој да е невнимателен во своето надворешно однесување, но има внатрешно, за луѓето невидливо, духовно дејствување: се осудува себеси, плаче, воздивнува, се смирува, покажува сострадание кон другите и ги смета подобри од себе самиот. Да, многумина живеат внатрешно и тајно онака како што Бог сака, па макар надворешно и да се грешни, а срцезнаецот Господ Кој го гледа и скриеното, не допушта на крајот да загинат. А оние што, напротив, одвнатре им робуваат на злото и лукавството и на другите страсти, дури и ако и надворешно прават нешто добро, што изгледа како доблест, ништо не добиваат. Така и ова момче Василиј во себе имаше едно добро: сесрдно сострадание и боледување со оние што тагуваат. Ете која беше доблеста на неговата душа, додека со телото грешеше. Ете какво било таинственото блескање на неговото срце, со кое како што на почетокот ви реков, стекна благоутробие и милост Божја. Затоа ниту Бог со-сема не го остави да загине, туку го спаси на начин како што ви раскажав.


Голема молитва
 
 Кога се врати во својата ќелија, а таа се наоѓаше таму блиску, во областа на Ипатиината палата, каде што подоцна е изграден општожителен манастир,  беше сиот во солзи и со тага воздивнуваше.
 - Што се случува, оче? Што ти е? - го запрашав, малку вознемирен.
 - Ах, дете мое! Заминувајќи од црквата, видов еден човек како немилосрдно го тепа својот коњ. Толку дивјачки го тепаше што овој сиромашкиот болно јачеше пред својот немилосрден господар, како да негодуваше. И јас заплакав… Бидејќи ако веќе сега н# осудуваат дури и бесловес-ните животни, што ли ќе направиме, ние несреќните, во денот на Судот, кога ќе дадеме збор за секое свое дело? Ќе слушнеме тогаш: „Не си покажал милост и нема да бидеш помилуван!” - Тешко нам!
 Тогаш тој се повлече во длабочината на својата ќелија, се сврти кон исток и изговори една топла молитва кон Бога, со раце подигнати кон небото:

- Владико Господи, Боже мој,
Ти Кој небесата ги исполни со живороден воздух
и со сончеви зраци ги осветлуваш.
Боже што ги познаваш срцата,
прости ми ги моите гревови
со застапништвото на Твоите светии,
и срцето преисполни ми го со
бесмртната Твоја сладост,
за да се исчистам од секаква скверност
на телото и на духот.
Па да творам дела свети со страв Божји.
Пресуди им, Господи, на оние кои ме навредуваат,
и собори ги оние што се борат против мене;
Земи оружје и штит
и дојди ми на помош.
Извлечи го мечот
и пресретни ги гонителите мои;
Кажи & на душата моја
Јас сум спасение твое,
Создател и Творец твој.
,,Понижете се и засрамете се,
сите што сакате
моето создание да го проголтате!”
Да, Господи мој Исусе Христе,
речи му ги тие зборови на Твојот слуга
за да му ја израдуваш душата.
И како што тогаш кога
верниот Твој слуга Мојсеј
Те замоли да ја запреш праведната закана Твоја
против народот Израилски,
така и сега, кога Те молам јас грешниот и
извалканиот, сочувај ме, неосквернет и чист,
и одржи ме во духовна трезвеност.
Радоста Твоја, човекољупче,
нека остане секогаш во мене.
Радоста Твоја, милостив, нека ме осветли.
Радоста Твоја, преславен, нека ми дарува спасение.
Мирот Твој, Свети, нека се зацари во моето срце.
Мирот Твој, долготрпелив, светло нека ме освети.
Мирот Твој, многумилостив,
човекољубиво нека ме прими.
Твојата Премудрост, Трисвети,
нека се точи од моите усни.
Премудроста Твоја, бесмртен,
нека ги преплави сите што се жедни.
Премудроста Твоја, безгрешен,
моите лукави помисли нека ги сотри.
Твојот благ дух нека ме води по прав пат.
Духот Твој Свет
нека ми дарува живот вечен.
Духот Твој сладок, Утешителу,
нека остане во мене,
кој во Тебе верува, наднебесен.
Мирот на Бога Отецот,
премудроста на Синот и
радоста на Светиот Дух,
во мене нека се населат.
Душата, телото, срцето и умот нека ме просветлат,
сите мои сетила.
Со небесната светлина нека се преплават
и да ме покажат како чист сад
во кој ќе се насели Тој, Триипостасниот Бог.
Господи, дарувај ми ја Твојата чистота,
кротоста и Твоето долготрпение.
Мирот, расудувањето и мудроста Твоја.
Осветувањето и спокојот на
Духот Твој благ,
Кој како вистински Бог ќе ме просветли
и ќе ме направи чедо на светлината.
Господи Боже мој, уште ја молам
утробата Твоја татковска и прославена,
прости ми мене кој сум извалкан од гревот
и ја гневам непрестајно, човекољупче,
големата и неискажлива ширина на Твоето милосрдие.
Смрдам на грев,
гнасна прелест сум,
дувло на страстите сум,
и со тоа го срамотам родот човечки.
Благоутробен, искупи ме од геената,
спаси ме од чкртањето на забите,
избави ме од горчливиот Тартар,
бидејќи Ти единиот Свет имаш таква моќ.
А на тоа нема да се удостојам со своите подвизи,
туку ќе ми биде на дар,
од неискажливата Твоја милост.
Да, Боже мој, голем познавачу на срцата,
неизгаслив светилнику на небесните чинови,
на Херувимите и Серафимите,
Престолите, Властите, Господствата,
Силите, Ангелите, Архангелите и Началставата
и на сите наднебесни сили
на кои Ти им ја даваш власта...

 Во тој момент, зад светителот кој се молеше со солзи, се слушна еден заканувачки крик од кој се креваше косата на главата, и тоа ја прекина молитвата. Тоа беше ѓаволот! Разјарен од зборовите на молитвата, тој навали на него за да го удри, да му ја затвори устата. Но не успеа ништо да му направи, бидејќи страшната сила Божја невидливо го огради Нифонт и го заштити. Се разјари тогаш сатаната и повика:
 - Ах! Тврдоглав еден, ти со бајачките расудувања ме обезвреди мене и моите итри лукавства! Што да ти правам кога веќе цел саат ми зборуваш само за небесните сили, та за небесните сили… поради тебе сета сила ја изгубив! Ах! Ах! Ах! А беше мој роб! И сега Назареецот те навали да ми седнеш на вратот!
 Тоа лукавиот го рече и исчезна. Тогаш Нифонт ја продолжи својата молитва и ја заврши со плачење:

Погледни ме, сиромавиот,
Свети Оче, трисвет и многупрославен,
и слушни ме, грешниот и смирениот.
Како што ги прими даровите на Авел
и жртвата Авраамова,
прими ја и мојата молба во овој час
кога Ти повикувам со глас на славење,
и помогни ми мене, развратниот,
од мојот расипан живот.
Прими го ова мое молење
на Твојот наднебесен жртвеник
во небесната престолнина, Ерусалим.
Секогаш сеќавај се на мене
заедно со светителите
и небесните Твои сили,
убавините и сладостите,
по кои толку многу жеднее мојата душа.

 На тие зборови од молитвата, некаква небесна светлина блесна во круг околу него и ја преплави неговата ќелија со неискажливо благоухание, и тогаш се појави пред него самиот Господ Исус Христос и ведро му рече:
 - Благословен да си, Нифонте! Духот твој нека се весели! Срцето нека ти игра! Сетилата нека ти се радуваат! Бидејќи Јас ќе те спасам! Блажен си! Зашто им заповедав на светите небесни ангели да те спомнуваат во сите жртвопринесувања, кои непрекинато се принесуваат кон Мојот Отец. Како што ти во своите молитви ги споменуваш небесните чинови по име, така и секој од нив го споменува и твоето име и го моли Мојот Отец  да те избави од ѓаволските стапици. Ми должиш благодарност и за ова доброчинство.

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная