логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Јас ја љубам Марија Египетска. Ја љубам и крај. Од моментот кога го прочитав нејзиното житие, не поминува недела без да помислам на неа. Кога го читав нејзиното житие во петтата седмица од постот во полутемнина, на свеќи, подзастанував неколку пати и подголтнувајќи си ги бришев солзите.

Илјадници мисли ме совладуваат во врска со оваа жена. Една или две од нив ми се чинат важни. Прво, ме боли тоа што, луѓе каква што била Марија до покајанието има и ќе има навистина многу. Јасно е дека, покрај покајаните митари и блудници, кои се опишани во Евангелието, имало и уште илјадници други што не се поправиле. Ваквите луѓе живеат во опасност. Тие висат над бездна, секојдневно – а уште и секојноќно – потопувајќи се во адската реалност.

Она што на обичниот човек треба да му се докажува, на тврдоглавиот грешник му е јасно и без дополнителни аргументи. Наркоманите, на пример, знаат дека адот постои: тие во него живеат. И проститутките знаат дека постои ад. Тие го знаат тоа, но не со умот. Со умот се убедени во спротивното. Тоа го знае нивната душа. Невозможно е душата да се измами, таа страда од неприродно живеење, од стотици партнери, кои се менуваат како чорапи. Со умот си измислиле некакво оправдување, и го носат со себе како беџ. Но душата е над логиката, таа знае повеќе. Тоа сознание ги гризе блудниците одвнатре, и затоа тие или пијат или се боцкаат. Низ текот на сето ова време Марија им го покажува патот кон излезот на милион такви луѓе. Зошто не одат по тој пат? Мене тоа ме мачи.

Знаете што е тоа што ме фасцинира кај нив, кај оние непокајаните? Чесноста. Воопшто, блудниците се чесни. Тие немаат потреба да се преправаат, сите за нив и онака сè знаат. Според авва Доротеј, може да се лаже со зборови и со живот. Да се лаже со зборови – тоа е јасно. Да се лаже со живот – тоа е измама. Тоа е ситуација во која развратникот глуми целомудреност, сржавецот и крвопиецот – добротвори. Од вториот начин на лажење, проститутките се ослободени. Кога „обичните“ луѓе биваат вклучени во многу гревови, но се трудат да изгледаат како пристојни луѓе, блудниците воопшто не се преправаат. Подолу не можат да паднат, и наоѓајќи се на дното, можат да бидат крајно искрени.

Св. Марија Египетска

Пазете се од разговор со нив за моралот. Тие, како одводни канали на општеството, знаат сè за она што се случува во него. Ја знаат вистината за „високопочитуваните мажи“ и за „жените со беспрекорна репутација“. Вознемирената проститутка може секого да издаде. Таа е на дното, и цврсто потпирајќи се на него, може да ја каже целата вистина.

Марија не земала пари за блудничењето. Помислата на тоа многу ме потресува. Во тоа е коренот на нејзиното спасение. Таа чесно мислела дека смисолот на животот се телесните насладувања. Нејзиниот незамислив блуд е искрена самореализација. Како што градинар-аматер не зема пари за одгледување на цвеќиња, или уметник-аматер црта но не за заработка, туку за своја душа, така Марија пропаднала во блудот поради самиот блуд, а не поради заработка. Ако кон целта за развратот, ја додала целта за среброљубие, тогаш не би се извлекла од тоа мочуриште никогаш.

Мноштво жени кои напразно си го трошат животот, го прават тоа затоа што „им се допаѓа“. Тоа што „немаат време за себе“ и тоа што „мора да се хранат децата“ се измислени изговори кои доаѓаат од умот. Многумина од нив не го напуштаат нивниот проклет начин на живот, затоа што ништо друго не знаат да прават, не сакаат и не можат да живеат поинаку, се навикнале на празнината и евтиниот раскош на својата професија.

Случајот не бил таков со Марија. Ова голема жена знаела да преде и да ткае, можела да се прехрани себеси во периодот на нејзиниот блуден живот. Таа успеала да не заработува од она, за коешто го сметала за цел и суштина. Кога Бог ѝ ја открил вистинската цел на животот и вистинската суштина на нејзиното минато, таа храбро тргнала напред, не свртувајќи се назад, и денес може да се моли за нас.

Патем, таков бил и Павле. Тој чесно ги мразел христијаните, со целата душа го возљубил законот, и сè што правел правел до крај. Мислам дека таквата одлучна и пламена природа втренчено ја гледа Христос. Христос бара такви луѓе – искрено заблудени, ревносни во своите грешки, но одлучни, целовити, и не лажливи. Сезнајниот Христос од нив подготвува светилници за целиот свет.

Многумина од нас се гнасни и гнили, не затоа што грешат, туку затоа што грешат и се каат со половина душа, со половина сили, едвај некако. Лермонтов рекол:

И ненавидим мы, и любим мы случайно,
Ничем не жертвуя ни злобе, ни любви.
И царствует в душе какой-то холод тайный,
Когда огонь кипит в крови.

Во овие стихови на Лермонтов одекнува Апокалипсата. Господ обвинува некои луѓе за тоа што не се ниту жешки, ниту ладни. Ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја (Откр. 3, 15-16). Марија цел живот била жешка, и тоа е точката, во којашто таа и Бог се сретнале.

Одењето по вода и познавањето на демони, прозорливоста (она што го читaме во нејзиното житие) се нешта за кои не сум најмногу заинтересиран. Сето тоа се надворешни знаци за внатрешната победа. Таа себе се победила. Таа го направила тоа што, во очите на сите мудреци, па каде и да живееле, вреди повеќе од добиена војна.

Ликот на оваа голема жена влезе во крвта на нашиот народ. Можеби, таа со светлината на нејзината светост го озарила Фјодор Михајлович, кога пишувал за Соња Мармеладова. Можеби на неа мислел Пастерњак, кога пишувал за Магдалина:

Чуть ночь, мой демон тут как тут,
За прошлое моя расплата.
Придут и сердце мне сосут
Воспоминания разврата,
Когда, раба мужских причуд,
Была я дурой бесноватой,
И улицей был мой приют.

Во нашиот говор, постојат гупави, лигави прашања. Едно од нив: Кого љубиш? Дрдорливите баби им го поставуваат на нивните галени внуки. А тие, вљубените, со светнати очи, постојанот го имаат тоа на уста. Мене ме плаши ова прашање. Но, ако ноќе ме разбудат и ме прашаат „кого љубиш?“, веројатно ќе им речам „ја љубам Марија Египетска“. Ја љубам и крај.

Oтец Андреј Ткајчов

Извор: Агапи



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3128
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7602
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная