логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer23.Bludniot.sin

Господ  му се обраќа на човекот.


Сине, дали некогаш си размислувал дека сѐ што допира до тебе, истовремено допира и до Мене, бидејќи сѐ што се однесува на тебе, се однесува на зеницата од Моето око. Ти си скапоцен во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа Мене Ми е особено задоволство да те воспитувам.


           Кога искушенијата ќе се појават и непријателот ќе надојде како река, знај дека тоа доаѓа од Мене, дека твојата немоќ чувствува потреба од Мојата сила, и дека си сигурен само тогаш кога Јас се борам за тебе. Ако се наоѓаш во тешки ситуации, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа дали ти е пријатно, кои те отфрлаат, тоа доаѓа од Мене. Јас сум Богот Кој управува со околностите. Ти неслучајно си се нашол на своето место. Тоа е токму она место кое Јас ти го одредив. Ме молеше да те научам на смиреност, па еве, види: те ставив во онаа средина, во она училиште, каде што се учи таа лекција. Твоето опкружување и луѓето кои живеат со тебе, само ја исполнуваат Мојата волја. Ако се наоѓаш во кусок од пари, тешко врзуваш крaј со крај, тоа доаѓа од Мене, затоа што Јас располагам со материјалните средства. Јас сакам Мене да Ми се обраќаш и да зависиш од Мене. Моите резерви се неисцрпни. Јас сакам да се увериш во Мојата верност и вистинитоста на Моите ветувања, за да не се случи, во твојата неволја, да ти речам: „Вие не верувавте во Господ вашиот Бог“ (5 Мој. 8, 12-13). Ако ја преживуваш ноќта на болката, ако си одвоен од твоите ближни, тоа доаѓа од Мене. Јас сум Утешителот и Исцелителот на болестите, Јас го допуштив тоа за Мене да Ми се обратиш и во Мене да ја пронајдеш вечната утеха.
            Ако си се разочарал во својот пријател, во некој кому си го открил своето срце, тоа доаѓа од Мене. Јас допуштив да се разочараш, за да покажеш дека Господ е твојот најдобар пријател. Некому мораме да му го поклониме срцето, но ако го поклониме некому на земјата, сите можат да нѐ повредат.
Јас сакам сѐ да Ми принесуваш и да Ми се доверуваш. Некој те наклеветил. Таа работа препушти Ми ја на Мене, на своето прибежиште, за да се ослободиш од лошиот јазик. Јас ќе ја изнесам твојата вистина на светлината од денот и ќе ја докажам твојата невиност.
           Ако твоите планови се срушиле и си паѓал со душата и телото, тоа доаѓа од Мене. Ти правеше планови и Ми ги кажуваше за Јас да ги благословам, но Јас сакам да Ми се препуштиш за да раководам со околностите во твојот живот. Тогаш одговорноста за сѐ ќе падне на Мене, затоа што таа е премногу тешка за тебе и самиот нема да можеш да излезеш на крај со неа.
Ако неочекувано те снашле животни неволји и ако тагата ти го исполнила срцето, знај, тоа доаѓа од Мене. Јас сакам твоето срце и твојата душа секогаш да бидат огнени пред Моите очи и со Моето име да ја победуваш секоја малодушност. Ако веќе подолго време не добиваш вести од оние кои ги сакаш, па паѓаш во малодушност, очај и негодуваш, тоа доаѓа од Мене. Преку страдањата на твојата душа, Јас ја испитувам силата на твојата вера во Моите ветувања и силата и моќата на твојата молитва за ближните, бидејќи ти нив не ги препушти на покровот на Мојата Пречиста Мајка, ниту на Мојата татковска грижата и љубов кон нив.
           Ако си тешко болен од минлива или неизлечива болест, па си прикован за постелата, знај дека тоа доаѓа од Мене. Јас сакам, во својата телесна немоќ, уште полабоко да Ме запознаеш. Сакам да не негодуваш заради тоа што ти е пратено искушение и да не ги испитуваш Моите непроценливи планови за спасението на човечките души, туку со доверба да Ми се препуштиш и да дојдеш под Мојата закрила.
         Ако си размислувал да направиш некое дело заради Мене, а наместо тоа си паднал во постела и си изгубил сила, знај дека тоа доаѓа од Мене. Кога беше презафатен со своите обврски, и твоите мисли беа далеку од Мене. Потсети се дека некои од Моите најдобри соработници се оддалечија од светските работи за во мир да научат да се молат непрестајно. Ако неочекувано си повикан да заземш некоја тешка и одговорна положба, оди, прифати ја, и потпри се на Мене. Јас ти ја доверувам таа задача, бидејќи затоа те благословил Господ Бог во сите твои дела, во сѐ што ќе правиш со своите раце.
          Денес ти го давам овој сад со елеј, совет од Светата Живототворна Троица. Дете мое, слободно употребувај го. Секоја тешкотија што ќе се појави, секој навредлив збор што ќе го примиш, секоја пречка во твојата работа која може да те натажи и обесхрабри, секоја своја немоќ и неспособност  - освети ги со овој елеј. Помни дека секоја неволја е Божја поука, можност нешто да научиш. Секоја острина ќе отапи за да не се повредиш. Затоа во своето срце втисни ги зборовите кои денес ти ги објавив – тоа доаѓа од Мене. Затоа што ова за тебе не се само зборови, туку твој живот!


Блажен Серафим Роуз.




Избор од фб профил на Оливера Соколова Македонска is with Архангел Михаил

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2035
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2055
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 501
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная