логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

ПРЕРОДБЕНСКИОТ ПЕРИОД

Скопската епархија, по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, се нашла под директна јурисдикција на грчката Цариградска патријаршија. Во Скопје епархиските архиереи главно биле од грчко потекло, но, сепак, хеленизмот   имал   слаби   позиции.   Седиштето   на   Скопската митрополија се наоѓало во црквата Св. Димитрија. Скопската епархија по 1872 година се нашла во границите на Бугарската егзархија. Дејствувањето на Патријаршијата и на Егзархијата во градот довела до подвоеност на македонските верници и до црковни борби во градот во 1890 кои траеле до 1897 година. Во 1890 година во Скопје доаѓа новоназначениот егзархиски митрополит Теодосиј Гологанов од македонско потекло. Тој ги употребил сите свои сили да го обедини македонскиот народ и повел борба против грчката, српската и бугарската пропаганда, а дури бил подготвен да прифати и унијатство со Ватикан, со цел да ја обнови Охридската архиепископија. Бугарската егзархија на сила го одвела во Цариград во 1892 година кога му бил одземен чинот митрополит Скопски.

Во XIX век црквата дејствувала религиозно и културно-просветно, поврзано со политиката на тукушто оформената млада македонска буржоазија. Во 30-тите години на XIX век со низата стекнати права, пред се, верски, почнува силна градителска дејност. Се граделе нови верски објекти со големи димензии, од базиликален тип. Црковната архитектура од XIX век може да се третира како последна фаза на средновековната црковна архитектура. Првата најголема и најубава црква, Св. Богородица, била изградена во Скопје во 1835 година. Под влијание на муслиманските верски објекти, во својот комплекс вградиле галерии на кат и пространи тремови.Во внатрешната декорација доминира повеќекатниот китнест иконостас, потиснувајќи го фреско-живописот. Во градењето и украсувањето на црквите учествувале групи мајстори, т.н. тајфи, кои ги сочинувале градители, резбари, иконописци и зографи. Меѓу нив најмногу се истакнале тајфите на градителот Андреа Дамјанов од родот Рензовци - Зографски, меѓу резбарите тајфата на Петре Филиповиќ - Гарката, а меѓу иконописците Димитрија Дичо Зограф, кои спаѓаат во групата на првите преродбеници во Македонија.

Во средината на XIX век се изградени повеќе селски цркви и манастири во скопските села по иницијатива на селските црковни општини на чело со селските коџабашии. Крушевските сликари Михаил Зограф, Даниил Монах, Никола Михајлов, Атанас Зограф се имињата на сликарите кои со нивното творештво ја одбележале оваа епоха, оствариле еден сликарски израз и го заокружиле процесот на уметноста на тлото на Македонија. На карактеристичната поствизантиска сликарска традиција во декоративните елементи провејуваат западните влијанија како крајно ретардиран барок. Тие биле хроничари на своето време и притоа биле духовно подготвени да ги прифатат сите општествени и културни промени кои воделе чекор напред кон европеизација, уривајќи го традиционализмот. Нивните дела се препознатливи и во Скопскиот регион.

ЦРКВАТА СВ. БОГОРОДИЦА – СКОПЈЕ

На левиот брег на р. Вардар и на левиот брег на р. Серава, во Пајко маало, се наоѓала најголемата и најубавата, односно катедралната    црква    во    Скопје,    посветена    на    вековната заштитничка на градот, Св. Богородица. Иницијативниот одбор при црковната општина во Скопје, во 1834 донел одлука за нејзино градење, а веќе во1835 е изградена од средствата на сите граѓани. Најголем удел во таа смисла дал скопскиот трговец-првенец Аџи-Трајко Дојчиновиќ, кој за оваа цел ги придобил скопскиот митрополит Гаврил и скопскиот турски великодостојник Авзи-паша.

Во основа црквата била трибродна базилика со проширен западен дел - трем, кој бил граден на кат и имал обележје на надворешна припрата, потпрена на 22 столба. Во олтарниот дел на храмот, постоеле три апсиди од кои средната апсида била деветтострана, а двете бочни петтострани. На катот на тремот била женската црква со два параклиса. Средниот брод бил издигнат над двата бочни со покрив на четири води, а страничните бродови биле покриени со покрив на една вода. Над женската црква покривот, исто така, бил на четири води. Градбата ја започнал Дамјан Јанкулов од родот Зографски од Велес, а ја довршиле неговите синови Ѓорги, Андреа, Коста и Никола.

Од 1838 година до 1842 година бил изработен иконостасот. Во долниот дел бил направен од бел мермер составен од 14 колони меѓу кои биле сместени престолните икони. Горниот дел од иконостасот бил дрвен, изработен во китнеста импозантна ажурна резба, кој е колективно дело на резбарите од тајфата на Петре Гарката, Макарие Фрчковски, Димитар Станишев.

Камбанаријата е изградена во 1909 година.
На крајот на Втората светска војна, во 1944 година, црквата изгорела.
Во 2004 година Конзерваторскиот центар на град Скопје ја започна обновата на црквата Св. Богородица, со изградба врз темелите на старата катедрална црква, а со средства на ктиторското семејство Костовски од Скопје. Црквата е осветена на 31.01.2008 година.

ЦРКВАТА СВ. СПАС – СКОПЈЕ

Црквата Св. Спас се наоѓа источно од скопското Кале, скриена зад висока камена ограда, а само високата дрвена камбанарија навестува дека овде се наоѓа црква. Историјата на оваа црква започнува во XVI - XVII век, обновена е во XVIII век врз темелите на постарата црква, а својот дефинитивен изглед го добила во XIX век.

Црквата Св. Спас по својот надворешен изглед е неугледна градба, вкопана во земја. Во основа е тробродна базилика со апсида на источната страна, а на западната страна е подигната галерија за жени. Двата странични кораба се одделени со два реда по четири колони со ниски и рамни тавани покриени со штици со коцки, а средниот е повисок и цилиндрично засводен.

Во нејзината внатрешност импресионира со убавината на копаницата, изведена во ореово дрво, големиот иконостас и останатиот црковен мебел, изработени од рацете на најталентираните мијачки резбари во Македонија, Петре Филиповски - Гарката, брат му Марко и Макарие Фрчковски во 1824 година. Според својата конструкција се дели на 5 хоризонтални појаси: основа, галерија на престолни икони, архитрав, атика и акротерија. Копаничарите со своите дела во црквата Св. Спас и во црквата Св. Јован Бигорски го достигнале својот највисок уметнички дострел. Со големо мајсторство и виртуозност ореовото дрво е изрезбарено во длабок релјеф и истакната ажурна резба која остава впечаток на префинета филигранска изработка. Декорацијата е преобилна, раскошна, во духот на барокот, со разновидни орнаменти - растителни, зооморфни. Виновата лоза со лисје и гроздови, натуралистички извајана, без стилизација, минува по целата ширина на иконостасот. Вметнувањето на животински, птичји и човечки фигури во декорацијата со големина од 15 до 25 см овој декоративен занает го издигаат на степен на уметност. Големиот крст, царските двери и проповедалницата биле позлатени по примерот од Атос.

Резбарите извајале колективни автопортрети, претставувајќи се себе си во мијачка народна носија, за време на работата, а за тоа оставиле натпис испишан над нивните глави.

Во 1867 година помали икони за црквата изработил најпознатиот македонски зограф од XIX век, Дичо Крстевич. Од неговата тајфа, Петре Новев Пачаровски за иконостасот ги изработил двете престолни икони: св. Јован Крстител и иконата св.Никола и св. Спиридон, поставена на јужната страна.

ЦРКВАТА СВ. ДИМИТРИЈА – СКОПЈЕ

На десната страна на реката Вардар, под скопската тврдина Кале, со векови им одолева на сите историски збиднувања и катастрофи храмот посветен на Св. Великомаченик Димитрија. Од натписот над влезната врата дознаваме дека на ова место уште во XVI век бил подигнат храм, а овој е изграден и осветен во 1896 година.


Во почетокот на XVIII век, односно во 1727 година, Св. Димитрија се споменува како катедрална црква, а во XIX век во неа е сместена Скопската митрополија.

Црквата Св. Димитрија е тробродна црква со апсида и купола. Низ историјата на нејзиното повеќевековно постоење, црквата неколку пати е реновирана: во 1835 година и во 1864 година, во 1886 и во 1894 година, а во 1896 година е проширена и го добила денешниот изглед од познатиот велешки мајстор Даме, син на Андреа Дамјанов. Новиот живопис, иконописот на дрвениот иконостас и царските двери ги изработил познатиот зограф Димитрија Андонов Папрадишки. Во 1907/8 година е изградена нејзината камбанарија.

По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, зографисувањето го извршил зографот Крсте Колоски во периодот од 1963 до 1973 година. Стилските и уметничките вредности на зографската реализација во храмот се со скромен дострел. Зографот, во рамките на своите можности, се трудел во однос на сликарската постапка да ја следи поствизантиската традиција на живописувањето.

ЦРКВАТА ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (СВ. СПАС) - С. РАШТАК

На источната страна на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, во с. Раштак се наоѓа црквата посветена на Вознесението Христово (Св. Спас), градена во 1861, а живописана во 1863 година.

Црквата Св. Спас е еднобродна, засводена со полукружна апсида чија надворешност е украсена со три ниши и има галерија на кат, т.н. женска црква.
Живописот, кој според ктиторскиот натпис е завршен во септември 1872 година, го изработиле зографи од Крушевската сликарска работилница, синови на родоначалникот Атанас-Вангел, Никола и Коста. Фреско-живописот ги носи сите карактеристики на втората половина на XIX век. Тие во фреско-живописот ги насликале и во овој регион го пренеле култот на македонските новомаченици од југозападна Македонија, св. Злата Мегленска (јужен ѕид, галерија на кат) и св. Ѓоргија Јанински (стоечки фигури, долна зона, северно од иконостасот), претставени во македонска народна носија со маченичките атрибути во нивните раце. Според сочуван потпис од 1866 година, на малата северна врата од иконостасот иконите во црквата ги изработил зографот Никола Михајлов, претставник на крушевските мајстори. Крушевските сликари и нивното творештво ги носат сите карактеристики на поствизантиската сликарска традиција, додека западните влијанија се гледаат само на декоративните елементи и претставуваат слаб рефлекс на крајно ретардираниот барок.

ЦРКВИТЕ ОД 30-ТИТЕ ГОДИНИ НА XX ВЕК ВО СКОПЈЕ

Се до почетокот на XX век, црквата била главен арбитер околу кој се одвивал целокупниот живот на македонскиот народ. Во тоа време, Македонија била под политичка доминација на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а под духовна јурисдикција на Српската православна црква. Светиот архиерејски собор на Српската православна црква и црковно-законодавните власти во тогашните епархии во Македонија под управа на српски архиереи, се стремеле да создадат т.н. српско-византиски стил со употреба на елементи од српската средновековна архитектура. Тоа е период на голема градителска дејност во градот Скопје. Иако сиромашни, верните македонски христијани не престанале да градат цркви за кои биле распишувани конкурси за изработка на проекти.

Сликарството кое настанало во Скопје пред и во меѓувоениот период има мошне скромни ликовни реализации. Некои од нив се уништени во земјотресот во 1963 година. Последниот зограф, Димитрија Андонов Папрадишки, уште пред 1918 година и потоа изработил икони и фрески за селски цркви во Скопско, а во црквата Св. Спас во Скопје спикал во периодот 1916-1917 година, го извел фреско-живописот и иконописот (1924) во црквата Св. Петка (преспикан во 1968), над влезот на црквата Св. Ѓорѓи во с. Петровец, најрано во 1927 ја живописал црквата Св. Великомаченик Ѓорѓи (Чаир) и го претставил и овој светец (1968 пресликани).

Последниот мијачки резбар, Нестор Алексиев и неговите синови, оставиле бројни копаничарски дела во Скопскиот регион. Неговото творештво е втемелено врз впечатливата традиција на верската и профаната резба во Македонија која содржи поттици и извесен увид во европската вајарска уметност. Тој е автор на кралскиот и на архиерејскиот престол изведен во ореово дрво во црквата Св. Богородица (целосно изгорена во 1944 година) и во црквата Св. Спас во 1934 година изработил кралски престол (не е во црквата). За Марковиот манастир Нестор изработил нови царски двери од ореово дрво (во 1937/8 година). Нестор и неговите синови изработиле иконостас во барелјеф за црквата Св. Андреа, Матка, изведен со стилизација и поедноставување на вообичаениот декоративен и иконографски репертоар. Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри, во скопската црква Св. Константин и Елена, разурната во 1963 година. Делови од овој иконостас се наоѓаат во една црква во Јурумлери, Скопско и во Св. Никола во Куманово.

ЦРКВАТА СВ. ПЕТКА-ПАРАСКЕВА - нас. ЦРНИЧЕ, СКОПЈЕ

Црквата посветена на Св. Вмч. Петка - Параскева се наоѓа во подножјето на планината Водно, во населбата Црниче, Скопје. Градена е во 1923/4 година, според архитектонски проект изготвен во Белград во 1922 година. Архитектонски припаѓа на т.н. "национален стил", односно, традиционален византиски тип - тиконхос од развиен тип со централна купола, комбиниран со западни влијанија, со камбанарија над нартексот. Живописот и иконописот во 1924 година ги извел познатиот македонски зограф Димитрија Андонов Папрадишки. Во катастрофалниот земјотрес од 1963 година живописот и камбанаријата претрпеле оштетувања. Во 1965 година зографот Теодосија Коловски од Лазарополе ја пресликал црквата. Во 1966 година е подигната нова камбанарија. Подоцна се доградени уште две крила на десната страна, посветени на св. Константин и Елена каде што е сместен дел од иконостасот од истоимената скопска црква разурната во земјотресот. Левата страна е посветена на Св. Недела Кирјакиска.

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ВТОРА ПОЛОВИНА НА XX ВЕК

По Втората светска војна, црквата и религијата се маргинализирани, а во замена за нив комунизмот ги пласира марксизмот и атеизмот. Црквата е одвоена од државата и од училиштата. Во периодот по Втората светска војна, во слободна Македонија, во новата општествена заедница, македонското свештенство води борба за еманципација и афирмација на Македонската православна црква. Иницијативниот црковен одбор кој бил формиран во 1945 година, во селото Врановци, Велешко, бил соочен со многу непријатности. Со Законот за аграрни реформи, биле одземени голем дел од манастирските и црковните имоти. Во Скопскиот регион биле разурнати две цркви заедно со селата: црквата Раѓањето на св. Богородица во селото Горно Водно и црквата Св. Никола во селото Долно Водно. Наспроти тоа, огромни биле проблемите кои и ги наметнувала Српската православна црква која не можела да се помири со одвојувањето на Македонската православна црква и губењето на епархиите во Македонија.

Во втората половина на XX век, македонското свештенство ќе однесе две победи кои ќе бидат два светли датума во нејзината понова долговековна историја. Имено, на црковниот собир одржан од 4 до 6 октомври 1958 година во црквата Св. Софија во Охрид, е обновена старата македонска, Охридска архиепископија, во лицето на Македонската православна црква, а автокефалноста е возобновена на 19. 07. 1967 година.

СОБОРНИОТ ХРАМ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – СКОПЈЕ

Идејата за градење на соборниот храм Св. Климент Охридски потекнува од периодот на осамостојувањето на Македонската православна црква во 1967 година. Соборниот храм не е изграден на свето место или на доминантно место, туку на една од најпрометните крстосници во градот, помеѓу булеварите „Партизански одреди" и „Св. Климент Охридски". Архитектот Спавско Брезовски по многу нешта отстапил од традиционалните црковни решенија давајќи и некаков модерен призвук, несвојствен за христијанските сакрални објекти. Камен-темелникот е поставен и осветен на 23.04.1972 година, завршена е и осветена по повод 1150-годишнината од раѓањето на патронот, на 12.08.1990 година. Црквата има форма на ротонда, со куполи и лаци. Главната црква е посветена на патронот, св. Климент Охридски, долната црква на св. Богородица, а страничните капели на цар Константин и царица Елена и на светиот маченик Мина. Фреските на сводот се на академскиот сликар Јован Петров, а иконописот на иконостасот на Спасе Спировски и Ѓорѓи Даневски.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА. . .

КРАЈ НА XX И ПОЧЕТОК НА XXI ВЕК ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО

Во 1991 година, со целосното осамостојување на Република Македонија и плурализацијата на политичкиот живот, Македонската православна црква интензивно ја продолжува борбата за нејзино признавање од страна на другите православни цркви. Тоа е период кога среде македонскиот народ силно ќе заживее христијанската религија и по долги години се градат голем број на нови цркви, византиски решени, најголем број триконхални, куполни, живописани по примерот на средновековните цркви. Во фреско-живописот значајно место наоѓаат македонските маченици: Св. Злата Мегленска, Св. Ѓорѓи Кратовски, св. Лидија и други, изработени по желба на нарачателите. Олтарот е издвоен со дрвен иконостас чии интерколумнии се исполнети со копии на најрепрезентативните средновековни икони. Новите цркви се градат со колективни средства собрани од верниците, а се јавуваат и многу нови ктиторски семејства.

ЦРКВАТА РОЖДЕСТВО НА СВ. БОГОРОДИЦА - ГОРНО ВОДНО

Една од првите цркви која е возобновена во овој период врз темелите на старата повеќевековна црква е црквата Рождество на св. Богородица, со колективно ктиторство на сите поранешни жители на разуранатото село Горно Водно. На црквата Св. Богородица I претходи долга историја која започнува некаде во XIII век, во пишуваните извори спомнувана како Св. Богородица Елеуса и Св. Богородица Водњанска, а во втората половина на XVI век црквата запустела. Од 1847 до 1870 година е обновена еднобродната, засводена црква посветена на празникот Раѓање на св. Богородица. Црквата Раѓање на св. Богородица и селото Горно Водно се разурнати во 1955 година. Камен-темелникот на новата црква Рождество на Св. Богородица е осветен на 6 октомври 1996 година. Проектот за новата триконхална, еднокуполна црква го изготвија арх. инж. Илија и Благојка Пулејко, а идејното решение за камбанаријата е на арх. инж. Никола Ничота. Живописот и иконописот се дело на актуелните зографи Кирил Златанов и Лазар Личиќ.

Мал дел од предметите кои им припаѓале на неколку цркви во Скопско, од различни историски периоди, денес се дел од збирката на религиозни предмети при Музејот на град Скопје.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная