логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

 

ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО
(Мт. 14, 22-34)
Господ ги испрати учениците во кораб
преку морето, а потоа, во четвртата стража од
ноќта, откако се помоли на планината, дојде при
нив одејќи по површината на разбранетата вода.
За човечкиот разум ова е едно од највпечатливите
чуда што Спасителот ги направи пред очите на
апостолите. Низ целата човечка историја, како
црвена нишка се провлекува фасцинацијата од
овој за природната логика несфатлив феномен.
Надвор од законите на гравитацијата, несвојствено
за структурата на водата, неочекувано за
човечкото разбирање на светот. Затоа и страв се
беше вовлекол во срцата на учениците очевидци.
Тие ја чувствуваа силата на природните стихии,
но пред нивните очи ете нешто уште посилно од
бурата, брановите и темнината. Учителот, Кој
кротко и смирено го поучуваше и лекуваше
народот, им зборуваше за спасението и Царството
Небесно, сега им се приближува чекорејќи по
водената површина, им заповеда на природните
сили и им се открива на луѓето како Господар на
сета вселена. Тие тоа навидум го знаеја, но она,
со што беше искушан нивниот разум, беше над
47
обичното познание. Тоа го сведочи и самото
евангелско четиво. Кога учениците Го видоа како
оди по морето, се уплашија и од страв извикаа:
“Тоа е привидение!” Колку вообичаена реакција
на умот човечки. Отворен да прифаќа секакви
измислици и суетни заблуди, потпирајќи се на
сетилата, а соочен со натприродната логика на
чудата истите ги смета за привид. Тое е и првиот
страв што го разобличува евангелското собитие.
Стравот што произлегува од допирот со
натприродното. Како некоја невидлива рака да ја
отвара пред нас за прв пат вратата кон
метафизичкото. Но Исус веднаш почна да зборува
со нив и им рече: “Не бојте се! Јас сум, не плашете
се!” Со други зборови, она што го лекува ваквиот
страв е благочестивото познание на Богочовекот
Христос. Логосот Божји кој неразделно и неслеано
има удел и во божестевната и во човечката
природа.
Петар, пак, со својот темперамент кој
секогаш зрачи со непосредност и безрезервност,
поттикнат од Христовите зборови, Му рече:
“Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе
во водата!” Да се сетиме само на неговата реакција
при првата средба со Учителот покрај
Галилејското море. Па и по воскерсението. Јован
прв дојде до гробот, но Петар, веднаш по него,
без размислување влезе за да го побара телото на
Спасителот. И кога подоцна им се јави, пред
вознесението. Останатите ученици со коработ се
упатија кон брегот, а само Петар се опаша и
48
скокна во морето, пливајќи да Го сретне Христа.
Како тогаш, така и во овој случај тој посака да се
сретне со Спасителот, но не на брегот, туку среде
море. И Исус му рече: “Дојди!” Па штом излезе
од коработ, Петар тргна по водата за да оди
при Исуса; зачекори, но, кога го виде силниот
ветар, се уплаши, почна да тоне и извика:
“Господи, спаси ме!” Исус веднаш му подаде рака,
го фати и му рече: “Маловернику, зошто се
посомнева?” Овој страв што го беше опфатил
Петра нема никаква врска со стравот Божји. Овој
страв беше обичен човечки страв поттикнат од
инстинктот за самоодржување, маловерен страв
на човек којшто буквално го губи цврстото тло
под нозете, кој ја губи верата во Бога. Коренот
на овој втор страв за кого зборува евангелскиот
текст е сомнежот. Недовербата во себе,
недовербата во светот и неговите законитости, и
конечно, недовербата во Бога. Зашто, Петар со
својот прв чекор на морската површина не се
исплаши од силата Божја која ги надминува
природните стихии, туку се плашеше од ветрот
што беше силен, од брановите во темната ноќ што
беа високи, и, се посомнева во тоа дали Учителот
навистина ќе има сила да го спаси од давење.
Од друга страна, пак, со овој гест
Спасителот сакаше да им открие на апостолите
една исклучителна вистина. Сознание кое во
символичка смисла беше уште еден праобраз на
воскресението. Имено, она што на Бога Му е
можно по природа, истото по благодат му е
49
возможно и на секој човек, на секој оној што ја
носи на себе човечката природа. И единствено
што го оддалечува од силата Божја, единствено
што го оддалечува од моќта и власта да биде
сотрудник Божји дури и во најчудесното е стравот,
т.е. сомнежот. Затоа Спасителот постојано ги
охрабрува своите ученици: Не бојте се, не
плашете се! Токму затоа и ние не треба во ништо
и со ништо да се сомневаме, ниту да се плашиме
дека она што Бог Го промислил за нас нема да се
исполни. Или дека она што е во силата на
десницата Божја, а е промислено за нашето
спасение, нема да се оствари. Сé има смисла и
промисла. Оттаму и редот во овој навидум
метежен свет. Присуството на Божјата промисла
е изворот на секој поредок и логика. Тоа, на еден
мошне едноставен, би рекле интимен, начин го
забележуваме и во финалето на евангелското
собитие. Кога Господ Исус Христос и Петар
влегоа во коработ, ветрот престана. А оние, што
беа во коработ, се приближија до Него, Му се
поклонија и рекоа: “Навистина, Ти си Син
Божји!”
Преку разбрануваното море, темнината и
бурата, Господ ги доведе апостолите до
познанието што им беше насушна попатнина за
идната мисија. Од него, од ова познание, заблеска
стравот Божји, третиот и единствено балгочестив
страв, кој ни се открива низ целата библиска
педагогија, па и низ ова четиво. Тој страв е
почеток на секоја мудрост. Зацврстување и
50
надминување на секоја колебливост. Утврдување
во секое знаење. Стравот Божји ни дава сила и
смелост пред Бога и во Бога. Со истата таа сила
апостолите, бестрашно и со цврста вера чекореа
по разбрануваното море на овој свет и го
пороповедаа Евангелието по сите краишта и
мередијани. Со истата сила и ние им преодолеваме
на стихиите и бедоносните бранови на животот,
трудејќи се да Му бидеме верни на Христа и
носејќи го својот крст да не потонеме во погубните
длабочини на гревот и злобата.

 

 (Продолжува)

Друго:

Митрополит Методиј Златанов - ПЕДАГОГИЈАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА

Митрополит Методиј - РИЗНИЦАТА НА СРЦЕТО

 Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная