Отец Методиј Златанов: Лазар и богатиот

Тоа секако упатува на она евангелско место каде што Спасителот им зборуваше на апостолите, сакајќи да им го покаже најважниот и најсуштествениот дар со којшто човекот е богоовенчан: Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што имињата ваши се напишани на небесата! Името на богатиот остана ненапишано на небесата.










Но зошто да зборувам за семејните конфликти кога и нашето сопствено тело, коешто ни е најбиско и најскапоцено, станува наш непријател кога грешиме, кога ни се одмаздува со болести и страдања. Телото-роб ја повредува душата-владетелка кога таа греши не затоа што тоа го сака, туку затоа што така ѝ е заповедано. За тоа сведочи Христос, Којшто му вели на раслабениот:




























