логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

skit.lesnovski.crnica.jpg


 Архимандрит Лазар Витаниски

Поуки на светите отци за покајанието

КАКО ТРЕБА ДА СЕ КАЕМЕ

Сега се поставува прашањето: како треба да се кае човекот?
- Како оној што е свесен за своите гревови и искрено ги признава, а признавајќи ги, поради нив чувствува скрушеност и ги оплакува, и кој има цврста намера повеќе да не го навредува Бога со своите гревови и, накрај, кој во ова расположение смирено ги исповедува сите свои гревови пред духовникот за да добие разрешување на гревовите и да се појави пред чашата Господова оправдан и чист пред очите Божји (св. Теофан Затворник).
- Вистинското покајание се состои во следново:
а) треба да се откажеме од претходните гревови и да се гнасиме од нив како од ужас;
б) поради тие гревови треба да жалиме, Бога да го умилостивуваме и пред духовникот да се исповедуваме и на секој начин да се чуваме од други гревови;
в) да им ги простуваме на ближните гревовите, за да ни ги прости и Бог нашите;
г) да искажуваме љубов и милост кон секого за и ние да добиеме милост;
д) да се смируваме;
ѓ) никого да не осудуваме и да не клеветиме;
е) секогаш да се молиме на Бога за да не паднеме во ѓаволско искушение" (св. Теофан Затворник).
Свети Василиј Велики вели:
- Не го исповедува гревот оној што рекол: згрешив и после тоа останува во гревот, туку оној што, како што се вели во псалмот, го препознал својот грев и го замразил.
Каква корист ќе му донесе, на болниот, грижата на лекарот кога оној што страда од болеста цврсто се држи до она што е погубно за животот? Така, нема никаква корист од простувањето на неправдата оној што и понатака прави неправда и од извинувањето за ра-звратот оној, што и понатака живее развратно...
Премудриот Домостроител на нашиот живот сака оној што живее во гревови, а потоа дава завет дека ќе почне да живее здрав живот, дека ќе прекине со минатото и после направените гревови се да почне од почеток за да го обнови својот живот преку покајанието.

Исповедта треба да биде искрена и отворена
„Оние што ги исповедуваат помислите пред своите духовни отци, мораат да се исповедуваат искрено, со скрушено срце како пред самиот Бог и тогаш можат да добијат милост. Исповедта, пак, што се извршува несериозно (без грижа), не само што не донесува ко-рист, туку служи и за осуда."
„Човечкиот грев се уништува со исповедување на гревот, а самиот корен на гревот се истребува со борба против гревовните помисли и повторување на исповедта кога помислите почнуваат да го надвладуваат човекот."
„Како што гледањето на своите гревови е особен дар Божји, такво е и искреното исповедување, и Бог го дарува после усрдна молитва. Моли го милосрдниот Господ да ти го дарува овој дар - залог на спасението и самиот себе принуди се на отвореност зашто непријателот на човечкиот род го мрази тој пат и на сите начини се обидува да го оттргне слугата Божји што сака да ја добие милоста Божја со често исповедување на своите гревови.
 
„Победувај го лажниот срам на земјата и нема да се посрамотиш на Небото!" (св. Игнатиј Брјанчанинов).

Какви помисли треба да исповедуваме и за кои не е потребна неодложна исповед?
- Гревовните помисли и чувства потекнуваат од нашата падната природа, но кога грешните помисли и чувства почнуваат постојано, во позасилена мера, да доаѓаат, тоа е показател дека ги донесува нашиот непријател, паднатиот ангел или дека тој ја принудува нашата падната природа позасилено да ги произведува. Таквите помисли и чувства треба да се исповедуваат пред духовникот се додека тие досадуваат, макар духовникот да е простодушен човек без светителска слава... Твојата вера во светата тајна исповед ќе те спаси. За почетниците нема подобро оружје против засилените и зачестени гревовни напади на помислите од исповедта. Исповедта, за почетниците, е речиси единствено оружје во текот на борбата. Таа е најјако и најделотворно оружје. Што е можно почесто прибегнувај му во време на демонски напади: прибегнувај му додека ѓаволот и неговиот напад не отстапат од тебе...
За помислите, дури и гревовните, но минливи, што душата тешко ги прифаќа не е потребна неодложна исповед. Отфрлај ги, не обрнувај им внимание, загушувај ги, потсетувајќи се на нив со спротивните евангелски заповеди: спомнувај ги воопштено, не прифаќај ја бесмислената грижа да ги набројуваш: на исповед, пред причестувањето со Светите Христови Тајни, кажи дека, покрај значајните гревови (што треба точно да се изложат), си згрешил со разни помисли, зборови и дела во знаење и незнаење (св. Игнатиј Брјанчанинов).
При имање на свест за својата гревовност, треба да се избегнува вознемиреноста и очајанието што произлегуваат од нечистите сили.
Заради спасението е потребно сознавање на својата грешност, но е многу опасно строго да се осудуваш себеси и прекумерно да се грижиш заради својата гревовност. Се што е неумерено е од демонот, рекол преподобен Пимен Велики.
Ако ти се случи да паднеш во некој опростлив грев со дело или збор, односно ако те вознемири некоја случајност, или ако осудиш или слушнеш други како осудуваат, или ако заради нешто спориш, или ако почувствуваш нетрпеливост кон некого или го понижуваш, или ако си бил невнимателен кон нешто, нема потреба многу да се вознемируваш или да патиш и на тоа да додаваш болни мисли за себе, дека, најверојатно, никогаш нема да се ослободиш од таквите слабости и дека твојата желба да се иотрудиш за Господа е слаба, или дека не чекориш по патот Божји онака како што треба, оитоварувајќи ја, при секој сличен случај, својата душа со илјада други стравови заради малодушноста и тагата.
Зашто, што произлегува оттаму? Тоа да се срамиш храбро да застанеш пред Бога како оној за кого се утврдило дека не Му е верен, дека залудно го трошиш времето на размислување колку време си поминал во секој грев, дали си го прифатил него, дали си го посакал или не, дали таква и таква помисла си отфрлил или не и слично. И што повеќе така се мачиш, со тоа се повеќе се зголемува твоето растројство на духот, тагата и немањето на желба да се исповедуваш. Но, и кога ќе појдеш на исповед и се исповедуваш со страв и збунетост, ниту после исповедта не наогаш мир зашто ти се чини дека не си рекол се. И така живееш горчлив живот, неспокоен и јалов, залудно трошејќи многу време. А сето тоа произлегува од тоа што забораваме на својата природна немоќ и испуштаме од вид како треба душата да се однесува кон Бога, и дека кога ќе паднеме во некој опростлив грев што не е смртен, треба со смирено покајание да му се обраќаме на Бога, а не да се измачуваме со претерана болка, тага и горчина заради тоа.
Овде им се обраќаме на оние што живеат духовен живот и активно, во него, бараат напредок, избегнувајќи ги, на секој начин, смртните гревови. За оние, пак, што не живеат строго, туку безгрижно, што не се грижат дека го навредуваат Бога со своите смртни гревови, потребни се други зборови. Тие треба длабоко да патат и горко да плачат, секогаш строго и од сите страни да ја испитуваат својата совест и без самосожалување да ги исповедуваат сите свои гревови, и не треба да се лишуваат од никакви средства што се потребни за нивно лекување и спасение.
Покајанието секогаш треба да биде поттикнато и проникнато со надеж во Бога и при секојдневните лесни падови, а уште повеќе при тешките гревови, во кои паѓа понекогаш ревносниот Божји слуга по Божјо допуштање. Зашто покајничката скрушеност што само го мачи и гризе срцето никогаш не раѓа во душата добро расположение, ако не е соединета со цврста надеж во милоста и благоста Божја. Таква надеж треба непрестано да ги исполнува срцата на оние што тежнеат кон достигнување на највисоките степени на христијанското совршенство. Таа ги оживува и ги доведува во готовност сите сили на душата и духот (Никодим Светогорец).

Штетно е сеќавањето на поранешните телесни гревови
Оној на кого му се простени гревовите во светата тајна исповед, обврзан е да не ги повторува овие гревови и тоа е се. Сеќавањето на поранешните телесни гревови е многу штетно и светите отци го забрануваат. Овде се изразува неверие, недостаток на почитување кон светата тајна исповед, лажно сфаќање на добродетелите, опрелестена ревност и измислена лажна духовност.
Откривањето на своите гревови на некој од блиските (не на духовникот) повторно значи покажување на недоверба кон светата тајна исповед, во која дејствува семоќниот Свети Дух, решително и потполно исцелувајќи ги човечките гревови. Зошто сметаш дека она што е уништено постои?
Да не се осудуваш да ја допираш големата света тајна! Ништожна трошко! Да не се осудуваш да ја дополнуваш големата света тајна, која има своја полнота од Бога и не и е потребно човечко дополнување. Не повторувај ги грешките: тоа е се што бара Бог од тебе и единствено тоа е потребно за твоето спасение. Плаши се од недовербата затоа што таа во човечките мисли ја намалува моќта и благоста Божја. Многу треба да се чуваме од лажните мисли и лажната верност, затоа што човек, мислејќи дека прави добро, може да направи многу зло и за себе и за ближните.

Многу е опасно да го оставаме за подоцна исповедувањето на своите гревови и да го одложуваме своето поправување
„Сега е време да се сее, да се бара и моли, да се чука на вратата на милосрдието Божјо кога Бог вети дека ќе слушне и помогне: и слуша и помага. Зашто вели: во благопријатно време те слушнав и во денот на спасението ти помогнав. Сега е благопријатно време, сега е денот на спасението. Денес секој што бара ќе добие и на оној што чука ќе му се отвори, вели Христос. Подоцна ова нема да биде.
„Па, јас, и пред смртта можам да се покајам," некој одговара. Со такво покајание можеш да влезеш и во пеколот. О човеку, сакаш да се каеш тогаш кога престанува времето на покајанието и настапува времето на судот и маките? Сакаш да се покаеш пред Бога тогаш кога те вика да Му дадеш одговор? Сакаш да бараш тогаш кога времето веќе изминува? Неоспорно е дека треба и пред смртта да се каеме и усрдно да го повикуваме Бога зашто тогаш е најголем подвигот на душата, но да се одложува покајанието до смртта е лажење на умот, негрижа за спасението и замка на ѓаволот, кој ја наметнува таквата мисла, и учи, без страв, да се нарушува законот Божји, учи човекот да го разгневува Бога и од ден за ден да го одложува покајанието за та-ка, со измама, да го уништи човекот. Затоа, ако сакаш блажено да умреш, биди и сега таков, каков што сакаш да бидеш пред крајот на животот. Расудувај за светските работи: честа, славата, богатството и раскошот, денес, онака како што расудуваат луѓето пред смртта, што тогаш оставаат се" (св. Тихон Задонски).

Оној што згрешил не смее да се вознемирува, ако духовникот со строги зборови ги гледа неговите рани
„Оној што грешникот го разгалува со лажно ласкање, само повеќе го наведува на грев и не ги загушува престапите, туку ги храни. А оној што со строги совети го разобличува и воедно го поучува својот брат, тој му помага за негово спасение. Кои јас ги сакам, вели Господ, нив ги карам и ги казнувам (Откр. 3, 19). Така и свештеникот Божји, не треба вреникот да го разгалува со ласкави совети, туку да размислува за спасоносни лекови. Неискусен е оној лекар што лесно ги допира гнојните отоци и го остава отровот што се наоѓа внатре, во длабоките шуплини на раните.Тој, со тоа, само ја зглоемува силата на гнојниот отров. Раната треба да се отвори, да се расече и, очистувајќи ја од гнојот, на неа да се стави вистинскиот и најјакиот лек. Болниот нека вика, нека се жали на неиздржливата болка: подоцна ќе се заблагодари кога ќе почувствува дека оздравел" (св. Кипријан Картагински). Амин, дај Боже!

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархијa

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная