логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Metodij.k.dol.Veligden10.jpg

БИДЕТЕ БУДНИ!

(Лк. 12, 32-40)

Живеејќи со искуството на евангелското неминливо ниње (сега), низ секојдневно исчитување на словото од спасоносните собитија и поуки, на повеќе места од Новиот Завет ги среќаваме зборовите што го поттикнуваат нашето духовно внимание: Бидете будни!!! Својата проповед, свештената педагогија од пустината, свети Јован Претеча ја започнува со истиот повик, со истиот глас кон покајание: Пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови!
Спасителот и самиот постојано ги потсетува Своите ученици на неуморна бодрост во мисијата. Параболата со талантите Тој ја започнува со истата поента: Бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки... Во параболата со петте мудри и петте неразумни девојки ја среќаваме истата поента. Понатаму, и во поуките во коишто го објавува карактерот на последните денови Тој вели: А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите штом ќе пропеат, или наутро; па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете. А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: Бидете будни!
Особено потресна е епизодата кога Господ се моли во Гетсиманија. Ги зема со себе тројцата ученици, Петар, Јаков и Јован и им вели: "Душата Ми е смртно нажалена; останете тука и бидете будни! И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине оној час, ако е можно; и велеше: Ава, Оче! Сé е можно за Тебе, отклони ја од Мене оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како - Ти. Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петра: Симоне, спиеш ли? Не можеш ли еден час да бидеш буден? Бидете будни и молете се за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо." Бидете будни, - на овие едноставни зборови се темели целиот духовен подвиг со којшто учествуваме во крстот на Спасителот. Во Христовата љубовна и крсна жртва за спасение на светот.
Во денот на Вознесението, Господ ни вети дека пак ќе дојде, во слава. И навистина, прифаќајќи ја со благочестива вера евангелската вистина секојдневно сме соочени со фактот на Неговото повторно доаѓање. Со безвременото време на Судот. Незалезниот ден во кој ќе се измери нашата будност. Има меѓу нас такви што го очекуваат второто доаѓање и му се радуваат. Има и такви што со страв ја прифаќаат неговата неминовност. Најголемиот дел од луѓето денес, сепак, ниту веруваат, ниту го очекуваат ова чудесно Доаѓање (Парусија) што ќе го најави исполнувањето на времето. Нашите браќа и сестри во првите векови од христијанството постојано се молеа: Господи дојди, - зошто навистина ништо не е поблажено за луѓето од тоа повторно да се сретнат со Господа. Со Господ Кој ќе дојде со своите свети ангели, во незалезна слава, и ќе се зацари над сето видливо и невидливо. Во последните редови од книгата Откровение е сочувано ова есхатолошко сведоштво: Да, ќе дојдам скоро! - вели Господ. Амин! Да, дојди, Господи Исусе! - одговараат верните.
Бидете постојано подготвени зошто не го знаете часот кога ќе дојде Синот човечки. Та Тој дури и ни кажува на кој начин треба да се подготвиме: Нека ви биде крстот стегнат и светилата - запалени! Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука. Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Што значат овие зборови? Која е симболиката на стегнатиот крст и запалените светилки?
Сведоштво за ова наоѓаме уште во етосот на старозаветната Црква. Тоа е етосот на будните. Етосот на оние коишто овој живот го прифаќаат како постојан труд, како постојана преселба кон вечната татковина, чиј праобраз е четириесетгодишното талкање низ пустината по преминот на Црвеното Море. Благочестивиот обичај на старозаветните духовни номади се пренел и на нивните наследници. Така Израилот ја јадел својата свештена Пасха. Така новиот Израил - Христовата Црква се подготвува за совршената Пасха на Спасителот. Со крстот препашан, со запалена светилка и со патерица во раката, како симбол на исконското странствување. Зашто оној што работи или патува, тој не го разврзува својот појас и не ја гаси светилката на недреманата будност. Да бидеме препашани со љубовната ревност кон исполнувањето на Божјите заповеди, тоа значи да живеме постојано во целомудреност. Во духовната чистота на покајанието и во боголикото смирение. Во воздржување и пост. Постојано бдеејќи над бестрастието со кое го прегрнуваме сето Божјо создание.
А пак, запалените светилки, се симбол на чистотата на умот и срцето. Тоа значи постојано да размислуваме за Бога, постојано да се напојуваме со Неговата мудрост, зашто и умот и срцето треба да бидат подготвени за Неговото повторно доаѓање. На тој начин, навистина ќе заприлегаме на оние слуги коишто го чекаат својот Господар, дури и како што се вели, и во доцните часови на историското време.
Будноста е најпрвин за да се дочека подготвено Господарот на нашето спасение. Но и не само тоа. Во евангелското четиво уште се вели: Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата. И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки! Господ ни најавува дека пред второто Свое доаѓање, пред доаѓањето на Господарот, будноста ни е потребна и заради доаѓањето на крадецот, ненавидникот на нашето спасение. Оттаму е сета несреќа во овој свет; бидејќи човекот непрестано се измачува со стекнување на секаков имот. Но немајќи ја духовната будност, постојано е ограбуван и живее во агонијата од чувството на ограбеност која е дело на ѓаволот и неговата неблагочестива логика - неморалот, всушност, анти-моралот, во која, човекот од овој свет, одамна станал вистински виртуоз. Оттаму е и потребата од подготвеност за невидливата борба. За аскетскиот подвиг. За истрајноста во молитвата, постот, покајанието и проштевањето. Нашата сила, пак, е во блажениот покров на Христовото ветување: Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная