логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Mitropolit.Neofit.bg.jpg

За силната молитва

На Господа, твојот Бог, клањај Му се
и само Нему служи Му (Лука 4, 8)

Светиот пророк Илија живеел во времето на израилскиот цар Ахав. Големата и моќна израилска држава почнала да се распаѓа за времето на овој цар. Главната причина за тоа беа царот и царицата Језавела. Тие отстапија од Бога и станаа идолопоклоници. Во своите дворови држеа многубројни жреци да им служат на мртвите идоли Ваал и Астарта. Оттаму отпадништвото од верата  се проширило во народот. Безбожноста и моралната расипаност почнаа да ја поплавуваат земјата. Народните неволи се нижеа една по друга.

Тогаш во народот се појавува големиот пророк Илија. Според својата духовна убавина и морална чистота, тој навистина бил „земен ангел и небесен човек“. Полн со вера во Бога и љубов спрема својот народ, Илија почнува жестоко да ги разобличува пороците и моралниот пад на Израилот. Проповедта му била пламена. Неговиот збор согорувал. Неговото праведно разобличување веднаш го збунило народот, кој ја загубил верата. Но овој пример на расипаноста доаѓал одозгора. Прваците, царскиот двор и интелигенцијата внесуваа во општеството безверие и морална расипаност, ги упропастуваа светите вредности во народната душа и ги поткопуваа темелите на државата.

Тогаш, за да го зачува својот народ од целосна пропаст, големиот пророк Илија измоли од Бога да му испрати на Израилот најстрашна казна. Тој излегол пред царот Ахав и му објавил дека во текот на неколку години нема да падне на земјата ни роса ни дожд. Потоа пророкот тајно се повлекол во планината. На оние пророчки зборови царот не им посветил сериозно внимание. Тој не верувал дека од молитвата на Илија ќе зависи дали ќе падне дожд или не. Но кога одминала една година, па кога одминала и втората, па и третата без дожд, царот се загрижил, а народот изгубил надеж. Земјата се исушила и испукала. Сите растенија се исушиле, птиците изгинале, а исто така и голем дел од животните. Настанал страшен глад во целата израилска земја. Тогаш царот испратил луѓе да го побараат пророкот. На глас Божји, Илија самиот му се јавил на царот. Штом го видел, Ахав извикал: „Од тебе ли доаѓаат толку несреќи врз нашиот народ!?“

Илија одговорил: „Не доаѓаат од мене, туку од тебе и од твојот дом. Оти вие го оставивте вистинскиот Бог и тргнавте по Ваал. Туку сега нареди му на Израилот и на лажните пророци, кои ги има 850 и кои ги храни царицата на својата трпеза, да се соберат на Кармилската гора, па таму да видиме кој е изворот на народните несреќи“.

И кога сите беа собрани, пророкот Илија им се обрати со пламен говор, кој го заврши со зборовите: „Уште ли ќе кривите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал – одете по него“. Сите молчеа. Потоа Илија им рече на Вааловите служители: „Само јас останав пророк Господов, а ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци; нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно тела, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ќе го приготвам другото теле и ќе го ставам врз дрва и оган нема да потпалувам; тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Он е Бог“. И сиот народ одговори и рече: „Добро, нека биде така!“ (3 Цар. 18, 21-24)

Вааловите служители го заклаа телето одредено за жртва и го положија врз дрвата на жртвеникот.  И сите почнаа да му се молам на идолот да испрати оган од небото. Со часови се вртеа околу жртвеникот, се молеа, викаа за да добијат вдахновение, со ножеви се рануваа, се мачеа да предизвикуваат сожалување. Но се било залудно – идолот останал мртов.

Тогаш пророкот Илија направи жртвеник од 12 камења, според бројот на израилските племиња, и го положи другото теле на жртвеникот направен во длабока јама и нареди жртвеникот да го полеваат со вода, сѐ додека јамата не се наполни. Потоа паднал на колена и ја изговорил својата молитва, велејќи: „Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе, дека си Ти единствен Бог во Израилот и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сѐ според Твоето слово. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ дека Ти, Господи, си Бог и Ти ќе го свртиш срцето нивно кон Себеси“ (3 Цар. 18, 36-37). Тогаш оган Господов падна од небото и ја запали жртвата. Кога настана тоа чудо, сите паднаа на колена, па потоа и ничкум, викајќи: „Господ е Бог, Господ е Бог!“ (3 Цар. 18, 39)

Впечатокот бил многу силен. Израилците се одрекоа од идолите и се вратија кон Бога. Лажните пророци на Ваал беа казнети со смрт. Потоа пророкот Илија се искачи на една височинка, од длабочината на своето срце упати нова молитва кон Бога и Го молеше да ја прекрати повеќегодишната суша, која ја беше пратил како казна врз народ кој веќе искажа јавно покајание. И таа пророкова молитва била услишана. Бог ги отвори небесните извори и обилен дожд ја натопи земјата.

Овој настан од животот и работата на пророк Илија е многу поучен. Оти е неспорно дека помеѓу епохата во која тој живеел и нашата епоха постои голема сличност. Тогаш одбраниот народ „кривел“ на двете нозе, тонел во безверие и морална расипаност. Тоа истото го гледаме и сега во нашето христијанско општество. Тогаш Го заборавија Бога и им се клањаа на мртвите идоли како што беа Ваал и Астарта. И сега не се малку идолите на кои им се клања современото општество. На пример, на идолот што се нарекува модерна просвета му се клањаат особено ревносно. На него сѐ му се жртвува: верата, моралот, убавите традиции, обичаите и сѐ што е свето, сѐ што е завештано од Христа Спасителот и од апостолите. Пред идолот, кој се нарекува власт денес клекнуваат сите партиски организации. На тој идол тие ја принесуваат на жртва својата совест и остануваат вулгарни демагози. Постои и уште еден страшен идол, кој денес го зазема местото на Ваал. Тој се вика богатство и пари. Досега ниеден идол не господарел толку моќно со човечките срца како што тоа денес го прават парите. Пред тој идол денес се прават најстрашни престапи. Просветените луѓе стануваат крадци, убијци, разбојници, фалсификатори и хулници. Угледни луѓе, трговци, занаетчии, службеници и др., го изневеруваат своето име и својата совест, за да награмадат богатство. Идејните борци за подобрување на положбата на сиромашните стануваат шпекуланти, за да грабаат и да се богатат. Тој идол е чудовиште на кое денес му оддаваат почит мнозинство луѓе со своите мисли и чувства, со своите склоности и со работата, со своите грижи и немири, а исто така и со своите ниски страсти, ненаситности и со срамот.

На тој мртов идол му конкурира уште еден, кој се вика слободен живот. Сега, но и од поодамна се создава култ на тој идол, сличен на култот на некогашната сидонска Астарта, елинската Киприда и римската Венера. Никогаш не била толку длабоко и судбоносно погодена моралната чистота, девствената невиност и брачната верност. Слободниот живот и дрзок атентатор врз моралните темели на општеството и на семејството. Тој ги руши границите на етичките односи помеѓу двата пола. Нема веќе скромни облеки, срамежлив поглед и пристојно однесување. Нема ниту страв од соблазни и заведувања. Сѐ се принесува на жртва на модата. Многу современи девојки и млади жени, полуооблечени, во секое време талкаат во друштво на мажи по шумите и планините, по баровите и хотелите, по уште какви не други места, каде што им се поклонуваат и принесуваат жртви на Астарта, Киприда и Венера. Да, поклониците на тие идоли брзо се намножуваат! А колку се малку оние кои со вера во Бога одат во Божјиот храм на поклонение! Колку малку се тие кои значат цврста потпора и надеж за здравата иднина на семејството и на народот!
И ние треба почесто да си го поставуваме прашањето: Дали себлагиот и семоќниот Дародавец ќе му ги даде земните блага на едно општество кое ја губи верата, кое се клања на идоли, кое морално се распаѓа и кое врши најнесовесни дела? Навистина, Бог е дарежлив, долго трпи и покажува голема милост. Но последиците од духовното и моралното дегенерирање можат да бидат само тешки искушенија и несреќи. И тие, очигледно, ги снаоѓаат многу народи во светот.

Но сепак, и покрај идолите по кои оди денешниот свет, луѓето имаат силна желба да се ослободат од бедите и несреќите и да создадат услови за среќен и добар живот. На кој начин да ја исполнат оваа своја силна желба? Какви средства се потребни за тоа? Пред сѐ, мора да се вложат напори за духовен и морален препород. Потребно е денешниот човек да се одрекне од посочените идоли и да Му се врати на Бога. Верата и чесната работа, принесувањето молитви на жртва – тоа се најсигурните средства за постигнување среќен живот. Бог е Дарител и на животот и на благата. Кој верува во Бога и Му се моли, тој ќе успее. Молитвата е сила што допира до Бога. Со својата силна молитва пророкот Илија го затворил и го отворил небото, добил од Бога и оган и дожд.

Значи, ова библиско сведоштво треба да ни служи за силна поука. Треба во покајание да се откажеме од служење на идолите и со вера да Му се молиме на Бога и единствено на Него да му се поклонуваме и Нему да Му служиме, сега и во сите времиња. Амин!

(Извадок од книгата: Неофит, Митрополит Видински, „Празнични проповеди“, Штип 2006, 144-147

Извор.Бигорски манастир

2-ри август, лето Господово 2014

  • Друго:


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3132
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/11/2024 - понеделник

Преподобните маченици Галактион и Епистима; Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог; Свети Јона, архиепископ Новгородски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная