Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество, кога го прими чинот на мироносица, пред погребението, Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта на невоздржувањето и блудот, и мрачната љубов кон гревот ме обзема. Прими ги потоците од моите солзи,
Ти; Кој од облаци ја произведуваш морската вода. Приклони се кон моите срдечни воздишки,
Ти, Кој ги приклони небесата со Твоето снисходење, за да ги целивам Твоите пречисти нозе и пак да ги избришам со косата од мојата глава - нозе, од кои Ева, кога во рајот го слушна нивното чекорење, со страв се скри.
Кој ќе ги испита мноштвото мои гревови и бездната на Твоите судови! Спасителу на душата моја, Кој имаш неизмерна милост, не презирај ме мене, Твојата слугинка.
Подготви:Т.С.
12-ти април лето Господово 2017