логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архимандрит Лазар Витаниски

Vladika.Metodij2.jpg

ЗА СТРАСТИТЕ И ПОГУБНИТЕ ПОРОЦИ И ЗА ТОА КОИ ОД КОИ СЕ РАЃААТ

Овде ќе ја наведеме кратката беседа од зборникот „Прекрасни цветови", која му се припишува на свети Пајсиј Величковски.
„Пред да направи било кој грев, злите духови на човекот му ги наведуваат следните страсти: мрачниот заборав, жестокиот гнев, т.е. нечовечната и ѕверска злоба и незнаењето како непробијна темница. Овие три страсти му претходат на секој грев. Зашто, човекот нема да направи ниту еден грев, ако претходно не се подготви за секое зло или со заборав, или со гнев или со незнаење. Од нив произлегува душевната нечувствителност, односно умот - окото на душата, станува темен и заробен од сите страсти. Прво се раѓа маловерноста. Маловерноста раѓа самољубие - почеток и крај, главен корен на секое зло, зашто тоа претставува бесмислена љубов кон своето тело, па човекот, секогаш и во сите работи, го одбира само она што е корисно само за него. Овој зол корен на страста се искоренува само со љубов, милосрдност и одрекување од својата волја. Самољубието раѓа среброљубие - ненаситна утроба, исто така корен и причина за секое зло. Од овие две - самољубието и среброљубието на секое место се јавуваат сите несреќи и зли дела. Како кај мирјанинот, така и кај монахот, среброљубието раѓа гордост, преку која злите духови отпаднале од славата и биле изгонети од Небото. Гордоста раѓа славољубие, на кое се полакомил и Адам, посакувајќи да биде како Бога, со што навлекол страдање и проклетство на целиот човечки род. Славољубието раѓа сластољубие, преку кое Адам паднал и бил истеран од рајот.
Сластољубието раѓа ненаситност и различни блудни дела. Блудот раѓа гнев што ја гаси топлината на срцето и кој е погубен за секоја добродетел. Гневот раѓа злопамтење - оладување на духовната топлина. Злопамтењето раѓа мрачна и злобна хула на својот брат. Хулата раѓа предвремена тага, која како 'рѓа го нагризува човекот. Тагата раѓа безумна дрскост. Дрскоста раѓа суета што ги покажува добродетелите и, така, го остава трудот без награда. Суетата раѓа неу-мерено зборување. Зборувањето раѓа празнословие и ропство. Потиштеноста раѓа мрачен сон.
Ако некој ги победи овие страсти, нему му се покоруваат и другите, како што се: стравот, ужасот, зависта, омразата, лицемерноста, ласкањето, неверието, лихварството, пристрасноста, љубовта кон предметите, малодушноста, вообразеноста, лакомоста, човекоугодувањето, дрскоста, (недоличното) смеењето, потполниот пад и погубувањето преку очајанието (а тоа е состојба во која човекот самиот се уништува, не знаејќи за Божјото човекољубие и милост, како и тоа дека Он дошол да ги спаси грешниците и дека нема на светот грев за кој нема простување). Следните седум страсти се: самољубието, среброљубието, гордоста и суетата, злопамтењето, осудувањето, вообразеноста и очајанието, кое е завршеток на сите страсти; ако не ги отфрлиш овие страсти, тие ќе ги уништат следниве десет добродетели: верата, љубовта, постот, умереноста, бдението, молитвата, смирението со скромноста, тихувањето со молчеливоста, доброволното сиромаштво со расудувањето, а воедно, ќе им наштетат и на останатите добродетели. Ако некој има било која од овие главни страсти, ни малку нема да напредува, па макар да се подвизува и да се бори против сите останати страсти, иако прави добри дела...; молитвата на таквиот му е непријатна на Бога.
Господ Бог да не избави од секоја напаст и страст во сите векови. Амин".


ШТО Е ТОА ВИСТИНСКО ПОКАЈАНИЕ?

После се што е речено за гревовите, за страстите и за потребата од решителна борба против нив, треба нешто подетално да се каже и за самото покајание, а тоа е: во што се состои вистинското покајание и во што тоа се гледа, како треба да му пристапиме и, притоа, на што треба да го насочиме главниот напор. За ова детално учи свети Димитриј, Митрополитот Ростовски. Овде, во скратен вид, ќе ја наведеме неговата поука.
- Вистинското покајание не се состои само во тоа некој да ги исповедува своите гревови, туку и да не се враќа на иретходните лоши дела, да го води својот живот во правец на негово постојано поправување; не само во тоа да не се враќа на претходното, туку и со скрушеност во срцето да жали за она што претходно го направил; не само да жали, туку и да се покае за направените гревови со голем труд на покајанието, кој не би бил еднаков на направените гревови, туку што би ги надминал. Празно е покајанието на оној што со кратко воздржување од храна и еднодневен пост сака да ги покрие многубројните прејадувања и пијанства. Пусто е покајанието на оној што со некое кратко и лесно умртвување на своето тело мисли да се очисти од долготрајните и тешки смртни гревови. Неправедно е покајанието на оној што се надева дека со малку воздишки и удирања по градите ќе се оправда за многуте неправди, кражби и убиства, грабежи, омраза и злоба кон братот и на нив слични гревови. Сомнително е простувањето на гревовите на оној што се надева дека со малку солзи (освен други подвизи и трудови што одговараат на вистинското покајание) ќе ја измие нечистотијата и беззаконието и дека ќе се избави од вечните маки.
Ниневјаните пролеаја многу солзи и покажаа големо покајание (в. Јона гл. 3), за кое од најмало до најголемо се облекоа во кострет и наредија пост не само за луѓето, туку и за животните; и повикаа кон Бога, продолжувајќи со молитвата и секој го оставил својот лош пат. Сепак, ништо не им било познато за нивното спасение, бидејќи велеле: Кој знае - можеби Бог ќе се смилостиви и ќе ѓо отфрли од нас Својот разгорен Гнев, и така да не загинеме (Јона 3, 9).
Ако оние што покажале такво покајание не знаеле дали го умилостивиле Бога и дали добиле простување за своите гревови, како тогаш може да биде сигурен оној што се надева дека ќе се очисти со мало покајание и со малку солзи од многуте и тешки гревови? Ќе речеш: Ниневјаните биле пагани, не го знаеле Светото писмо, велеле: Срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш (Пс. 50, 17), и уште: Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе Ги спаси (Пс. 33, 18), и уште: Реков: Ќе ги исповедувам на Господа моите престапи, и Ти ми го прости гревот мој (Пс. 31, 5). А ние верниците се надеваме дека и малкуте солзи со исиоведувањето на гревот можат да добијат милост од Бога што ги простува гревовите.
На ова одговарам - да, можат. Но можат само оние што веќе се наоѓаат пред смртниот одар и што немаат време за големи солзи и каење за гревовите; пред таквите Господ е милостив и за самата скрушеност на срцето. Пример е разбојникот од десната страна, што се покајал на крстот, кој пред смртта, со скрушено срце, со малку зборови ги исповедувал своите гревови и во истиот момент ги слушнал милостивите зборови од Господа: Денеска ќе бидеш со мене во рајот (Лк. 23, 43). Од здравиот човек, што има време за покајание, Бог бара многу солзи, многу труд и подвизи за да ги изедначи трудот на покајанието со претходните гревови и, дури, да ги надмине со подвизите на покајанието.
За солзите се вели следново: има некои што повремено паѓаат во умиление и плачат сеќавајќи се на своите гревови, а не престануваат да грешат. Каква корист, на таквите, може да им донесе нивната состојба на покајание и умиление, ако карактерот им останува непоправлив? Други се каат, ги исповедуваат своите гревови со солзи, а потоа повторно се враќаат на истата гревовна гнасотија. И каква им е користа на таквите од миењето со солзите, ако повторно, со страста, влегуваат во претходното блато? Зашто не се доволни само повремените умиление и скрушеноста на срцето без вистинско покајание, кое не бара само жал и плач заради гревовите, туку бара човекот повеќе да не се враќа на претходните гревовни дела, а за направените гревови треба да поднесе соодветен подвиг.
Апостолот Павле зборува дека Исав, синот на Исаак, не нашол место за покајанието, иако Го беше молел дури со солзи (Евр. 12, 17). Зошто солзите на овој грешник не се иримени како покајание, не му биле пријатни на Бога и не го очистиле гревот, заради кој овој грешник ги пролевал солзите? На ова свети Јован Златоуст вака одговара: „Тој не нашол место за покајание затоа што не покажал достојно покајание". Врз основа на овој пример, св. Јован Златоуст не поучува нас грешните, велејќи: „Оние што мислат дека можат без мака да грешат (надевајќи се дека без слично измачување и казни ќе добијат простување на гревовите) нека размислат за следново: зошто Исав не добил простување? Затоа што не се покајал онака како што требало. Ако сакаш да видиш покајание (вистинско, онакво какво што треба да биде), слушни за Петровото покајание после одрекувањето. Благовесникот (евангелистот) кажувајќи ни за него, вели: Па излезе надвор и плачеше горко (Мт. 26, 75; Лк. 22, 62). Заради тоа му бил простен таквиот грев, бидејќи плачел на соодветен начин". Светиот папа Климент вели дека Петар штом го чул пеењето на петелот, истиот момент се сетил на своето одрекување од Христа, паднал на земја и пролеал многу солзи, горко плачејќи и дека потоа ова го правел целиот свој живот. И заради тоа Никифор, писател на многу црковни дела, пишува дека очите на апостол Петар секогаш биле крвави од горкото плачење. Такво било покајанието на апостолот Петар после гревот.
А ти, што се надеваш дека за еден час ќе ги оплачеш своите гревови, можеш ли да плачеш горко како што плачел Петар? Можеш ли да поднесеш таков труд и подвизи какви што Петар му дал на својот Господ Христос, кој заради своето одрекување се претрпел, па дури и да го распнат со главата надолу? Затоа немој да се надеваш на повремената скрушеност на срцето што се појавува во тебе одвреме-навреме, немој да се надеваш на малиот труд и краткотрајниот подвиг што не се еднакви со твоите гревови, што во секој случај ги надминуваат. Покажи пред Господа покајание со многу солзи и тогаш очекувај милост од Него. Свети Јован Златоуст во евангелските беседи не учи на следново: „Покајанието не се состои само во тоа човекот да се откаже од претходните лоши дела, туку да покаже уште поголеми добри дела, зашто е речено: „Родите плодови достојни за покајание." Како ќе го направиме тоа? Ако почнеме да правиме дела спротивни на гревот. Долго време си блудствувал? Воздржи се и од својата жена во одредени денови, навикнувајќи се на умереност. Си му досадувал или си тепал некого? Во иднина благословувај ги оние што ти досадуваат и прави им добро на оние што те навредуваат. Зашто за нашето здравје не е доволно само да се извлече стрелата, туку на раната треба да се стави и мевлем. Дали си се насладувал и си пиел порано? Пости и пиј вода за да се избавиш од штетата што ти се случи заради пијанството. Дали со блудни очи си гледал туѓа убавина? После ова немој, воопшто, да гледаш на лицата на жените, внимателно чувај се после добиените рани и зацврсти се во доброто затоа што е речено: Тргај се од злото и прави добро.
Свети Григориј Двоеслов, нарекувајќи го човекот дрво што се познава по плодовите, вели: „Покајанието може да се познае по плодовите, а не по лисјата или по коренот, бидејќи и Господ го проколнал дрвото што имало лисја, но било неплодно; Он не го прифаќа исповедувањето (само на зборови) без плодови, зашто тогаш тоа е само мачење на телото.
Човекот е мислено дрво што има корен на покајанието во мислите и намерата за исповедување на гревовите. Ако има лисја, тоа веќе е само исповедување на гревовите на Бога пред духовниот отец и ветување дека ќе се поправи. Плодови на ова дрво се каењата за гревовите и подвизите. Затоа вистинското покајание не се познава само по коренот на намерата и по листовите на исповедувањето и ветувањето за поправување, туку, пред се, по самите плодови на каењата за гревовите. Ти можеш да ја утврдуваш намерата (за покајание) како корен, можеш да ги умножуваш зборовите (при исповедувањето на гревовите) како лисја, но ако немаш плодови достојни за подвизите на покајанието, трудот и внимателната грижа за со нив да се надминат гревовите, плаши се од проклетство."
Во Светото писмо наоѓаме двајца грешници што се каеле за злоделата што ги направиле и го исповедувале својот грев пред Бога, тоа се Саул и Давид. Но, не добиле двајцата простување од Бога. Саул вели: Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господа (1 Цар. 15, 24). И Давид рекол: Згрешив пред Господа (2 Цар. 12, 13). Сепак, Давид добил простување и се спасил, а Саул не бил удостоен со простување, туку гневот Божји останал над него и погинал. Зошто? Самиот грешник Саул, на кого не му е простено, е виновен затоа што, исповедувајќи го својот грев, не изразил вистинско покајание и поправување. А колку многу се потрудил Давид во покајанието после своето исповедување на гревот! Тој секоја ноќ ја навлажнувал постелата со своите солзи, станувал на полноќ, јадел пепел како леб и пиењето го растворал со солзи, се измачувал со пост и го уморувал своето тело, смирувајќи се пред Господа во пепел и кострет многу време: затоа не добил само простување на гревот, туку и му станал мил на Господа. Саул, кој само го исповедувал гревот, но не се потрудил во покајанието, останал без простување засекогаш.
Затоа никој не треба да се надева дека ќе се очисти од своите големи гревови само со исповедување и незначителна тага, а без труд и подвизи што му доликуваат на вистинското покајание или ако е мрзлив да се потруди, мислејќи дека ќе има време за свое поправување и покајување за гревовите. Добро е да се поддржува Давид, кој вели: Беззаконието свое го признавам и ќе се смирувам поради Гревот мој (Пс. 37, 18). Значи, Давид не се задоволува само со исповедување на своето беззаконие, туку се грижи за каењето за гревот: ќе го исповедувам мојот грев, вели, и ќе се потрудам додека не дадам доволно за направеното. Каква е користа од тоа човекот да го открие чирот, а на него да не стави соодветен лек? Каква е користа ако ги исповедува гревовите, а не поднесе за нив епитимија и ако не го поправи својот живот?

 Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

Арх. Лазар Витаниски - ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА ПОКАЈАНИЕТО 

Арх. Лазар Витаниски - ПИЈАНСТВО

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная