логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

о. Горан Стојчевски
ИЛИ СИ, ИЛИ НЕ СИ



„Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како што Јас ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици – ако имате љубов меѓу себе„ (Јн. 13, 34-35).

"Пријателите на Христос срдечно ги љубат сите, но не се љубени од сите. А пријателите на овој свет не ги љубат сите и не се љубени од сите. Пријателите Христови ја чуваат докрај постојаноста во љубовта; пријателите од овој свет ја чуваат дотогаш, додека помеѓу нив не започне кавга заради нешто од светот." - свети Максим Исповедник

Дадов ветување во еуфорија без да ги земам в предвид можностите и промашив, задоцнив со текстот, сестри проштевајте. Темата е свети Максим Исповедник за кого сум чул на часовите по Патрологија и за неговото дело „Четиристотини глави за љубовта„, светиот отец достигнал обожение и затоа напишал дело за љубовта. Љубовта е денес е збор со кој многу се манипулира особено во христијанските и црковни средини, па секој збор прифатен од умот излегува од длабочините на срцето и токму зборува за нас, кои сме, до каде сме и какви сме. Да би исповедале љубов ние нема да робуваме на разно разни светски суети, кои оттуѓуваат личност од личност, собор од собор, затоа што не е втемелено на Крсната Христова љубов, и така оттуѓени еден од друг, заедница од заедница можеме до утре да зборуваме и пишуваме за љубовта, но сме робови на страстите. Да би се обиделе со четиристотини Исусови можеби, велам можеби би ја имале Христовата љубов, оти ако не сме сконцентрирани на она:.. помилуј ме мене грешниот, и илјадници да каже човекот, бадијала е. Љубовта се вкусува правопропорционално со благодатта, но одговара на степенот на обожение. И искрено да ви кажам, не верувам на ниеден напис за љубов освен од оние кои се обожиле, а тоа се спознава ако разбереме и сфатиме дека треба да поставиме почеток на милоста Божја, преку спознанието на сопствената грешност, а не на туѓата. Неколку пати е напишано и кажано дека верата одоговара на очистувањето на срцето од страстите, надежта на просветлувањето на умот, а љубовта на обожението, исто е со степените на ерархијата во Црквата, исто и за напредувањето во аскетско-литургискиот живот кон целта - единството со Бога во Христа, со ближниот и светот преку благодатта на Светиот Дух во слава на Отецот Небесен. Не ми треба љубов, како емоција, како збор, ми треба Христос, за да знам што е љубов, а за тоа треба да се носи крстот, таму се распнати страстите и се раѓа и живее љубовта.

Живееме во време кога низ православниот свет е сè некако испомешано, од едноставноста на христијанството во апостолско време, до привилегираноста во Византија, потоа во Русија, потоа губењто на привилегиите, до сега веќе губењето на едноставноста, а барање на привелегиран статус во општества (секако и нашето) кои сега воопшто и не се христијански, иако се изградени на христијанска основа. Единствената нитка што го спојува раздвоеното во Црквата е исповедањето на верата, а чиста вера во оваа испомешаност, своевремено како и свети Максим Исповедник може да ја имаат само оние кој го стекнале дарот на Светиот Дух, оние кои својот личен однос го изградиле на темелите од исихастичкото предание на Црквата, кое ja чисти сета налепена мешавина и ja враќа едноставноста на верата без да биде скандалозно отстрането сè што се налепило како непотребно во Црквата. И нашите парохии ако ги погледнеме се Црква на живи конкретни личности кои имаат благослов за редовно причестување резултат на Преданието на Црквата кое го зачувало монаштвото, иако соборот не го чинат при најблискиот парохиски храм, но сепак се собираат на едно и исто место за да принесат благодарење и да се причестат, со што е запазен евхаристискиот ред, иако би можеле да идеализираме дека сите или барем повеќето парохјани треба да дојдат при најблискиот храм каде што живеат и за секоја потреба да бидат во релација со својот парохиски свештеник. Не би сакал да зборувам за аномалиите кога се избира свештеник за духовно раководство, па се бараат „надлуѓе„ со „надприродни„ способности,оти најважно е да се избере свештеник за да се направи исповедта како прв чекор, и верникот од парохискиот свештеник да биде насочен согласно силите на покајанието на пост, молитва и Причест, и на тој начин да се воспостави личен однос во кој ќе делува Самиот Христос, токму тоа е целта секој крстен да се користи со Светите Тајни во Црквата, да се очистува, просветлува и обожува преку благодатта дадена во Тајните на Црквата.

Кратко кажано, но не и лабаво, од Миланскиот едикт па наваму, дури и златниот патристички период не би бил златен без монаштвото кое секогаш било чувар на чистата вера, иако само точно мал, но добро распореден дел отци во Црквата нè отрезнувале од забеганоста т.е. поистоветувањето на христијанството со државата и политиката и секуларизмот. Судирот на св. Максим Исповедник со императорот Ираклиј доволно сведочи за тоа дека чистото вероисповедание не кореспондира ниту со државната, па ниту и со црковната политика , туку израз на присуство на Светиот Дух во обожени личности, кои во прво време го „нервираат„ црковниот и политичкиот со телогијата на Животот, и биваат прогласени за еретици, а потоа биваат подложени на маки, но во овој случај не страдаат од незнабожечки император и жреци, туку од собраќа. Ете, ја едноставноста на верата во апостолскиот и маченички период на Црквата пројавена во личноста на монахот Максим. Во моментот кога Ираклиј ја дава титулата со која до ден денешен се воспева моќта на Византија, цар над царевите, царува над царствата, и воведува грчки четири В испишани над рабовите на Крстот, што подоцна се одразува во фејкот - четири С, издадено е Изложувањето на верата или Ектесис со кое тогашниот Констатинополски патријарх заедно со императорот ја наложуваат монотелитската ерес. Вакви примери за жал има и денес, особено оние кои ја застапуваат „вселенската„ ерес, дека само признаени цркви ја имаат благодатта, а дека другите и покрај православното исповедание ја немаат, оти овие првите спроведуваат државно-политички цели, ете слично, ако не и исто како случајот на патријархот Сергиј, императорот Ираклиј и свети Максим Исповедник, еретици да обвинуваат за ерес и тоа со црковен и државен проглас. По, Ектесисот кој паднал на Картагинскиот собор (647 г.) со делувањето на преподобниот Максим во Африка, следел Образецот на верата или Типосот, повторно од патријархот, но сега Павле и императорот Констанс Втори со кој се забранува секаков вид на расудувањето и за монотелитството и за православието, слично, ако не и исто како и денес, нема да се зборува ниту за ереста на етнофилетизмот, ниту за деспотските непотребни привилегии превземени од империјалниот период или национално-монархискиот од 19 век изразени во богослуженијата и исклучителното екс катреда делување, но исто така никако не смее да се зборува дека и тоа е ерес, бидејќи се водиме во графата вселенски признаени и силни православни помесни катедри благодарение на политичкиот распоред. Светиот римскиот патријарх Мартин Први,  заедно свети Максим Исповедник и 105 епископи од Запад и 37 од Исток го осудиле за ерес монотелитскиот образец на верата на патријархот Павле и царот Констанс Втори, т.е. монтелитството за ерес на Латеранскиот собор (649 г.), а разврската после пет години е заточение на папата под обвинение дека соработува со тогашниот непријател на царството, Сарацените, и пратен со гладување во прогонство, а преподобниот исто така обвинет за предавство кон земната татковина е затворен каде му е отсечен јазикот и десната рака,  и денес тоа е можно ако се држиш до светоотечкото исповедање на верата да те прогласат за државен непријател. Шестиот (Трулски) вселенски собор (680/81 г.) ја потврдува одлуката на Картагинскиот и Латеранскиот собор, ја признава теологијата на преподобниот Максим Исповедник и го осудува монотелитството за ерес. Можеби не сето монаштво, можеби не голем број од нив, но сепак можеби и само еден во генерацијата што го добил дарот на Светиот Дух, дарот на молитвата и љубовта, или како што вели светиот апостол Павле, благодат врз благодат е избраниот сад, свеќникот што свети, солта и ловецот... кој сведочи и го чува светотечкото исповедание на Христовата вера, правоверно на обожението кое го стекнал. Тоа се случило со Преданието кое го примил и свети Максим, од кое најмногу примил и пренел свети Симеон Нов Богослов, а потоа и свети Григориј Палама и понатаму до денес.

Монотелитството не се развило како ерес како и претходните ереси на Црквата, туку е еден вид политички производ накалемен на монофизитството со цел да се направи помирување на православните и монофизитите заради политичко влијание во Египет, Ерменија и Сирија при судир со Персија, а потоа и со арапските (веќе во тој момент, и мухамедански) напади. Ова може да ни послужи и денес во ереста (ерата) на етнофилетизмот, дека следењето на државните и геостратешки политички цели се спротивни на литургиското и православно устројство и учење и Предание на Црквата што остава и цели народи надвор од литургиското и Духоносно: да се сакаме еден со друг и едномислено да исповедаме...Еден е Свет, Еден е Господ, Исус Христос во слава на Бога Отца. Да не заборавиме дека монофизитството остави народи надвор од Црквата не толку како упорно следење на  монофизитската ерес, туку и како отпор кон грчко-римскиот свет и неговата политика во кој не се вклопуваше јазикот, културата и однесувањето на народите кои сепак ја сакаа онаа едноставна вера која ја примиле од апостолите и ја живееле, а која по Миланскиот едикт влезе во еден друг начин на суштествување на Црквата во историјата на светот, со многу државни привилегии втемелени на елинската философија и римското право. Монаштвото во Црквата постана тој чувар на едноставната православна вера во истиот миг, кога христијаните веќе не беа гонети од државата и влегоа во неа. Ние како народ, знаеме слава на Бога, дека благодарејќи на мисијата св. Кирил и Методиј колку е опасна ереста која се негува заради овосветски интереси, оти сонцето свети за сите, дождот е пратен подеднакво за сите, не само оние кои се сметаат за први, туку да почнат да се сметаат ако не за најмали слуги, барем онака како што доликува на христијанската култура, еднакви и поеднакви со сите кои првославно исповедаат по молитвите на свети Максим Исповедник. Исповедањето на верата не е поврзано со знаењето на богословието и догматите во умот, туку и со покајничкото живеење во срцето според Христа кое сведочи за непроменливата умносрдечна богооткриена вистина која непрестајно тече и преобразува.


П.С. Или си како што треба, или не си (човек, христијанин, исповедник, православен) порачува преподобен Максим.
*монотелитство – ерес која прифаќа само една (Божествена) волја и едно дејство при двете природи (Божествена и човечка) во Личноста на Богочовекот Христос, осудена од Шестиот вселенски собор кој одлучил: Во Исуса Христа има две природи – Божествена и Човечка, а исто така и две волји – Божествена и Човечка, така што втората и се покорува на првата.
*монофизитство – ерес која прифаќа само една (Божествена) природа во Личноста на Богочовекот Христос, осудена од Четвртиот Вселенски Собор кој одлучил: Христос е воплотениот Син Божји и Логос, една Личност со две природи: божествена – со која е едносуштен (со иста суштина) на Отецот, и човечка по Воплотувањето – со која станал едносуштен со нас.

 

Извор: ПРЕМИН бр.129/130

Лето Господово 2018

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная