логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


архимандрит Георгиј Капсанис

ЦРКВАТА – МЕСТО ЗА ОБОЖУВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ
/од книгата: “Обожувањето како цел на човечкиот живот”/

kapsanis.jpgОние кои сакаат да заедничарат со Христа и преку Исус Христос со Бог Отецот, знаат дека ова единство се остварува во Телото Христово, кое е нашата Света Православна Црква. Секако, не единството со Божествената суштина, туку со обожената човечка природа Христова. Ова единство со Христа не е надворешно, ниту е просто етичко.Ние не сме следбеници Христови како што некои луѓе следат некој философ или некој учител. Ние сме членови на Телото Христово – Црквата. Црквата е Тело Христово вистински, а не етички, како што погрешно пишувале одделно теолози кои биле неутврдени во духот на Светата Црква. Христос нас не прифаќа без оглед на нашата достојност или грешност и не вотелотворува во Телото Свое. Чини од нас Свои органи. И така стануваме органи на телото Христово сериозно, а не етички. Како што пишува светиот апостол Павле: “бидејќи ние сме членови на Неговото тело - од Неговата плот и коските Негови” (Еф.5,30).
Секако, во согласност со духовната состојба во кое се наоѓаат христијаните, едните се живи членови на телото Христово, а другите мртви. Но, и тие кои се мртви не престануваат да бидат членови на Телото Христово. На пример,  некој кој  е крстен станал соработник на Телото Христово. Ако не се исповеда, ако не се причестува, ако не живее духовен живот, таквиот е мртов член на Телото Христово. Тогаш кога ќе се покае веднаш го прифаќа божествениот живот кој доаѓа, и тој станува жив член на телото Христово. Таквиот не треба повторно да се крштева. Оној кој не е крстен не е член на Телото Христово, дури и ако според човечките мерки живее морално. Потребно е да се крсти за да стане член на телото Христово, за да се вотелотвори во Христа.
Значи, кога веќе сме станале членови на Телото Христово, нам ни се нуди животот Христов и тој станува наш сопствен. Така се оживотворуваме, спасуваме и обожуваме. Не можеме да се обожиме ако Христос од нас, не направи сотелесни на Неговото свето Тело.
Не можеме да се спасиме ако нема Свети Тајни во Црквата наша, кои нас н# сотелотворуваат со Христа, и кои нас н# чинат, според Светите Отци, сотелесни и еднокрвни () на Христа. Колку е тоа голем дар, да заедничариме во непорочните Христови Тајни! Христос станува наш, животот Христов станува наш сопствен, Крвта Христова станува наша сопствена. Заради тоа, свети Јован Златоуст ќе каже, дека Бог на човекот нема дам у даде ништо повеќе од она што му дава во Светата Причест. Ниту човекот ќе може Што повеќе да бара од она што го прима од Христа во Светата Причест.
Значи, крстени, миропомазани, исповедани се причестуваме со Телото и Крвта Господова, и стануваме и ние богови по благодат. Соединувајќи се со Бога, ние веќе не сме гости, туку Негови домашни.
Во Црквата, во која сме со Бога соединети, живееме нова реалност која Христос ја донесе во светот, нова твар. Ова е животот во Црквата, животот Христов кој станува наш сопствен како дар на Светиот Дух. 
С# во Црквата води кон обожување. Светата Литургија, Тајните, богослужењето, благодатта на Евангелието, постот, с# кон тоа води. Црквата е единствено место на обожувањето.
Црквата не е некоја општествена, политичка или историска установа која може да личи на другите установи во светот. Таа не е како различните институции во светот. Светот можеби има прекрасни институции, прекрасни организации, прекрасни установи и други прекрасни работи. Меѓутоа, нашата православна Црква е неповторливо и единствено место на заедница на Бог со човекот, место на обожување на човекот. Само внатре во Црквата човекот може да стане бог, и никаде на друго место. Ниту на универзитетите, ниту во општествените установи, ниту во било што добро и прекрасно што светот го има. Сето ова, иако е добро не може да го подари она што го дава Црквата. Заради тоа, дури и ако светските системи и институции напредуваат, тие никогаш не можат да ја заменат Црквата.
Можно е ние, немоќните и грешни луѓе привремено да создаеме кризи и потешкотии во Црквата. Можно е да се случат и соблазни во крилото на Црквата. Сето ова се случува затоа што во Црквата сме во искачување кон обожувањето и сосема е природно да постојат човечки слабости. Стануваме, ама сеуште не сме богови. Дури и кога ќе се случи нешто такво (соблазни, заб.прев.) никогаш не треба да побегнеме од Црквата, бидејќи во Црквата имаме единствена можност да се соединиме со Бога.
На пример, кога одиме во храмот на богослужба, можеби ќе сретнеме некои кои не внимаваат на светата богослужба, и кои меѓусебно зборуваат, и можеби тоа ќе ни го одвлекува вниманието и ќе не наведе на помислата која ќе ни зборува: “што добиваш со тоа што си дојден в Црква. Не беше ли подобро да си седиш дома каде што имаш повеќе мир и услови за молитва?”. Тогаш, потребно е на лукавиот да му го одговориме со смирение следново: “Да, секако ќе имав повеќе надворешен мир во сопствениот дом, но ќе ја немав благодтта Божја кој ме обожува и осветува. Ќе го немав Христа, Кој е присутен во Својата Црква. Ќе го немав Светото Тело и Светата Крв Негова кои се наоѓаат во Неговиот Свет Храм, на Светата трпеза. Немаше да бидам учесник на Тајната вечера на Светата Литургија. Ќе бев отсечен од моите браќа во Христа, со кои заедно го чиниме Телото Христово”.

превод: ѓакон Горан Стојчевски

Друго:

ГЕОРГИЈ КАПСАНИС - ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА И РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

Др. Георгиос Капсанис - Соединување на црквите

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная