“ Светоотечкото учење за болката на срцето претставува едно од најважните учења за нашето време, во кое, интелектуалното знаење толку многу се пренагласува на сметка на правилниот душевен и духовен развој. Токму и првенствено поради недостаток на ова суштинско искуство, денес, многумина се бават со изучување на Светите Отци на дилетантен, тривијален и несериозен книшки начин. Без ова искуство човекот не може да го примени учењето на Светите Отци во својот сопствен живот.
Човекот може да достигне многу високо ниво на разумско познавање на Отците, може да ги има ' во малиот прст' сите можни наводи за секое прашање што може да се замисли, може да има 'духовни искуства' коишто изгледаат како оние опишани во отечките книги. Тој може совршено да ги познава сите замки, во коишто може да се пропадне во духовниот живот, па сепак, и покрај тоа, без болката на срцето, тој останува како онаа неплодна смоква, здодевен сезнајко, кој е секогаш ' во право' , или пак стручњак за сите денешни 'харизматични' искуства, кој, ниту го познава , ниту пак може да го пренесе вистинскиот дух на Светите Отци.“
- Отец Серафим Роуз
Извор од фб профил на
Monika Nikolova