логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

pokajanie3.jpg

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.

 (Старец Паисиј Светогорец)

 

pokajanie1.jpg


  pokajanie6.jpg За да не се заморуваш околу проблемот на послушанието и да не клоцаш, треба да влезеш во смислата на послушанието и да го почувствуваш како потреба, и тоа само тогаш ќе те ослободи, бидејќи послушанието не е ропство, туку слобода. Значи, кога ќе разбереш дека твојот старец ја носи одговорноста за тебе, дека тој се грижи за твоето спасение и дека што било да направи го прави за твое добро, а не да те измачува, тогаш ќе се радуваш кога ќе ти рече ‘не ова' или ‘не она' или, ‘оди таму' или ‘не оди таму' бидејќи сфаќаш дека сето тоа се случува за твое добро, за да те зачува од секое зло со опитот што го има од неговото лично искуство или од искуството на другите. Тогаш ќе се радуваш кога ќе го извршуваш послушанието или кога ќе прашуваш и ќе сакаш навистина, дури и во детали да не правиш ништо своеглаво за да не паѓаш во грешки. Но, од почит спрема својот старец, за да не го заморуваш со ситни работи, понекогаш, ќе го правиш она за што ќе те просветли Бог така што срцето ќе ти биде во послушание.

 (Старец Паисиј Светогорец)

 Нема големо значение, ако совршенството на нашиот духовен Отец е несовршено. Бог ќе ги исправи нашите дела во мера во која тие се извршуваат во послушание и со вера во Христа. Тоа што ни се чини погрешно, ќе стане правилно. Наспроти тоа, она што ни се чини совршено во нашата логика, многупати не е ништо друго, туку отсјај на нашата огревовена волја, така што Бог нема да е со нас.

 pokajanie2.jpg

 

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.

(Старец Паисиј Светогорец)

Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бога. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.

 

 Со Христовото послушание сме спасени, а со Адамовото непослушание сме фрлени во пеколна бездна. Патот на послушанието навистина води на Голгота. Тој е нагорен и искачувањето е малку напорно. Ќе се потиме и ќе се уморуваме, но сепак да помислиме дека по воскресението ќе ги стекнеме чистотата на душата и восиновувањето и дека тоа богатство не може да се спореди со никакви овоземни наслади. Што зборувам јас? Со земните нешта! И сиот свет кога би го продал, човекот не би можел да купи ниту една капка од духовната радост на душата што се искачила на Голгота и го видела своето сопствено воскресение.

 

 Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротистави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание и да се здобие со непропадливиот венец на вечната слава. На тој начин се здобиваме со воскресението на душата, а не со самоволно колебање меѓу послушанието и непослушанието. Нема да стекнеме венец така, туку со драговолно жртвување. Сите пречки се совладуваат со цврстата решеност попрво да се умре одошто да се изневери должноста на послушанието.

 

 Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бога и совршенството, “колку што ѝ е тоа возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва. Меѓутоа, за Бог да го чуе ова непрестајно умствено богомислие, мора да се исполнат условите на монашкиот и воопшто на христијанскиот духовен живот, кое пак, за возврат, ќе ја помогне молитвата.

Што се однесува до монасите, од нив се бара непоколебливо послушание во однос на Старецот, којшто е видлива икона на Христа - Спасителот. Што се однесува до сите христијани, од нив се бара да ги устројат своите животи согласно на советите на духовните отци и да бидат покорни на каноните на Едната Света Православна Црква за да не скита поединецот по свој сопствен пат од желби и копнеења. Впрочем и Светото Писмо ни советува да бидеме внимателни.

  

Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии.

(Старец Ефрем Филотејски)

  

Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “ Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бога и Му благодари. Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.

  (старец Силуан Атонски)

 

Колку голема радост за нас е тоа што Господ, не само што ни ги простува гревовите, но и Самиот Себеси ѝ се дава на душата да Го познае, кога таа се смирува. И најбедниот може да се смири и да Го познае Бога со Светиот Дух. Не се потребни ниту пари, ниту имоти, за да се познае Бог, туку само смирение. Господ се дава Себеси за бадијала, само заради милоста. Порано јас не го знаев тоа, а сега секој ден и час, секоја минута, јасно ја гледам милоста Божја. Господ дава мир дури и во сон, а без Бога нема мир во душата. На мнозина, заради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие мислат дека многу знаат. И што им вреди нивното знаење, кога не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и заради што се губи. Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сè ќе ни покаже, како татко кој ги љуби своите деца и сè им покажува.

(старец Силуан Атонски)

Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нè љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ѝ го дава Светиот Дух на грешната душа, и дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе ни даде да Го познаеме. А што може да биде на светот поскапоцено од тоа познание? Да се знае Бог, и колку Он нè љуби и на кој начин духовно нè воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на Апостолот Петар: “Љубиш ли ме?” Така и во рајот ќе ги праша сите: “Дали ме љубите?” И сите ќе одговорат: “Да, Господи, ние Те љубиме. Ти нè спаси со Своите страдања на крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.

  (старец Силуан Атонски)

Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.

  (старец Силуан Атонски)

 

 Божјата Мајка не дозволи да се запишат ниту Нејзините мисли, ниту Нејзината љубов спрема Нејзиниот Син и Бог, ниту страдањата на Нејзината душа при распнувањето, затоа што ние секако не би можеле да го разбереме тоа. Бидејќи Нејзината љубов спрема Бог е посилна и поогнена од љубовта на Серафимите и Херувимите, и Нејзе и’ се восхитуваат сите небески сили на ангелите и архангелите. И иако животот на Божјата Мајка како да е покриен со свето молчание, Господ на нашата Православна Црква и’ даде да знае дека Таа со Својата љубов го закрилува целиот свет. И дека во Светиот Дух ги гледа сите народи на земјата, и подобно на Својот Син, ги сожлува и ги милува сите.

  (старец Силуан Атонски)

Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.

  (старец Силуан Атонски)

Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.


Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце, со сета душа, како што ни заповедал Господ, и ближниот како самиот себеси. И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.

  (старец Силуан Атонски)


Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот. (старец Силуан Атонски)

 Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце, со сета душа, како што ни заповедал Господ, и ближниот како самиот себеси. И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.

(старец Силуан Атонски)

 Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нè возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нè учи на сè она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното. А кој ја позна сладоста на Светиот Дух, тој знае дека таа не може да се спореди со ништо. И не може повеќе да биде поробен од ништо на земјата, но поробен е само од љубовта Господова. И тој е покоен во Бога, и се радува, и плаче за луѓето, што не Го познале Господа, и ги сожалува. (старец Силуан Атонски)

 

Свети Силуан Атонски

Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сè заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.


Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно… Oсобено на почетокот на подвигот, уште пред да се стекне плач на духот, зборовите на молитвата треба да се изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач. свети Игнатиј Брјанчанинов)

 


„Милостив Господи, дај им ја Твојата благодат на сите народи на земјата за да Те познаат, оти без Твојот Свет Дух човек не може да Те познае, ниту да ја разбере Твојата љубов.

Господи, прати ни го Твојот Свет Дух, оти Ти и сè Твое се познава само преку Светиот Дух, Кого во почетокот Си му го дал на Адам, а после на светите пророци, и потоа и нам христијаните.

Дај им Господи на сите Твои народи, да ја разберат Твојата љубов и сладоста на Светиот Дух, да ја заборават земната мака, да го остават сето она што е лошо, со љубов да се прилепат кон Тебе, и да живеат во мир, творејќи ја Твојата волја во слава Твоја“.  (свети Силуан Атонски)

 

 Старец Ефрем Филотејски :

Да се бориме со своите помисли, секогаш надевајќи се на Бог. Да стоиме секогаш вооружени со молитвата и будноста.

Кога се молиме со болка и со смирение, Бог ја слуша молитвата и одговара согласно со она што ни е од полза.

Свети Нил Синајски

Немој да сакаш она што е во врска со тебе да биде онака како што тебе ти изгледа најдобро, туку онака како што на Бог Му е угодно. Тогаш во молитвата ќе бидeш безметежен и благодарен.

 

 sv.jovan.zlatoust1.jpgСвети Јован Златоуст

Ве преколнувам, значи, да не ги оддалечувате своите срца од Господ, туку да стражарите над нив и да ги чувате, сеќавајќи се секогаш на нашиот Господ Исус Христос, додека Името Господово не се вкорени во вашите срца и додека тие не престанат да мислат на што и да е друго освен на тоа да се прослави Христос во вас.

 

 

Свети Макариј Велики

Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот... Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото.

„Молете се, ве преколнувам, според советот на Апостолот Павле: Молете се непрестајно (1 Сол. 5; 17). Светите тихуватели велат: Ако си богослов, тогаш вистински ќе се молиш и ако вистински се молиш, тогаш си богослов! И навистина, пустинските тихуватели учат дека со посредство на различните подвизи, со аскезата и созерцанието (‘праксата’ и ‘теоријата’), со моралната и духовна философија на трезвеноумието и молитвата, човековиот ум се очистува, просветлува и восовршува и според тоа, се здобива со дар на богословие, но не со академско богословие какво што поседуваат богословите на универзитетите, туку со богословие што происходи и извира од Божествениот извор, од каде што постојано се излеваат реките на вистинското, Божественото богословие. Отците тихуватели велат дека умот кој престанал да Го созерцува Бога, станува или животински или ѕверски. Напротив, преку молитвата, а особено со умствената молитва, умот станува боголик и просветлен со Божествено озарување.“ (Старец Ефрем Филотејски)

 

преподобните Варсануфиј и Јован

– Што да правам кога ќе чујам дека некој лошо зборува за мене? – Веднаш стани на молитва, помоли се најпрвин за него, а потоа за себе, говорејќи: ‘Господи Исусе Христе, помилуј го овој брат и мене, непотребниот Твој слуга, и покриј ме од лукавиот, по молитвите на Твоите Светии. Амин’.

 

 Свeти Петар Дамаскин

Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови.

     

Старечник

Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.

 

grigorij.palama1a.jpgНикој не доаѓа кон Бог освен преку Пресвета Богородица и од Неа родениот Посредник, и ниту еден од Божјите дарови не им се дава ниту на ангелите ниту на луѓето, освен преку Неа... Дева Мајка е неспоредливо поголема од сите и од сѐ... Таа е основа на пророците, глава на апостолите, храброст на мачениците, темел на учителите, слава на сѐ земно, радост на сѐ небесно, украс на сета твар. Таа е почеток и извор и корен на неискажливи добрини. Таа е врв и совршенство на сѐ свето. Преку Богомајката „светителите ја примаат нивната светост“. (свети Григориј Палама)

Старечник 

Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.

 Василиј Гондикакис

Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – нѐ води кон пронаоѓање на себеси. Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек. И ако ја поседуваме оваа љубов - колку и да сме далеку ќе нѐ одведе во Рајот. А ако не ја поседуваме - дури и да сме пред самите порти на Рајот - нашиот недостаток од љубов, кој всушност е „омраза”, ќе нѐ спречи да влеземе и ќе направи да бидеме отфрлени далеку.

  

Старец Софрониј 

Едно од две нешта е неизбежно: или човекот во потрага по психофизички задоволства и конфор ќе се оддалечи од Бога, и со тоа духовно ќе умира; или во стремење кон натприродниот образ на битието ќе умира за овој свет. Во последново ’умирање’ се состои нашиот ’крст’, нашето ’распетие’. 

Свети Јован Лествичник

Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?!

Свети Григориј Палама

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.

      

„Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бог и совршенството, „колку што ѝ е тоа возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва.“ (Старец Ефрем Филотејски)

Свети Јован Лествичник

Оној којшто својата совест ја смирил преку покорност кон духовниот отец до најголема мера, тој секојдневно ја исчекува смртта како сон, или подобро кажано како живот, и не се плаши, бидејќи сигурно знае дека не од него туку од неговиот духовен отец ќе се бара да положи сметка за него во часот на неговото заминување од овој свет.

авва Доротеј

Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од претходниот, а братот со голем труд го искорна. По ова старецот му покажа на друг, поголем и од претходниот. Братот долго време го свиваше, и после многу напор одвај го совлада. Само, следниот кипарис што му го посочи старецот тој ни по многу усилби и потење не можеше да го искорне. Кога виде дека тој тоа не може да го исполни, старецот му наложи на друг брат да стане и да му помогне. Овие двајцата одвај успеаа да го искорнат оној снажен кипарис. Тогаш старецот им рече на браќата: ’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што нѐ застапуваат пред Бога’.

За молчењето и зборувањето.

Подобро е човекот да молчи и да биде (христијанин), отколку да зборува, и да не е. Добро е да се зборува, доколку тој кој говори, делува исто така. Тогаш, постои само Еден Учител, Кој проговори и Кој стори; и сите Негови дела кои ги стори во молк се достојни на Отецот. Оној кој го има во себе Словото Христово, е вистински способен да го чуе дури и Неговиот молк, дека може да биде совршен, и дека може да делува како што зборува, и да биде познат по неговиот молк. Не постои ништо скриено од Бога, напротив - нашите тајни се близу Него. Затоа, да ги правиме сите работи како оние во кои Тој пребива, за да можеме да бидеме Негови храмови (1 Кор. 6,19) и за да може Тој да биде во нас како наш Бог, што и Е, и да се појави пред нашите лица. Поради тоа праведно Го љубиме.


Подобро е човекот да молчи и да биде (христијанин), отколку да зборува, и да не е. „ Зашто царството Божјо не е со зборови, туку со сила.“ (1 Кор. 4,20) Луѓето „веруваат со срцето, и исповедуваат со устата“, едното „за оправдание“, а другото „за спасение.“ (Рим. 10,10) Добро е да се поучува, доколку тој кој говори, делува исто така. Оти, оној кој ќе „ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.“ (Матеј 5,19)

Нашиот Господ и Бог, Исус Христос, Синот на живиот Бог, прво делуваше, а потоа поучуваше, како што сведочи и Лука. Не постои ништо скриено од Бога, напротив - нашите тајни се близу Него. Нека Христос говори во нас, како што стори со Павле. Нека Светиот Дух не’ научи да зборуваме за Христа на начинот на кој Тој говореше.( Св. Игнатиј Антиохиски )

 

sv.teofan.Zatvornik1.jpgОд што треба најмногу да се плашиме?

Себезадоволноста, себевреднувањето, себевообразувањето, и сите други нешта кои почнуваат со себе.

 Св. Теофан Затворник - „Уметноста на молитвата“

 

 

 

Старец Софрониј

Христос рече: Ако некој ...не ги намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик (не може да Ме следи) (Лука, 14, 26). Ова Слово Господово е многу сериозно. Не станува збор за една кариера и за дребните нешта од овоземниот живот, туку за совладување на страстите и гревовите на овој свет, за да живееме вечно со Отецот. После падот, човековата природа во сите свои пројави се противи на она што небесниот Отец го очекува од нас. Еве, зошто сме должни да се намразиме себеси во состојбата во која се наоѓаме во овој свет после падот. Нашиот ум низ послушанието може да стане чист пред Бога! Кој ги љуби татка си и мајка си или своите деца повеќе од Мене, не може да појде по Мене! За луѓето од овој свет, нема ништо пострашно од овие зборови. Дотолку повеќе, должни сме да успееме да го надминеме сето она што нè врзува со нашите најблиски. Инаку, никогаш нема да стигнеме во сесветската и апсолутна љубов Божја.

Старец Паисиј Светогорец

Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час. 

Свети Јован Лествичник

Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко. 
 

Како што притиснатата вода се качува угоре, така и душата, притисната од несреќата, преку покајанието се искачува кон Бога и се спасува.

 sv.Ignatij.Brjancaninov1.jpg„Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји. Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение. Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак на веќе прифатено покајание или на покајание кое се усвојува.
Маките и болките на покајанието содржат во себе семе на утеха и исцеление. Таа тајна преку плач му се открива на покајникот. Сите монаси кои се очистиле од гревовите, се очистиле преку плач, и сите оние кои достигнале христијанско совршенство, го достигнале со плач.

Нема, пријатели мои, кога душата ќе го напушти телото, да бидеме обвинети заради тоа што не сме биле чудотворци, што не сме биле богослови и не сме имале духовни виденија, но неизоставно ќе одговараме пред Бога за тоа што не сме плачеле непрестајно, т.е. што не сме престојувале во постојана спасителна тага заради нашите гревови и нашата гревовност.“ (свети Игнатиј Брјанчанинов)


Никој не може да Му се приближи на Бога ако не се оддалечи од светот. Оддалечување од светот ја нарекувам не преселбата (на душата) од телото, туку оддалечувањето од световните дела. Во тоа и се состои добродетелта, човекот во својот ум да не се занимава со светот. Сè додека сетилата се занимаваат со надворешни работи, срцето не може да престојува во тишина ниту да биде без фантазии. Телесните страсти не можат да се умртват ниту лукавите помисли можат да се уништат без пустинување [оддалечување во пустината]... (Слово 1)

Твојата молитва треба да биде како твојот живот. Бидејќи оној што е приврзан за земното не може да го достигне небесното, и оној којшто е зафатен со светското не може да го бара божественото. Зашто, желбата на секој човек се покажува преку неговите дела. Кој го сака она што е големо, тој не се занимава со она што е безначајно (Слово 5).

Браќа мои, би требало да знаете дека во сецелото наше служење Бог ги сака и надворешните форми, одреденото (конкретно) почитување и видливите начини на изразување на богобојазливост – не заради Себеси, туку заради нас. ...Имено, многумина во своите помисли го запоставија сето тоа и си вообразија дека за Бога е доволна само молитвата на срцето. Велат тие, дека кога лежат на грб или седат во недолична положба, доволно е божем само внатрешното сеќавање на Бога...

Не ја зедоа предвид силата на противникот, поради што и паднаа во прелест и се препуштија на нејзините дејства. Тие не разбраа дека се смртни и дека ги придвижува нивната душа, на која ѝ е својствено да отстапува, дека сè уште не ја достигнале духовната состојба, дека сè уште не (им) се случило воскресение и дека сè уште не стекнале непоколебливост.

Како што целото мноштво закони и заповеди што Бог им ги даде на луѓето ја имаат за граница (крајна цел) чистотата на срцето, така и сите родови и видови на молитва со кои луѓето Му се молат на Бога ја имаат како граница чистата молитва. А после оваа граница ќе биде восхит, а не молитва, затоа што сè молитвено престанува, настанува одредено созерцание и умот не се моли со молитва.(Исаак Сирин)

 

Старец Ефрем Филотејски

Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.

+++

Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој, откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва. Затоа немаме желба и трпение за молитвата. Значи, да се бориме. Да се трудиме во молитвата додека Бог не ни ја испрати Својата благодат, а таа, кога ќе дојде, ќе нè упати во сè.

+++

За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и смирение.

+++

"Делото на Исусовата молитва не трае два или три дена, туку цел еден долг временски период и многу години“, забележува Свети Јован Златоуст, бидејќи потребни се многу борба и време за да се истера ѓаволот и Христос да го заземе Своето престојувалиште. Значи, посветете се на молитвата и чекајте додека Господ Бог не ве помилува. Не барајте ништо, освен милоста на Господ на славата и барајте ја смирено и со скрушено срце. Плачете од утрото до вечерта, а ако е можно и во текот на ноќта: ‘Господи Исусе Христе, помилуј ме!' Сè до својата смрт присилувајте го умот на ова дело.

Преподобен Пимен Велики

Во оној миг кога ние го покриваме гревот на ближниот и Бог го покрива нашиот, а кога ние го откриваме гревот на ближниот и Бог го открива нашиот.

 

 Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная