логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Денес, на денот на свети Јован Милостив, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот на свети Максим Исповедник и свети Григориј Палама во Стар Дојран.

Рече Господ во приказна: на некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои. И рече: ова ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години: почивај, јади, пиј и весели се.

Но Бог му рече: безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе остане?

Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога. (Лука 12, 16-21)

 

После прочитаното Евангелие, Владиката рече:

Целиот наш живот е дар Божји. И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бога за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромавите со своето богатство и на тој начин Му благодари на Бога за него, и го препознава овој дар. Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и кога со смирение и благодарност би се однесувале кон нив, даровите Божји би служеле како средство за надградување и остварување на нашата заедница во Богочовекот Христос, нашиот најголем дар Божји и би служеле како средство за наше спасение. Со други зборови, само на тој начин можеме да Му благодариме на Бога кога неговите дарови повторно Нему Му ги принесуваме – Твои дарови од Твоите, на Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сѐ. Делотворниот однос на благодарењето од севкупниот наш живот соборно се исполнува со нашето учество во Светата Евхаристија (Благодарење) на Црквата Божја.

Но, како конкретно богатиот „успева да собира“ добра само за себе, а не се богати во Бога, односно како тој своето богатство како дар Божји не Му го принесува конкретно на Бога? За да го објасниме овој негативен пример ќе се послужиме со друг негативен пример од случувањето на Страшниот суд:

Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели. Зашто гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте’.

Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор и не Ти послуживме?’

Тогаш ќе им одговори и рече: ‘Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле’. (Матеј 25, 41-45)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најповеќе) со секој еден страдалник. Затоа секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе туку се богатиме во Бога.

Сето ова погоре кажано начелно важи најнапред и најповеќе за луѓето што живеат и работат во светот. За монахот, како оној што е мртов за овој свет, начелно важи друго правило. Монахот е должен да Го нахрани, напои, прибере, облече, посети и Му послужи на Христос во своето срце. Секако, за да го оствари ова најнапред треба да го очисти своето срце од страстите, да го осознае ‘местото’ на срцето, да го открие Царството Небесно внатре во себе и да застане пред Царот на Славата, распнат заради нас и наше спасение.

Ова богатење во Бога се случува на трите степени од духовниот развој: на степенот на очистување на срцето од страстите, на степенот на просветлување и на степенот на обожение.

На првиот степен во Бога се богати оној кој го чисти своето срце од страстите, односно оној кој ги преобразува своите страсти во добродетели, и ги умножува истите. Секако, овој процес мора да се случува во рамките на конкретно и апсолутно послушание, односно кога со слободното потчинување на нашиот ум под умот на духовниот отец престануваме да ја храниме страста на словесниот дел од душата (умот) – гордоста, суетата, високото мислење за самите себе.

На вториот степен во Бога се богати оној кој страда во подвигот за исполнување на Христовите зборови: љубете ги непријателите свои и кој својот ум повеќе часови од денот го држи молитвено закопан во своето срце (дури и за време на Светата Литургија) барајќи го само Него, а не Неговите дарови.

На третиот степен на децата Божји им се открива тајната на зборовите на нивниот Небесен Отец дека сѐ Мое е ваше и им се открива соборната димензија на повикот на Духот Божји внатре од нивните срца: Авва, Оче! – им се открива она што светиот старец Софрониј го нарекува плач за целиот Адам.

Господи, помилуј...!“

 

(според записот на присутните сестри)

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная