логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Crkva.kamenja.jpg

   Крстот и современиот свет

 Живееме во еден свет во кој владее антикрсниот дух. Во еден свет кој себељубиво како свој идеал ги има, без етика, задоволувањето на страстите, благоденствието, комфорот, кои ја поставуваат слободата не во жртвата и љубовта, т.е. во Крстот, туку во егоизмот.
 “На 11 Јули, 6:45 часот на 307 - от километар од патот Атина - Солун, надвор од Аерино Магнисиас, една сообраќајна несреќа го трогна народот во Алмопија Пелис и ја потопи во жалост малата Пиперја. Трагична личност е 27 годишниот сопруг и татко Пасоис Статис. Сам и беспомошен и повреден ги извлече од кршот на автомобилот својата 23 годишна сопруга Елени, веќе мртвото 14 месечно негово ангелче, Николина со нејзината 3 годишна ќеркичка, соочувајќи се со индиферентноста на минувачите. Несреќниот млад човек застана на средина од патот со раширени раце молејќи да застане некој човек за да ги пренесе повредените во болница. Меѓутоа изгледа дека во нашата земја не постојат веќе луѓе” (, 29 - 7 - 1989).
 Овој свет не сака да чуе за воздржание, за власт над страстите, за жртва, за пост, за аскеза. Во длабочина се одрекува од Крстот и така не може да совоскресне со Христа. Останува во трулежноста, во смртта, во празнотија, во досада, во униние, во безизлез. Се забавува, но не се радува.
 Успешно забележува о. Димитриј Дутко во неговата книга “Нашата надеж”: “Да обрнеме внимание дека некогаш, и покрај нашата вера во Христа, се обидуваме дури и патот за Царството Божјо да го правиме комфорен! Светот со неговите добра и со неговиот технички напредок нé спопалаве. И ако понекогаш зборуваат за труд и страдања, одеднаш го превртуваат и велат: Христијанството е радост. Сé треба да биде радост! Меѓутоа радоста не доаѓа така. Радоста не се купува. Не се купува со пари. Радоста на христијанинот се купува со труд и страдања. Но средства за купување нема! За да се спаси човекот, нашиот Господ се искачи на Крстот. Доброволно. И се распна. И умре. Потоа воскресна. Потоа дојде радоста. Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе крстот свој и нека Ме следи, рече Христос. Неопходно е да го подигнеме нашиот крст. Тој кој што без крст оди по Христа, не е достоен за Христа. Недостоен е. Тоа ни го рече Христос. И ни го кажа тоа јасно. Рече: не е достоен за Мене. Тоа значи: неговата вера и неговата љубов за Христа не се чисти; не вредат ништо.
 Крстот нé плаши. И тоа е природно, затоа што нé разори комфорот. Трудот за нас е нешто страшно. Меѓутоа трудот не е страшен. Комфорот е страшен. Тој би требало да не плаши. И навистина, сите современи зла за свој извор го имаат комфорот во животот. Трудот, страдањата, крстот, - рече Христос - е нешто добро. И така Неговиот товар станува лесен”.
 Овој свет кој го отфрла Крстот Христов е должен денес да со соочи со најмачните и страшни бичови, што се последици на неговиот антикрсен од, на неговото себељубие: Сидата, наркотиците, страшната еколошка катастрофа.
 А решението не се наоѓа таму каде што се поставува, т.е. во тоа да се преземат одредени заштитни мерки. Полезни се и тие, но недоволни. Најдлабокото решение е едно: покајанието (преумувањето). Тоа покајание кое ја спаси Ниневија од катастрофата.
 Јудејците бараа “знак” од Христа. А Христос им рече дека ќе им се даде знакот на пророкот Јона, т.е. смртта, погребението и Неговото воскресение (Мат. 12, 39). Тоа е и денес знакот за решавањето на нашиот безизлез и на катастрофата што доаѓа. Изборот на крсниот начин на живот како единствен вистински начин на живот.
 Еден Западен Отец од светоотечката епоха, св. Августин, рекол: “Познавам три крста: Еден крст што спасува. Тоа е крстот Христов. Еден крст, преку когошто се спасува човекот. Тоа е крстот на добриот разбојник, на распнатиот оддесно на Христа. Познавам и еден трет крст кој те прави да ја загубиш вечноста. Тоа е крстот на лево од Христа распнатиот разбојник. Образците на овие двајца луѓе, на двајцата разбојници, се претставници на целото човештво. Крстот на разбојникот од десната страна го зема во себе, го зема над себе Христовиот крст и се спасува. Крстот на разбојникот од левата страна го претставува оној дел од луѓето кои не го прифаќаат Христовиот крст и загинуваат. Меѓутоа општо не можеме да го избегнеме крстот на ниеден начин”.
 Христијаните кои живеат во овој антикрсен свет треба многу да се борат за да не бидат вовлечени од материјалистичкиот и антикрсен дух. Секој момент треба да избираат помеѓу двата начини на живот: Крсниот во Христа живот и световниот антикрсен живот, т.е. помеѓу крсната љубов и антикрсниот егоизам.
 Со љубовта се сораспнуваме со Христа, додека со егоизмот Го распнуваме Христа и стануваме непријатели на Христовиот Крст. За старите и современите распнувачи на Христа вели Апостолот Павле: “Оти мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов; нивниот крај е погибел, нивниот бог - стомакот, а славата - во нивниот срам; тие мислат за земните работи” (Фил. 3, 18 - 19).
 Ѓаволот се обидува да ги исплаши Христијаните дека, ако го изберат крсниот живот, нема да непредуваат, нема да господарат (со крстот во раката не напредуваш), ќе станат жртви на искористувањата од страна на другите, и им советува да да ги искористуваат другите за да не ги искористуваат нив другите.
 Така од маловерие ја пренебрегнуваат Благодатта, силата и заштитата Божја за сите коишто ги пазат Неговите заповеди. И уште имаат да се соочат со искушенија од луето на нивното опкружување коишто им го повторуваат она што Му го кажувале распнувачите Христови на Христа: “Ако Си Син Божји, слези од Крстот” (Мат. 27, 40).
 Евреите Го барале Исуса Христа Месијата, но без крст. И денес световните луѓе сакаат да направат еден земен рај без Крст. Не повикуваат и нас Христијаните да го оставиме крсниот начин на живот. Колку ли реакции од опкружувањето имаат благочестивите родители кои усвојувајќи го крсниот дух стануваат многудетни? Колку искушенија имаат младите кои сакаат да живеат со благочестивост и чистота?
 Ако Антихристот војува против Христа, тоа го прави бидејќи Христос е распнат и затоа воскреснат. Тој, Антихристот, како лажен месија и лажен пророк, им ветува на луѓето земен рај, искупување и спасение без крст. Меѓутоа како може да постои рај без љубов, а како може да постои вистинска љубов без распнувањето на егоизмот? Револуцијата против егоизмот е најрадикалната револуција во светот во кој без неа не може да се случи никаква промена на подобро. Карактеристично е толкувањето што му е дадено на бројот на Антихристот 666, што на грчки се пишува ςς - Христос туѓ на Крстот). Значи, еден Христос, т.е. Месија, без Крст е Антихристот и сите претечи на Антихристот.

 

* * *
 
 Да ја побараме денес благодатта од Распнатиот и Воскреснатиот Господ, за да не бидеме вовлечени од Антихристот. Да не ги одречуваме Неговиот Крст и нашиот крст, љубовта, духот на жртвата и принесувањето, смирението, трпението во страдањата, воздржанието, аскезата.
 Особено во моментите кога егоизмот настојува да не овлада да се впериме кон Распнатиот, како што и отруените Евреи во пустината правеле со бакарната змија.
 Да ја распнеме на Неговиот Крст секоја наша егоистичка желба, секоја гревовна плотска страст, секое наше непослушание, секоја наша злоба и злопамтивост, секое наше нетрпение, секој наш гнев и лутина, секое наше маловерие.
 А ако од човечка слабост и негрижа паднеме и делуваме антикрсно, да се покаеме и преку покајанието да се вратиме во крсниот живот.
 Да ја побараме за тоа и помошта на нашата Пресвета Богородица, која не само што не Го одврати својот Единороден Син од Крстот, туку и самата живееше крсно, и расудливо Му помагаше на нејзиниот Син во подигањето на Неговиот крст. Сега ни помага и нам во подигањето на нашиот сопствен крст, крст што води во Воскресение. Нашата Црква со премудрост не тајнововедува во крсновоскресенскиот живот. Во нашата крсновоскресенска Црква и ние стануваме крсновоскресни Христијани.
 Хорот на Светите на нашата Црква е хор на распнати и воскреснати, на сораспнати и совоскреснати со Христа, коишто оклу Закланиот Агнец на чело со Пресветата Богородица ја пеат новата песна. Тоа е вечната Пасха.
 На таа Пасха нé повикува сите нас Христос преку Неговиот Крст.

 Извадок од најновата книга на Премин доо:

АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС ,ИГУМЕН НА МАНАСТИРОТ “ПРЕПОДОБЕН ГРИГОРИЈ” - СВЕТА ГОРА

КРСТОТ ХРИСТОВ И НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ ВО НАШИОТ ЖИВОТ & ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА

Скопје, 2008

 

 Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная