Во годината 1997, ако добро ме служи паметењето, додека бев на служба во Кралево како офицер, ја имав таа чест, кога, влегувајќи во автобусот кој сообраќаше за Нови Пазар, наидов на нашиот драг Патријарх.
Но, моето изненадување беше уште поголемо кога видов дека мојата резервација на седиштето е веднаш покрај онаа на Патријархот.
И започна разговор кој целиот живот ќе го паметам. Светителот, покрај останатото, ми ја кажа и оваа анегдота:
"Пред некој ден ме запраша еден човек пред сите луѓе: ВАША СВЕТОСТ, ДАЛИ ВАШИОТ БОГ Е СЕМОЖЕН?
А јас го гледам и му велам: ДА, ТАКА Е!
Тој продолжи понатаму:
А КОГА Е ТОЈ СЕМОЌЕН, ДАЛИ МОЖЕ ТОЈ ДА СОЗДАДЕ КАМЕН , КОЈШТО ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОДИГНЕ?
Јас го погледнав и му велам: ПРИЈАТЕЛЕ, НЕШТО И ЈАС БИ ТЕ ЗАПРАШАЛ, АМА НЕМА ДА СЕ НАЛУТИШ?
А тој: Нема!
По трет пат го запрашав: СЕПАК, ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, УШТЕ ЕДНАШ ДА ТЕ ПРАШАМ , СЛУЧАЈНО ДА НЕ СЕ НАЛУТИШ?
Ми одговори:
НЕМА ДА СЕ НАЛУТАМ!
Тогаш му реков: ДОБРО, ШТОМ НЕМА ДА СЕ НАЛУТИШ. КАЖИ НИ СЕГА ТИ, НА СИТЕ НАС , ДАЛИ МОЖЕШ ДА БИДЕШ ПАМЕТЕН?
Тој молчи и молчи и размислува: ако рече, - МОЖАМ, значи дека не е паметен ; ако пак, рече НЕ МОЖАМ , ќе значи дека пак не е паметен. И молчи, молчи... и на крајот вели:
НИТУ ЕДНОТО, НИТУ ДРУГОТО, ЈАС ВЕЌЕ СУМ ПАМЕТЕН!!!
Јас му велам: ЕТЕ, ПРИЈАТЕЛЕ МОЈ И МОЈОТ БОГ ГО СОЗДАДЕ КАМЕНОТ, КОЈШТО ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОДИГНЕ!
Тој со чудење ме запраша:
А КОЈ Е ТОЈ КАМЕН?
Му велам: ТИ СИ ТОЈ КАМЕН, НЕ МОЖЕ НИТУ БОГ ДА ТЕ СПАСИ, АКО ТИ НЕ САКАШ СЕБЕСИ ДА СЕ СПАСИШ !“
Нашиот миудар патријарх под „тој камен“, кој Бог го создаде, а кој ниту Тој Самиот не може да го подигне, ја нарекол СЛОБОДНАТА ВОЛЈА, зашто Бог не сака никого на сила да спасува.
Мудриот патријарх знаеше уште да рече: БОГ ЌЕ ПОМОГНЕ, АКО ИМА КОМУ!
Подготви: Мина Даниловска
На денот на Богојавление, лето Господово 2014