логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

ГРЕВОТ НА БЛУДОТ

Читајќи го раскажувањето за митарствата, да обратиме внимание на она што светите ангели го откриле за блудниот грев - дека најмногу души се задржувани и мачени на ова митарство и најчесто од овде се туркани во пеколот, зашто целиот човечки род е крајно блуден и сладострастен, невоздржлив и развратен, и ретко може да се најде човек што нема врска со овој смрдлив грев. И читајќи ја древната историја на човештвото во книгите на Стариот завет, гледаме колку пати токму телесниот разврат ги уништувал народите и земјите, го предизвикувал Божјиот гнев и погубувањето. Така, во потопот било уништено целото човештво, освен осум души, и тоа била казна за разврат; со жежок сулфур била изгорена Содомската Земја со сите жители - пет градови во плодната долина богата со земни дарови, земја каде што сега се наоѓа Мртвото Море, море во кое не живеат ни риби, а доколку успеат да дојдат од Јордан, веднаш умираат во неговите води. Околината е мртва, оголена, лишена од живот, покриена со прашина и пепел, дури и воздухот е многу нездрав.

Ете, таков надгробен споменик подигнал Божјиот гнев над гробот на развратниот народ што заборавил на срамот, тоа е споменик на гревот и потсетување за нас на маките што ги чекаат сличните грешници во вечноста, еве колку е одвратен блудниот грев пред Бога! Од Светото писмо знаеме дека ниту еден блудник нема да влезе во Царството Небесно, било тоа да е прељубник, онанист (ракоблудник) или сторител на инцест, да не зборуваме за педерите и лезбејките, содомистите и сличните грешници.

Меѓутоа, нашево време ги надминува сите времиња по масовната раскалашеност, по длабочината и бесрамноста на развратот. Веќе сите пет континенти се осквернети со овие гревови, заради кои биле изгорени и во пепел претворени, потопени со солени и отровни води петте градови во долината Ситим. И ние не забораваме дека, пред крајот на светот, целата земја ќе биде изгорена поради слично отстапување од Божјите заповеди, заради развратот, блудот, заради поклонувањето на сатаната, заради извршување на неговите дела.

А до какви размери дошла оваа изопаченост во нашиве дни. Огромен број очајни развратници се обединуваат во нечестиви друштва, создаваат некакви свои клубови, свои фирми, своја уметност, на целиот свет му ја диктираат својата мода и вкус, дури издаваат и книги со совети проследени со илустрации - како најпрецизно да се предаваме на оваа изопаченост, како најтешко да ги осквернавиме, понижиме, обесчестиме своите тела и души, како најмногу да ги оддалечиме од Бога, да ги направиме тешко излечливи, како на нив да го втисниме печатот на ѓаволот. За широко распространување на овие соблазни се користат сите современи достигнувања, сите средства на влијание на современата наука и култура на човечката душа: телевизијата, киното, списанијата, весниците, рекламите, музиката, сликарството, книжевноста. Сето ова, со помош на современата техника, е вообличено толку силно, впечатливо и „опипливо" што како остар, тенок и долг нож се врежува во свеста, ги потресува чувствата, влегува длабоко во човечкото срце како отровен гас, пуштен во лицето на збунетата жртва на грабеж, се изненадно парализира, го поматува разумот, продира во целата внатрешност, влегува во крвта, лишува од животот или многу години ја труе душата и телото. Веќе и најмалите деца гледаат и знаат се за најодвратните полови (сексуални) изопачености, што некогаш го знаеле само потполно изгубени, паднати луѓе. А сега веќе децата, како содомските момчиња, многу се трудат да ги поддржуваат одраснатите никаквеци, да се допрат до смртоносниот отров, да го вкусат смртоносниот плод, од кој целиот живот (ако, дури, и почнат покајнички да живеат и ако се обидат да се очистат) на нивните души ќе остане тешка рана - чир, зашто ниту една гревовна зараза не навлегува толку длабоко во срцето како развратот, толку повеќе развратот што е доживеан во детството.

Пропагаторите на оваа отровна храна, без сомнение, може да се сметаат за тешки престапници, полоши од убијците и разбојниците. Оној што (имајќи таква можност) не се бори против порнографското бунило, кое толку лесно влегува во секој дом како загаден воздух од улицата кога прозорците се отворени, кој не се штити сам и не ги штити другите, особено децата, е соучесенк во тежок злочин (како оној што, гледајќи човек кој стои на пругата додека кон него иде воз, не му викнал и не го тргнал од пругата, туку мирно ја гледал неговата смрт). „Христијанинот" што се занесува со слична „забава", гледа порнографски фотографии, филмови и слично не е христијанин! Светото Евангелие јасно ни го пренесува словото Божјо: Сте слушале дека на старите им било ренено: Не прељубодејствувај! Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое (Мт. 5, 27-28).

Во Стариот завет на израилскиот народ му бил даден закон до смрт да ги каменуваат, а потоа да ги запалат сите блудници. А денес во општеството, кое себе најчесто се нарекува „христијанско", не се сметаат за срам и срамота блудот и развратот, туку невиноста! Многу млади луѓе, кои се уште не ги осквернавиле своите тела со блуд, се срамат од своите другари и се трудат да се покажат развратни, бараат можност што побрзо да го познаат гревот за потоа да се пофалат пред врсниците, за да добијат некое нивно почитување кон себе, тоа не се ретки исклучоци, туку општо правило.

Колку често денес свештеникот, заедно со таквиот несреќен млад човек што подлегнал на развратот, но бара лекување, мора многу и напорно да се труди, да пати и да се обидува да постигне оздравување, и колку често напорите не ја постигнуваат целта зашто таквиот грев веќе толку многу е прифатен, средината толку многу е погодена од гревот, а вере и страв има многу малку во современиот свет. Останува само да се повикува, замолува, моли и застрашува: заради Бога, заради спасението на душата, заради вечниот живот - немојте, од самиот почеток, да го сеете семето на овој грев, не труете ги своите срца. Дали потоа ќе се најдат доволно солзи на покајание, за да се изгасне тој пламен на страста што така лесно се распалува во нашето сушно време, кога наоколу се постанало суво, кога исчезнал стравот Божји, верата и очекувањето на идниот живот, а насекаде се зацарило само сладострастието и царството на похотта?!

Светиот митрополит Димитриј Ростовски, испитувајќи ги подробно настаните опишани во книгата Битие, долго се задржува на анализата на страшната казна што ги снашла содомјаните и нивните соседи, ја прикажува страшната слика на овој  грев, неговата одвратност, неговата погубност, неговото проклетство. Овде ќе наведеме изводи и скратени делови од ова дело на светиот отец.

„Каде што луѓето, изменувајќи ја човечката природа, стануваат слични на свињите што сакаат гној и кал, оттаму заминуваат ангелите Божји и, наместо ангели, на таквите им се приближуваат демоните и стапуваат со нив во друштво. Злите духови таквите луѓе многу ги сакаат и го молат Христа да им дозволи да живеат во нив, како што на свињите гергесински и им се допушта тоа, тие се вселуваат во нив и ги тераат во смрденото и непристојно Содомско Езеро на пропаста, и дури и ги дават во пеколната бездна.
Содомскиот грев е најголем, најтежок и најлут грев што најмногу го гневи Бога и што е поголем од останатите гревови што викаат на небото. За таков грев Бог, не само што со вечна казна ќе мачи во пеколот, туку наредил таквиот грешник да се погуби (3 Мој. гл. 20). И самиот Он, како прва казна им пуштил оган на Содомјаните, давајќи пример дека таквите луѓе и подоцна треба да бидат погубени без милост.

Кога страсната блудна похот некого ќе го победи и му премине во навика, таа го заслепува човекот: ако не ги ослепува плотските очи на човекот, таа, сепак, ги уништува неговите очи на умот, така што не го гледа ни Бога, ни луѓето, ниту самиот себе. Зашто, таквиот човек ниту од Бога се плаши, ниту од луѓето се срами и ниту себе се штеди, туку тој паѓа во блудната јама како слепец и гине.

Бог многу се гневи на човекот што се сквернави со блудниот грев затоа што тој не само што ја престапува Божјата заповед што забранува прељуба, туку и на самиот Син Божји Христос, Спасителот наш, му нанесува голема навреда „правејќи ги неговите органи", како што вели апостолот, „органи на блудот", зашто телата наши се органи Христови: оној што го сквернави своето тело со блуд, ги сквернави органите Христови во себе.

Ако во оние древни времиња пред воплотувањето Христово и пред дарувањето на законите на Мојсеевите таблици, Бог не ги поштедил блудниците, туку некои со потоп ги истребил, некои со оган и дожд од камења, испратени од небото ги погубил, како ќе ги поштеди сега кога законот Божји е проповедан, кога Христос веќе живее во човечките тела, кога и граѓанските закони ги забрануваат блудните дела и кога насекаде за таквите дела се утврдени тешки казни? Иако долготрпеливиот Господ не го сече со подготвен меч својот непријател, не го убива на самото блудно дело, очекувајќи негово покајание, сепак ќе настапи време кога Он ќе ги измие рацете свои во крвта на грешникот (Пс. 57, 10), ако не се покае. Се случува, во самото дело на гревот, грешникот да го затекне гневот Божји и неочекувана смрт, зашто и потопот ја затекнал вселената кога луѓето се женеле, и на Содом неочекувано почнал да паѓа дожд од оган и многу затекнал на нивното гнасно дело. И во денешно време кога блудникот го прави својот грев, Бог се гневи и се љути на него како на Својот непријател, мечот на казната Божја виси над оној што греши, адот под него ги отвора своите челусти, пеколниот оган гори за него, и неуморните црви за него се множат, пеколната темнина и тартарните маки го чекаат, демонските раце се подготвени да го грабнат и би го грабнале истиот момент кога Бог не би им забранувал. Светите ангели, гледајќи го неговото бесрамно дело ги свртуваат главите, светителите, гледајќи го ова, се гнасат, ангелот-чувар плаче, демоните се радуваат, а блудникот со својот ум воопшто не размислува за тоа зашто е слеп и не го гледа Бога, ниту вечната казна што му ја подготвува Божјиот гнев.

Со својот заслепен ум блудникот не ги гледа луѓето, односно не се срами од нив, како да не ги забележува, иако знае дека на сите им се познати неговите беззаконија и дека сите му се смеат. Тој за тоа не се грижи, губејќи го срамот. Не залудно старите Грци, иако во идолопоклонство, ја прикажувале блудната страст во лик на момче, кое тие го нарекувале Купидон, слепо и голо, чии очи биле покриени со марамче и заврзани, а целото тело е без никаква облека: тие во ликот на ова момче ја прикажувале бесрамноста во блудните дела што не се грижи за својата голотија и објавувањето на своите дела на другите. На крајот, со својот заслепен ум блудникот не се гледа ни самиот себе, т.е. не се грижи за својата јаловост, не гледа колкава е големината на благата од кои се лишува и ги уништува своите три богатства: или надворешните што ги има од среќен случај или кои со среќа и успех ги добил; или природните телесни богатства; или, на крајот, внатрешните богатства, душевни и духовни.

Блудната расиуштеност не онесреќува само еден човек и не го лишува само него од минливите блага, туку и цели градови и држави разорува и пустоши, им го одзема жезлото на царевите и прави воената сила да стане немоќна и нечесна. Распуштениот блудник ги уништува и природните добра на своето тело, како што се: телесното здравје, убавината на лицето, убавината на очите, пријатноста на гласот, бодроста, храброста, цврстината и силата. Сето ова од распуштената похот во човекот слабее, како цвет венее и пропаѓа. А најчесто, некој од таквите, го напаѓа некоја бесрамна и многу мачна болест, како што е сифилис, која тешко се лекува. Кога таа болест ќе го нападне човекот, таа како неуморен црв го нагризува целото тело и го покрива со чиреви од глава да петици, испушта одвратна смрдеа и прави човекот на сите да им постане омразен. Блудникот го уништува и својот плод, кој би морал да биде создаден во законит и чесен брак во слава Божја, изливајќи го семето во блудницата како во мочуриште.

Секој прељубочинец ја уништува и вистинската љубов и сојузот со својата сопруга, зашто оваа, кога ќе дознае дека нејзиниот маж ја лаже, почнува да го мрзи и да се гнаси од него, а друга, пак, и самата почнува да го лаже својот маж за инает. На крајот, ваквиот ги троши и годините на својот живот, зашто кога блудникот е распуштен, во него, од блудните дела, се намалува силата, се скратуваат деновите на неговиот живот и тој предвреме старее и умира. Но, често доаѓа до смрт од труење или убиство. Зашто поединци заради блудница се тепаат до смрт, како што заради Таиса, египетска блудница со преубаво лице, многумина се карале и се тепале, пролевајќи ја својата крв на прагот од нејзиниот дом.

И сите внатрешни душевни богатства пропаѓаат кога човек паѓа во блудните страсти. Него го изневерува сеќавањето, разумот му се помрачува и слободната волја почнува ропски да им служи на неговите страсти. Кога со него ќе завладее овој грев, на кој тој веќе се навикнал, таквиот човек прави она што не сака (Рим. 7, 19). Сите оние добри и богоугодни дела, со кои се заслужува спасението, во таквиот човек слабеат и се претвораат во спротивното, во пороци.

Но, најголемата загуба за христољубивата душа се состои во лишувањето од Божјата благодат, зашто, ако не се покае, таа го напушта и за него станува невозможно восиновувањето на Бога, наследувањето на Царството Божјо, дружењето со ангелите и општењето со светиите, вечното соцарствување со Христа и силно посакуваното гледање на Бога лице в лице, во Кого се наоѓаат сета радост и веселие, сето блаженство и наслада за Божјите светии. На крајот, тој ќе биде казнет и со вечни маки, неизгаслив оган и неуморен црв, со адска темнина и тартар, од кои и самиот сатана се тресе. Меѓутоа, тој сето ова, бидејќи е слепец, не го гледа и не сака да го види, не го разгледува, не расудува и не се штеди себе си, подготвувајќи си, на тој начин, лути маки за себе.

Тогаш излеа Господ на Содом и на Гомор од небото дожд од сулфур и оган од небото (1 Мој. 19, 24)... Овие камења што паѓале од небото бил огнен сулфур. Навистина тешка казна, бидејќи сулфурот гори повеќе од било која друга материја, гори со ужасен пламен, а воедно испушта и неиздржлива смрдеа. Така се испоставило дека оваа казна му одговара на содомскиот смрдлив грев: за плотското распалување - оган, за смрдеата на гревот - смрдеата на сулфурот.

Содомската Земја личела на Рајот Божји, како и Јорданската, се додека Содомјаните не го разгневиле Бога и не ја навлекле на себе и на целата земја Божјата казна, како што е напишано: Тогаш Лот Ги крена оните свои и ја виде целата околина Јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомор, целата се до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата Египетска (1 Мој. 13, 10). А кога ја стигнал гневот Божји и кога Господ испратил оган на грешниците и ги уништил, целата нивна земја е претворена во пустина. И како што порано била слична на рајот по својата убавина и изобилство на плодови, така после тоа станала слична на адската земја - грда, јалова, мрачна и отровна. Да се плашиме, луѓе, ние кои сме дрски и без страв го гневиме Бога со своите гнасни гревови и беззаконија, да не не стигне и нас казната Божја! Ке не стигне сигурно, ако не се покаеме. Ако во овој век ја избегнеме казната, во следниот нема зашто гревот што не е очистен со покајание нема да остане без казна ни во минливиот ниту во вечниот живот.

Разурнатиот Содом претставува слика на нашата душа. Како што тој пред конечниот Божји гнев личел на рајот, а потоа, кога заради гревот ја изгубил Божјата милост и кога бил изложен на казна, станал сличен на пеколот, загушлив, смрден, пуст, безводен и бесплоден, така и нашата душа пред својот разврат и пред облекувањето со гадости е како рајот: Бог во неа живее, Светиот Дух во неа почива, светите ангели ја чуваат, реките на благодатта Божја ја напојуваат, духовните плодови се умножуваат. Но, штом падне во јамата на гревот и не се потруди да излезе од неа, туку почне што подлабоко да паѓа од грев во грев, таа почнува да личи на пеколот: Бог заминува од неа, Светиот Дух се натажува, ангелите се свртуваат од неа и се сушат реките на благодатта Божја, пропаѓаат духовните плодови и таа станува неплодна, се гуши од гревовната смрдеа и во себе го зголемува пламенот на гревовните похоти. Душата е блажена само заради тоа што за неа е можно (што за Содом веќе не е можно), ако сака, од пеколниот срам, преку покајанието, повторно да се врати во рајската убавина."

ПРЕЉУБА

Прељубата е грев на неслободен со неслободна, односно на маж што има законска жена со жена што има свој маж или пак на слободен (неженет) со зафатена (омажена), или обратно. Прељубата е повреда и сквернавење на туѓата и на својата брачна постела. Ако двете лица не се слободни, тогаш и двајцата истовремено ја осквернуваат и својата и туѓата постела, не чувајќи ја во својот законски брак верата и љубовта, престапувајќи ја границата на законот. Затоа гревот на прељубата подлежи на поголема осуда отколку гревот на блудот.

Падот на ваквите луѓе претставува голем и тежок грев, кој не само што ја содржи тежината и гнасотијата на блудот, туку го навредува и законскиот брак, го сквернави и го ожалостува Творецот и Законодавецот, Бога. Прељубата го разделува она што Бог го составил, го расекува на половина едното тело и нанесува навреда на тајната на бракот. Заради тоа гревот на прељубата е двојно поголем од гревот на блудот и вината за неа е поголема од овој другиот, бидејќи блудот осквернува само две слободни лица - блудникот и блудницата, а прељубата се однесува на четворица: таа осквернува две лица, а други две навредува. Затоа свети Василиј Велики за блудникот определува епитимија, му забранува причестување 7 години, а на прељубникот 15 години (види, Номоканон, 58. и 59. правило). А свети Јован Златоуст смета дека прељубата е поголем грев од разбојништвото, зашто не страдаме толку многу кога ни го крадат нашиот имот, како кога ни се поткопува бракот (беседа на Посланието до Солуњаните, 4, 6). За ирељубата во Стариот завет не било предвидено помилување и опростување, и со никакви жртви не можела да биде очистена, затоа и не се споменува во книгата Левит, во која се опишува какви жртви треба да се принесуваат за очистување и што следи потоа. За прељубата следела смртна казна и на никој начин овој грев не можел да се искорени и очисти во Божјите луѓе, освен со смртна казна (3 Мој. 20, 10;5 Мој. 2, 22)

Прељубата, дури и ако не е откриена, е следена со постојано внатрешно мачење и грижа на совест; внатрешниот црв постојано гризе, разобличува, исцрпува и доведува до очајание. Ако се открие прељубата, после неа следи голем срам, нескротлива лутина на мажот чија чест е освернета, гнев на жената од оној што згрешил и достојна казна по праведниот суд.

Гревот на прељубата, меѓу сите народи, строго се казнувал со лути казни или со маки. Опилиј, римскиот цар, наредувал прељубниците да се врзат и заедно да се фрлат во оган. Август, Тивериј, Домицијан, Аурелиј и Север за прељубата ја одредиле следната казна: треба да се спуштат врвовите на две дрва, за нив да се врзат нозете на виновниците и тогаш да се пуштат. Така, телото на грешникот или грешницата се распарчувало на делови. Други римски цареви им дозволувале на мажите, без никаква казна, да ги убијат жената и прељубникот, ако ги затекнат како грешат. Старогрчкиот цар Сенадиј издал закон, со секира да се отсечат главите на мажот и на жената затекнати во прељуба. Саксонците ја принудувале прељубницата сама да се обеси, а нејзиниот труп го палеле и го врзувале прељубникот над овој оган. Египќаните прељубникот го тепале со железо, нанесувајќи му илјада рани, а на прељубничката и го отсекувале носот. Куманите голата жена ја ставале на магаре, ја воделе низ целиот град и ја тепале. Бразилците таквите жени или ги убивале или ги продавале како робинки. На други места на жените им ги отсекувале носовите и ушите, а на мажите органите за прељуба. Постоеле и многу други лути казни за прељубниците во различни земји.

Денес, помеѓу христијаните, таквите гревови се многубројни, но за нив со световните закони не е предвидена никаква казна. Воопшто, овој грев сега слабо се казнува, само Праведниот Судија ќе казни за него во идниот век.

Од каде потекнуваат сите овие големи несреќи што ни се случуваат на сите страни? Заради нашите гревови не тепа Божјата одмазда, а ние не сакаме да ја спознаеме својата вина и да се покаеме.

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 

 

 

 

  Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная