логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

16191.p

Отец Јован

За првпат го видов архимандритот Јован (Крестјанкин) во 1982 година, кога дојдов во Псково-Печерскиот манастир. Тогаш, мислам, тој не ми остави некаков посебен впечаток: многу добро старче, доста силно (тогаш тој имаше само седумдесет и две години), кое вечно брзаше некогаш, дури суетно, постојано опкружен со толпа од поклоници. Други жители на манастирот изгледаа многу построго, поаскетски и дури подобро.

Обично, пред почетокот на вечерната богослужба, од братскиот корпус на Псково-Печерскиот манастир пролетуваше чудна поворка. Младиот манастирски економ , отец Филарет, фаќајќи го под рака отец Јован, речиси со трчање го влечеше со себеси, така што тој едвај успеваше да го стигне својот келијник. После нив брзо се упатуваше толпа од поклоници, кои го пречекуваа отец Јован на улица. Така, сите заедно, тие минуваа преку манастирскиот двор. Монашките мантии и клобуци се развеваа, отецот некогаш и се сопнуваше, и се задишуваше од трчање, сепак набрзина трудејќи се да благослови некого од поклониците, па дури и да одговори на некои прашања. Отец Филарет на тоа страшно се лутел, и викал со својот проникнувачки фалсет де на отецот, де на поклониците, а некогаш дури и ги бркал со чадор. Конечно, го протуркувал отец Јован во храмот и побрзо го одведувал во олтар.
Треба да се каже, дека тоа економот воопшто не го правеше заради злоба, а затоа што во ладното време од годината, отец Јован брзо настинувал надвор. Кога пак било топло, отецот ризикувал и воопшто да не стигне до храмот: луѓето не го отпуштале буквално со часови.
Ние со другарите – искушеници, од ден на ден гледајќи ја таа слика, се смеевме од срце, додека со тек на времето до нас не почна да доаѓа, дека отец Јован, кој толку комично заостануваше зад лутиот манастирски економ, всушност – е еден од многу малкуте луѓе на земјата, за кои се поместуваат границите на просторот и времето, и Господ им дава да ги видат минатото и иднината, како сегашност. Ние со изненадување и не без страв се убедивме на сопствен опит, дека пред тоа старче, кого недобронамерните подбивно го именуваа „доктор Ајболит“, човечките души се откриваа со сите нивни скриени тајни, со најскришните стремежи, со усрдно скриваните тајни дела и мисли. Во древноста таквите луѓе ги нарекувале пророци. Кај нас во Православната Црква, тие луѓе ги именуваат старци.
Самиот, отец Јован, никогаш не се нарекуваше старец. А кога му велеа нешто такво, само во ужас ќе плеснеше со рацете: „Какви старци?! Во најдобар случај, ние сме опитни дедовци“. И до крајот на животот, според неговото длабоко смирение, тој беше искрено уверен во тоа. Впрочем, исто како и многумината, кои што го познаваа отец Јован, и беа убедени, дека во неговото лице Господ им испратил вистински старец, кој ја знае Божјата волја.

ioann

Да, тоа беше најважно! На отец Јован му се откриваше Божјата волја за луѓето. Тоа ние исто така го сфативме, само далеку не одма. Отпрвин ни се чинеше дека отецот е едноставно стар и многу мудар човек. И имено по таа прочуена „мудрост“ кај него и доаѓа народ од сите краишта на Русија. И дури подоцна, со зачудување ни се откри, дека сите тие илјадници луѓе од отец Јован воопшто не очекуваа мудар совет.
Советници со човечки опит на светов има многу. Но луѓето кои се појавуваа пред отец Јован, како правило, во најтрагичните, пресвртни моменти од својот живот, сакаа да слушнат, не за тоа како да постапат мудро, а како да постапат единствено правилно. Кратко речено – имено со тоа познавање на волјата Божја – старецот и се разликуваше од сите останати луѓе. Дури и од прославени мудреци, интелектуалци-богослови, дури и од најпрекрасните опитни свештеници.
Се сеќава, уште додека бев сосема млад искушеник, кај мене дојде еден од поклониците, од москва, и ми кажа една случка, на која штотуку бил сведок. Отец Јован, како и секогаш, опркужен од многу луѓе брзал по манастирскиот двор кон храмот. Наеднаш кон него се фрлила некоја расплакана жена со тригодишно момче на рацете.
– Батјушка, благословете го детето да се оперира! Лекарите бараат итно да се оперира, во Москва…
Отец Јован застанал и ú рекол на жената такви зборови, кои едноставно го потресиле поклоникот од москва:
– Во никој случај! Тој ќе умре на операционата маса. Моли се, лекувај го, но операција не прави во никој случај. Ќе оздрави.
И го прекрстил младенецот.
Ние седевме со поклоникот и исамите се плашевме од своите помисли. А ако отецот згрешил? Што ако детето почине? Што ќе направи мајката со отец Јован, ако се случи тоа?
Ние секако, не можевме да го обвиниме отец Јован за вулгарно противење на медицината, кое се среќава, иако многу ретко, во духовната средина. Знаевме многу случаи кога тој благословуваше, а често и настојуваше на хируршки операции. Меѓу неговите духовни чеда имаше познати лекари.
Со страв чекавме да видиме, што ќе се случи потоа. Ќе се јави ли во манастирот мајката убиена од тага, и ќе направи страшен скандал, или сè ќе буде имено така, како што претскажа отец Јован? Судејќи според тоа што отецот како и порано мирно го продолжуваше својот секојдневен пат меѓу храмот и келијата, ни остана само да заклучиме, дека старецот, давајќи толку решителен совет, цврсто знаеше што зборува.
Доверба и послушание – главното правило во општењето меѓу православниот христијанин и неговиот духовник. Секако, далеку не кон секој духовник може да се пројави целосно послушание. А и такви духовници се единици. Тоа, всушност е сложено прашање. Се случуваат трагедии, кога неразумни свештеници започнуваат да се замислуваат дека се старци и притоа заповедаат, самонадежно наредуваат, и на крај, извршуваат нешто апсолутно недозволиво во духовниот живот – ја задушуваат слободата на своите духовни чеда.
Отец Јован никогаш не диктираше, и не ја наметнуваше својата волја. Тој бескрајно ја почитуваше човечката слобода и се однесуваше кон не со некакво особено благоговение. Отецот беше спремен да наговорува, да советува, спремен беше дури да моли за исполнување на тоа, што како што тој знаел, е неопходно за човекот кој се обратил кај него. Но ако тој упорно си стоел на своето, отецот обично воздивнувал и велел:
– Тогаш, што да се прави, пробајте. Правете како што знаете…
И секогаш, колку што мене ми е познато, тие, што не ги исполнуваа советите на отец Јован, на крај горко се раскајуваа за тоа. Како правило, следниот пат тие доаѓаа кај отецот веќе со цврста намера да го исполнат она што ќе го каже. А тој со истото сочувство и љубов ги примаше тие луѓе, не жалејќи го ни времето ни силите за нив, и на секој начин се трудеше да ги исправи нивните грешки.
Настанот со момчето и операцијата, ми напомна на еден сличен случај, кој се случи после десет години. Но, тој сосема поинаку се заврши.
Во тоа време, живееше во Москва една необично интересна и своеобразна жена – Валентина Павловна Коновалова. Изгледаше, како да слегла од платното на Кустодиев – вистинска московска жена на трговец. Таа беше шеесет годишна вдовица и директор на голема база за продукти на проспектот Мир. Крупна, полна, Валентина Павловна обично торжествено седеше зад својата голема канцелариска маса, во својата канцеларија. Насекаде по ѕидовите, дури и во најтешките советски времиња, кај неа висеа доста големи книжни репродукции на икони во рамки, а на подот под масата за пишување имаше огромна најлонска вреќа, полна со пари. Со нив Валентина Павловна располагаше како што мислеше – или ги испраќала потчинетите да купат серија нови зеленчуци, или им давала на сиромашни и туѓинувачи, кои ги имало многу во нејзината база за прехрамбени продукти.
Потчинетите на Валентина Павловна се плашеа, но ја љубеа.За време на Великиот пост таа организирала општо елеосвештение дури во нејзиниот кабинет. На елеосвештението тука секогаш благоговејно присуствуваа и татарите кои работеа тука. Често, во тие годи на дефицит на продукти, кај Валентина Павловна се обраќаа московските настојатели, па дури и архиереи. Со некои таа беше воздржано љубезна, а со други, кои не ги одобруваше „заради екуменизмот“, беше струга, па дури и груба.
Мене честопати на голем камион ме испраќаа од Печор во престолнината по продукти за манастирот за Велигден и за Божиќ. Валентина Павловна, секогаш многу топло, мајчински нè примаше нас, младите искушеници: таа одамна веќе го имаше закопано нејзиниот единствен син. Ние се здруживме. А плус, секогаш имавме општа тема за разговор – нашиот заеднички духовник, отец Јован.
А отецот, молам, беше единствениот човек на светот, пред кого Валентина Павловна гувееше, но кого притоа бескрајно го сакаше и почитуваше. Двапати годишно таа со своите најблиски соработници доаѓаше во Печори, тука постеше и се исповедаше. Во тие денови, беше невозможно да ја препознаеш – тивка, кротка, срамежлива, воопшто не напомнуваше на „московската владичица“.
Есента, 1993 година се случуваа промени во мојот живот: бев назначен за настојател на Псоково-Печерското подворје во Москва. Тоа требаше да се отвори во стариот Сретенски манастир. Заради оформување на многуте документи, јас требаше често да доаѓам во Печори.
Валентина Павловна ја болеа очите, ништо посебно – возрасна катаракта. Еднаш, ме замоли да побарам благослов од отец Јован за мала операција во познатиот Институт на Фјодоров. Одговорот на отец Јован, да си признаам, ме изненади: „Не, не, во никој случај. Само не сега, нека помине време“, – убедено рече тој. Враќајќи се во Москва, јас ú ги пренесив тие зборови на Валентина Павловна.
Таа многу се вознемири. Во Фјодоровскиот институт веќе сè било договорено. Валентина Павловна му напиша на отец Јован подробно писмо, повторно барајќи благослов за операција и појаснувајќи дека тоа е просто дело, кое што не заслужува внимание.
Отец Јован секако, колку неа знаел колку е безопасна операцијата од катаракта. Но, кога го прочита писмото што му го донесив, многу се вознемири. Долго седевме со отецот, и тој загрижено ме убедуваше, како можам да ја наговорам Валентина Павловна уште сега да се откаже од операцијата. Тој уште еднаш и напиша опширно писмо, во кое ја молеше и со својата власт на духовник ја благослови да ја одложи операцијата на некое време.
Во тоа време, моите околности така се наредија, што ми се паднаа две слободни недели. Повеќе од десет години немав одмор, и затоа отец Јован ме благослови да заминам да се полекувам две недели во Крим, во болница за рехабилитација. И задолжително да ја земам со себе Валентина Павловна. За истото ú напиша во своето писмо, додавајќи дека операција треба да направи тогаш, еден месец после одморот.
– Ако сега се опериса, ќе умре… – тажно рече отецот, кога се поздравувавме.
Но, во Москва сфатив, дека нашата коса удри на камен. Валентина Павловна, веројатно првпат во животот, се побуни на волјата на духовникот. Последен пат таа била на одмор во далечната младост, и сега, зовривајќи, налутено повторуваше:
– Што уште не ќе му текнеше на отецот? Одмор!.. А на кого ќе ја оставам базата?
Таа беше сериозно вознемирена, што заради некаква „глупава операција на очите“ отец Јован „крева прашина“. Но, тогаш решително се откажав да ја слушам и реков дека настојувам за патувањето во болницата и дека во најскоро време заминуваме за Крим. На крајот на краиштата, Валентина Павловна, изгледаше дека се смири.
Поминаа неколку дена. Добив благослов од Светејшиот за одмор, нарачав два билети (доцна наесен не беше тешко да се најдат) и се јавив во базата за да и соопштам на Валентина Павловна за датата на нашето заминување.
– Валентина Павловна е во болница. Денеска ќе ú прават операција, – ме извести нејзиниот помошник.
– Како?! – викнав јас. – Но, отец Јован забрани!..
Се покажа, дека пред неколку дена на базата дошла некоја монахиња. Во светот таа била лекар, и дознавајќи за случајот со катарактата, исто се помрачила од решението на отец Јован. Потполно поддржувајќи ја Валентина Павловна, таа побарала благослов за операција од еден од духовниците на Троицко-Сергиевата лавра, и уште истиот ден добила благослов. Валентина Павловна, задоволна, заминала во Фјодоровскиот институт, сакајќи два-три дена после простиот хируршки зафат да дојде со мене на Крим. Но за време на операцијата добила тежок излив и целосна парализа.
Дознавајќи за тоа, јас веднаш се јавив во Печори, на економот на манастирот, отец Филарет, келијникот на отецот. Во исклучителни случаи отец Јован одеше кај отец Филарет и го користеше неговиот телефон.
– Но како можете така да постапувате? Зошто не ме слушате?! – само што не се расплака отецот, кога го слушна мојот испрекинат и тажен расказ. – Зашто ако настојувам на нештоп, значи дека знам што правам!
Што можев да му одговорам? Прашав само како можам да помогнам, – Валентина Павловна цело време беше во бесвест. Отец Јован ми рече да земам од храмот во келија од Светите Дарови за болни, за, штом ќе си дојде при себе Валентина Павловна, било дење или ноќе, без доцнеќе да отидам да ја исповедам и да ја причестам.
По молитвите на отец Јован, следното утро Валентина Павловна се освести. Роднините брзо ми соопштија за тоа, и за половина час јас бев во болницата.
Валентина Павловна ја донесоа во собата за реанимација на метална количка. Таа лежеше под белата постелнина – кршлива и беспомошна. Кога ме виде мене, ги затвори очите и заплака. Не можеше да зборува. Но, и без зборови нејзината исповед беше јасна. И прочитав разрешителна молитва и ја причестив. Се збогувавме.
Следниот ден уште еднаш ја причести отец Владимир Чувикин. Истата вечер, таа и почина. Ја погребавме Валентина Павловна со светло и мирно чувство. Зашто според древното црковно предание, душата на човекот, кој се удостоил да се причести во денот на смртта, веднаш се искачува пред престолот Господов.

* * *

j-CrGr32WRE

Неразделно поврзано со отец Јован е и сè што се однесува на возродувањето и востановувањето на монашкиот живот во нашиот Сретенски манастир. Есента 1993 година, на празникот на Иверската икона на Мајката Божја, јас дојдов кај отец Јован во доста сложен период од мојот живот. За тоа време, веќе бев јеромонах во московскиот Донски манастир, но моите односи со намесникот на манастирот, архимандит Агафодор , по моја вина, толку се расипаа, што јас решително не знаев што да правам и како да постапам. Отец Агафодор сам ме испрати во Печори кај духовникот, тој да ги разреши моите проблеми.
Отецот долго ме тешеше и ме повикуваше на монашко трпение. Тој умееше да најде такви зборови, а најважно – неговата љубов кон човекот, верата и надежта на Промислата Божја беа толку големи, што луѓето, доаѓајќи кај него дури, и да изгледало со неразрешливи проблеми, излегуваа од келијата на батјушката исполнети не само со утеха, но и со нови сили за живот. Тоа беше уште една многу ретка особина, својствена за отец Јован: тој зборуваше како оној кој има власт од Бога да дава животни сили и да води кон Христос.
Се заседавме тогаш доста долго. Веќе започна бдението. Отец Јован, погледнувајќи на часовникот, забрза и ме испрати во црква, кажувајќи, дека наскоро ќе дојде и сам.
Заедно со младите манастирски јеромонаси, веќео облечени, чекавме во древниот пештерски олтар на Успенскиот храм излегување на акатист. Наеднаш дојде кај нас и отец Јован. Се разделивме само пред половина час, но тој веднаш ми се виде некако необичен – сконцентрирано-строг. Не кажувајќи ни збор, отецот ме зеде за рака и ме доведе до центарот на олтарот, кај престолот. Тука тој направи три земни поклони, со благоговение го целива светиот престол, и ми рече да го направам истото. Потоа ми се обрати и ми рече:
– А сега слушај ја волјата Божја…
Никогаш претходно немав чуено такви зборови од отец Јован.
– Ќе се вратиш во Москва и веднаш ќе отидеш кај Светејшиот Патријарх, – ми објави отец Јован. – Побарај од него, да те благослови да преминеш од Донското во братството на Псково-Печерскиот Манастир. Побарај од Светејшиот, да ти благослови да создадеш подворје на Псково-Печерскиот манастир во Москва, и ќе го градиш тоа подворје.
Јас и не знаев што да речам!.. Од една страна, беше сосема јасно дека сега, во оваа минута, се менува мојот живот. И истовремено со умот знаев, дека тоа што ми го вели отецот е просто неостварливо!
– Батјушка, – реков јас, откако си дојдов малку при себе, – но тоа е потполно невозможно! Светејшиот сосема неодамна, јавно забрани дури и да се обраќаат кон него со такви просби. Тој кажа дека донел решение, и во Москва нема да биде отворено ниту едно подворје на епархијални манастири.
Тука неопходно е мало појаснување. За тоа време, во Руската Црква веќе беа возродени триста шеесет манастири, и со секој месец, нивниот број се зголемуваше. Голем број од тие провинцијалски манастири сакаа да имаат свои подворја во престолнината. Почнаа да му досадуваат на Патријархот со такви прозби, и тој на едно од собранијата на духовенството многу тврдо предупреди, со такви прозби повеќе да не му се обраќаат. Затоа што ако започне да ги раздава московските храмови на манастирите, воопшто нема да останат парохиски цркви во престолнината.
Сето тоа, јас му го објаснив на отец Јован. Но, тој дури ни со поглед не мрдна.
– Воошто не плаши се! – рече тој. – Оди кај Светејшиот и пренеси му го тоа што ти го реков. Светејшиот сè ќе благослови. А потоа, – тука отецот веѓе продолжи сосема конкретно, усрдно и заинтересирано, – тебе ти претстојат на избор неколку храмови. Првиот не го земај! А од останатите одбери, кој ќе ти се допадне. Само не трчај по големи и познати.
Време беше да се излезе на акатист.
– После служба, те чекам во келијата! – ми рече батјушката.
Сиот акатист и понатамошната служба, јас бев загрижен за зборовите што ми ги кажа отец Јован, а после сеноќното бдение, веднаш отрчав кај него. Отецот уште неколку пати ми го повтори тоа што го слушнав од него во олтарот. Ме успокои, ободри, и ми рече да не се сомневам, да постапам точно како што ми рече.
Отец Јован никогаш не се расфрлаше со големи и страшни зборови, како „ќе ти ја кажам волјата Вожја“. Ни порано, ни потоа, такво нешто од него не слушнав. Затоа тоа што ми го рече го примив повеќе од сериозно, и надминувајќи го стравот, решив да исполнам сè онака како што ми рече старецот.
Во Москва, наскоро ми излезе погодна прилика да се сретнам со Патријархот, и со смрзнато од страв срце, од збор до збор му пренесив на Светејшиот сè што ми кажа отецот: и за моето преведување во браќата на Псково-Печерскиот манастир, и за создавањето на манастирско подворје во Москва…
Со ужас чекав, громови и молњи да се разлетаат над мојата глава, но зачудувачки, Светејшиот, неочекувано, сметаште дека мислата за Псково-Печерско подворје е многу навремена и правилна. Излезе, дека имено во изминатите денови му соопштиле на Патријархот за воведувањето на посебен пограничен режим во градот Печори, кој се наоѓаше на пет километри од тогаш неодамна образуваната граница со Естонија, и, соодветно, за можното ограничување на слободниот пристап на поклоници во Псково-Печерскиот манастир. И во таа ситуација, според Патријархот, имено подворјето би можело да ја земе врз себе одговорноста да го помага манастирот, ако биде воведен неблагопријатниот граничен режим за поклониците. Светејшиот уште веднаш им кажа на владиката Арсениј (Епифанов) и на протоереј Владимир Диваков да започнат со изборот на храм за подворјето.
Прво место, кое што го предложи владиката Арсениј, беше Покровскиот манастир, неодамна предаден на Црквата. Јас отидов да го разгледам, но, помнејќи ги зборовите на отец Јован, дека од првиот храм треба да се откажам, се повикав на реалниот факт: Покровскиот манастир е премногу голем за подворје.
Тогаш владиката ми даде уште две адреси: храмот на Покров на Пресвета Богородица во Измајлов и Сретенскиот манастир на Лубјанка. Измајловскиот собор ми се покажа огромен и великолепен, а Сретенскиот имено таков, за каков што ми велеше отец Јован. Плус, тоа не беше обичен храм, а манастир, затворен во 1925 година, во кој вака-така требаше да се возроди монашкиот живот. Му се јавив на отец Филарет во Печори, и тој ме поврза на телефон со батјушката.
– Сретенски? Тоа е тој, зад Трубниот плошад? – Отецот одлично ја знаеше црковната Москва. – Него земи го!
Од денот на отварањето на подворјето поминаа осумнаесет години, но секогаш – во деновите на радост и искушенија – нас нè поддржуваше молитвата, благословот, а некогаш и строгите барања на отец Јован. Тој ни предаде многу свои икони, а меѓу нив и неговата омилена – Владимирската. Отец Јован го благослови создавањето на манастирското издаваштво, интернет-сајтот на семинаријата, детскиот дом, помошните објекти. Воопшто, особено во првите, најсложени години, отецот следеше буквално на секој чекор на обителта која што беше во зародиш. А после тоа, кога отпадна тревогата од затворањето на Печор за поклоници, имено отец Јован благослови да го замолиме Светејшиот за преобразување на подворјето во Сретенски манастир. Браќата на Сретенската обител го почитуваат отец Јован како старец, кој го благословил создавањето на нашиот манастир, како свој молитвеник, духовен наставник и благодетел. Секој ден ние возенуваме молитви за покој на неговата душа. Неговите проповеди, писма и поуки – се настолни книги на браќата на обителта, студентите во семинаријата, и многу наши парохијани.

архимандрит Тихон Шевкунов
(Извадок од книгата: Несвети, а свети)

https://www.youtube.com/watch?v=AXBmo4f0udI

 

Извор: Преспанско- пелагониска епархија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная