логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

CRKVA.Ruska.jpg


 (Продолжение)

5

ПРАКСА И ТЕОРИЈА


 Во учењето на светите отци трите стадиуми во духовниот живот се определени низ сфаќањата “пракса” (праџиј - дејство, практика) и “теорија” (љеориа - созерцување, видување). Мислам дека треба да обрнеме внимание на нив, од една страна, за појасно да разбереме што е покајанието и очистувањето на срцето, и - од друга - за да установиме до кој степен сфаќањата пракса и теорија се интерпретирани неправилно во наше време. Би сакал да започнам со една анализа на последното.

 Кога читаат текст од светите отци, многу луѓе гледаат на овие термини без да го спознаат нивното длабоко значење, восприемајќи ги низ призмата на западната мисла и разбирање. Тие ја сметаат “теоријата” за спекулативно сфаќање, за познание на вистината, кое не се заснова на праксата, а на теоријата, со други зборови - единствено како мисловна концепција, додека “праксата” се смета дека е усвојување и примена на соодветните мисловни концепции. Истовремено други ја восприемаат “теоријата” како размислување за божествените нешта, а “праксата” - како мисионерска служба и оделотворување на оваа размисла. Меѓутоа, во светоотечкото предание сфаќањето на “праксата” (дејството) и на “теоријата” (созерцувањето) означуваат нешто сосема различно.

 Свети Григориј Богослов вели дека и созерцувањето, и дејствувањето се нешто добро, затоа што созерцувањето го воздигнува умот на човекот над земното, го обрнува кон Светината на Светите и ја воспоставува неговата првобитна природа, а дејствувањето е восприемање /усвојување/ и Му служи на Христа, докажувајќи ја на дело љубовта. Очигледно е, дека созерцувањето (теоријата) е видување на Бога, воспоставување и обрнување на умот кон Него, а дејствувањето (праксата) е - она кое што води кон оваа љубов.

  И на кратко да кажеме за ова: добро е созерцувањето, добро е и дејствувањето. Првото не вознесува и не поставува во Светината на Светите, и нашиот ум восходи кон она што му е сродно: второто го восприема /усвојува/ Христа и Му служи, докажувајќи ја својата љубов преку дела16.

 Во друг случај, свети Григориј Богослов, говорејќи за последната казна /наказание/ над Египтјаните - смртта на првородените вели дека за да го избегнеме ангелот на смртта, ние треба да си го помажеме прагот на умот - дејствувањето и созерцувањето - со великиот спасителен печат, со крвта Христова. На таков начин, дејствувањето и созерцувањето се поврзани со умот, се јавуваат како негова потпора и се лекуваат со Христовата крв. Ова, без сомнеж, е поврзано со нашето сораспнување, сопогребување, совоскреснување, совознесение со Христа.

 Во целото светоотечко предание се гледа дека под дејствување се подразбира очистување на срцето од страстите, а под созерцување - просветлувањето на умот и видувањето на несоздадената Божја слава. Според свети Григориј Богослов дејствувањето е претпоставка за созерцувањето. Според Илија Презвитер, дејствувањето е телесниот пост и бдението, псалмопеењето и молитвата на усните, и дури молчанието, кое е подостојно од словото. Кон се ова се додава и ракоделието, кое се извршува безусловно. Според Исаак Сирин созерцувањето е “зрение на умот”. На крај треба да забележиме дека не постои ниту дејствување независно од созерцувањето ниту созерцување независно од дејствувањето. Ова означува дека низ очистувањето човекот достигнува до созерцување на Бога, а кога созерцувањето ќе престане, дејствувањето започнува одново.

 Ниту дејствувањето е сигурно без созерцување, ниту созерцувањето е вистинско без дејство. Затоа што е потребно и дејствувањето да биде созерцувачко (еллогмон - разумно), и созерцувањето да биде дејствено (емпрактон) (Преподобен Максим Исповедник).

 Свети Григориј Палама уште позадлабочено ја разработува темата за дејствувањето и созерцувањето. Тој учи дека созерцувањето на Бога не е ништо друго освен боговидување (љеоптиа). Дејствувањето по својата суштина е восходење кон вистинското созерцување или боговидување. Така што созерцувањето не е разумно судење за она што човек ќе го слушне или види, туку гледање на Бога. Според тоа, дејствувањето не е ништо друго освен очистување на срцето, покајание, безмолвен начин на живот, воспитување во подвигот на безмолвието. И така, според свети Григориј Палама, дејствувањето е исихија, свештено безмолвие, т.е. безмолвие на умот, раскинување со се од овој свет, заборавање на ниското и посветување на возвишеното, отфрлање на сите сфаќања поради подоброто. Низ ова дејствување - свештеното безмолвие - ние се ослободуваме од она што е ниско и се устремуваме кон Бога. Тоа е и патот, и начинот за воздигнување кон Бога, кон кој се придржувала Пресвета Богородица, која постигнала обожување и потоа станала мајка на Словото Божјо.

 И така, стремејќи се кон ова (затоа што е потполно неопходно, пратениците да се сретнат со оние кај кои се испратени), Девата за свој раководител го стекнала свештеното безмолвие, молчењето на умот и оставањето на светот, заборавањето на долното и посветување на горното, обрнувањето на помислите кон подобро: ова е вистинското дејствување (праџиј ој алхљој), воздигнување кон вистинското созерцување или боговидување. Поточно речено, ова е единствениот показател за вистински здравата душа; затоа што секоја друга добродетел е само еден лек за немоќната душа против страстите, закоравени од безгрижноста, а созерцувањето е плод на оздравената душа како некаква цел и божествен образ. Затоа што човекот се обожува по пат на созерцувањето, достигнувајќи го тоа не по пат на разумна аналогија, врз основа на зборовите или видливите нешта - или нешто такво (затоа што тоа е земно и човечко) - а преку внатрешна дисциплина, воспитување во безмолвието. Како резултат на тоа ние се ослободуваме од долното (земното) и се приближуваме кон Бога, како да престојуваме во горната одаја (највозвишениот начин) на животот; придржувајќи се срдечно кон молитвата дење и ноќе, ние на некаков начин се допираме до неприкосновената и блажена природа17.

 Според тоа, дејствувањето е очистување на срцето, тоа е вистинско покајание, за кое проповедале светиот Јован Претеча, Христос и се разбира сите Негови апостоли. Затоа што покајанието е вистинска претпоставка за животот во Божјото царство.

 И така, очистувањето на срцето, на нашиот внатрешен свет, е првата етапа од духовниот живот. Треба да преминеме преку неа, за да го достигнеме спасението.

 Освен тоа, треба да видиме како тоа го разбирале светите отци, кога говореле за очистувањето на срцето. Тие, пред се, земале предвид три нешта.
 Првото е лечењето на душевните сили, тие да дејствуваат според природата и натприродата, а не против неа. Душата на човекот е единствена, но во неа има неколку сили. Од нив три се главни - разумната, желбената и волевата. Во својата природна состојба овие сили треба да бидат ориентирани кон Бога. Разумот треба да Го бара Бога, желбата да Го посакува Бога, а волјата - да прави се што и е можно, за да го постигне ова општење и единство. Но ние сме ги обрнале овие природни движења на душевните сили во спротивна насока. Наместо да биде обрнат /свртен/ кон Бога, разумот страда од незнаење за Бога. Наместо да го посакува Бога, желбата се затвора во тесните рамки на себељубието, а волјата, наместо да се стреми да го достигне Бога, да се соедини со Бога, станува роб на страстите и живее под нивна тиранија. Според тоа, очистувањето е ослободување на овие сили и нивно обрнување кон Бога.

 Второто: очистувањето е ослободување на човекот од насладата и страдањето, поинаку кажано - избавување на човекот од тиранијата на насладата и страдањето. Кога човекот се очистува тој се ослободува од нивното господарење. Во него започнуваат да доминираат духовните наслади и тој веќе не паѓа во скрб или униние, ако луѓе, околности или незгоди му причинуваат страдање.

 Третото: очистувањето е ослободување на срцето од различните помисли кои се вгнездиле во него. Помислите (логисмои) се така наречени затоа што нивното место е во разумот (логикх), а не во срцето. Што означува ова? Кога ни доаѓа помисла, а не сме доволно внимателни, таа ни станува желба (еписљумиа), која се стреми да биде исполнета. Ова значи дека помислата од разумна сила се претвора во страстна, т.е. станува желбена и волева сила. Исполнетата помисла, станувајќи страст, проникнува во срцето и таму се установува. Отците говорат дека срцето се очистува од помислите со покајанието и со аскетскиот метод на Црквата - кој метод, се разбира, е вдаховен од Божјата благодат. Едноставната мисла пребива во разумот, но не и во срцето. Кога сите помисли се изгонети и срцето е очистено, таму царува единствено словото на молитвата. Ете зошто молитвата Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме се нарекува монологична (монологистх) молитва. На овој начин, едноставното сеќавање на срцето ја подржува непрекинатата молитва (додека разумот е местото на т.н. едноставни помисли), која е едно едноставно сеќавање, сфаќање за предметот, неповрзана со страстите.

 Овие три состојби го сочинуваат она што светите отци го нарекуваат очистување на срцето. Кога срцето се очистува, човекот станува по-друштвен /по-обшчителен-буг.) и урамнотежен, и среде луѓето се држи на сличен начин, затоа што од себељубив станува богољубив и човекољубив. Љубовта поради корист се претвора во љубов без корист. Ако порано човекот љубел егоистично, со љубов која го бара своето, сега љуби со чиста љубов, која не бара ништо за себе. Тој љуби без да очекува возвратна љубов. Тој љуби независно од тоа, дали другите го љубат. Во неговите дејства нема никакво користољубие. Така, кога љубовта заради корист се преобразува во чиста љубов, ние говориме за воспоставување на вистинскиот човек. И ова преобразување на љубовта од користољубива во некористољубива се нарекува исцелување на човекот.

 Дејствувањето во светоотечкото предание, исто така, се нарекува етика (хљикх). Кога свети Григориј Палама говори за етиката во своите етички глави, тој по суштина ја развива темата за очистувањето на срцето и го опишува целиот пат на исцелување на човекот. Етиката во православното предание не е апстрактно сфаќање и не е фарисејски, формален начин на живот. Таа е подвижништво. Кога светите отци говорат за етика, тие ја имаат во предвид аскетиката. И доколку подвижништвото е премин на човекот од нечистотата на умот во неговото очистување, а од таму - во просветлување, под православна етика ние подразбираме очистување на срцето.

 Ако дејствувањето во светоотечкото предание е очистување на срцето, тогаш созерцувањето, од една страна, е просветлување на умот, а од друга - видување на несоздадената светлина. Така, според учењето на свети Григориј Палама, созерцувањето на Бога е соединување на човекот со Бога, кое се случува како резултат на обожувањето и ова на човекот му дава знаење за Бога. Созерцувањето, единството, обожувањето, богопознанието - овие сфаќања во светоотечкото предание се синоними.

 Таков е методот на исцелување на човекот. Како што секоја наука има свој специфичен метод, по кој го води човекот кон познание, така и Црквата има свој метод, кој го води човекот кон обожување. И овој метод го содржи очистувањето на срцето, просветлувањето на умот и обожувањето, или со други зборови - дејствувањето и созерцувањето, праксата и теоријата.

 (Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго: ikona.gulab.jpg

АРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

  katakomba.jpg Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

Svetlina.lit.jpg


Архим. Јеротеј С. Влахос - РАЗЛИКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ ОД ДРУГИТЕ ТРАДИЦИИ (2)

Monah.dacha.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (3)

 Monah.svetilka.jpg  Архим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (4)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная