логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


metodij.izlozba2.jpg

СТРАВОТ НА ГЕРГЕСИНЦИТЕ

(Мт. 8, 28-34; Мк 5, 1-17; Лк. 8, 26-39)

Чудото на исцелувањето на бесните од гергесинскиот крај, возљубени браќа и сестри, нé соочува со прашањето за стравот и љубовта кон Бога. Дали овие две нешта сосема се исклучуваат, како во желбата на Гергесинците на крајот од евангелското четиво, или на некое ниво стравот и љубовта се комплементарни и ни помагаат во градењето на личниот однос кон Бога? Стравот Божји кого често го препознаваме кај најверните и најпобожните луѓе во библиската историја не е просто патолошка состојба. Иако наречен страв, тој всушност не е фобија или некаков трепет на неприпитомено животно пред авторитетот на својот господар. Стравот Божји или благобојазноста (благоговение) е едноставно кажано послушание од љубов. Потполна изостреност на вниманието да не Го изневериме со нешто Оној, Кој има потполна доверба во нас.
Замислете семејство во кое децата немаат ни почит, ни благодарност, ниту пак приврзаност кон своите родители. Замислете семејство во кое децата го одрекуваат постоењето на своите родители. Светот во кој живееме денес во голема мера наликува на вакво семејство. Свет на непослушност и солипсизам.
Сега да му се вратиме на евангелското собитие. Кога нашиот Господ и Спасител Исус Христос пристигна во земјата Гергесинска, во која живееше племе кое некогаш му припаѓаше на избраниот народ Израилев, се сретна со два човека, со легион демони и со крдо свињи. Двајцата бесомачни беа во таква лоша духовна состојба, што предизвикуваа страв и трепет на сите што беа принудени да поминуваат покрај ова место, на кое сега стоеше Спасителот. Случајните минувачи, се разбира, не се плашеа од луѓето, туку од демоните што со нив управуваа, терајќи ги да дивеат, да се кријат по гробовите и со агонијата на демонизираноста да напаѓаат сé што ќе им излезе пред очите. Силата на демоните, значи беше во стравот што го предизвикуваа. Но, кога пристапи Господ, тие познавајќи Го, како духовни битија, сосема го променија својот став. Иако отпаднати во непослушност, одметнувајќи се во потполно проклетство, заедно со својот началник, ѓаволот, тие Го познаа во Христа Создателот и Господарот на сето видливо и невидливо. И, бидејќи испразнети од љубов, бидејќи демони, тие не беа во состојба поинаку да реагираат освен со ужасен страв. Од овој аспект, стравот ни се открива како отсуство на љубов.
Демоните се исплашија и почнаа да Го молат Христа да не ги мачи пред време. Зошто велат пред вереме? Та тие знаеја дека платата за непослушноста е во вечните маки на идниот век. Сознание кое и ние луѓето го имаме, но во кое често не веруваме. Рајот и пеколот за маловерните, мошне често се само приказни за некоја далечна, неизвесна иднина. Внимателно исчитувајќи ги овие редови во Евангелието, неизбежно е да забележиме дека во однос на послушноста, послушноста од љубов кон Бога, ние луѓето често се однесуваме полошо и од демоните. Тие тоа го прават од страв, а ние понекогаш немаме ни страв, ни љубов. Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нé мачиш?- Во нивната преплашена реакција содржано е и признавањето на Христа, како Син Божји. Тоа е наследство од нивното познание како некогашни ангели. И во тоа, нашата состојба е некогаш понезавидна. Се разбира, ние никогаш не можеме сосема да се поистоветиме во падот со демоните, првенствено бидејќи, за разлика од нив, ние го носиме образот Божји, но според делата на непослушноста и самоугодувањето, сосема им се уподобуваме. Демоните го молеа Господа: Ако нé изгониш, позволи ни да отидеме во свињине! - нешто што многу потсетува на молбата на безимениот богаташ, кој наместо милост и искупување, побара сиромавиот Лазар со прстот да му го разлади јазикот. Какво безумство се крие во самоугодувањето!
И Господ им го дозволи тоа, зашто Неговата намера беше да ги ослободи луѓето од прангите на демонското робување. Како Творец и Искупител на сé што постои, Тој ја покажа власта и над нечистите духови. Власта и љубовта кон своето создание паднато во непослушност.
Демоните влегоа во свињите. Свињите се сурнаа во провалијата и се издавија во морето. Свињарите, пак, престрашени истрачаа да им јават на луѓето во градот што се случи со бесните и со свињите. Нивниот срав е симптом на нивното духовно здравје. Иако за евреите свињите спаѓаат во нечистите животни, очигледно во овој крај Старозаветниот Закон Божји не се почитуваше. а тоа уште повеќе може да се забележи и од реакцијата на Гергесинците. Тие од очевидците разбраа за чудесното исцеление на бесните што Христос го направи, ослободувајќи ги од големата неволја што им се закануваше на сите кои поминуваа по овој пат. Но, тие не се израдуваа заради тоа, ниту Му заблагодарија на Искупителот. Ним едноставно повеќе им беше жал за свињите што се издавија, одошто за луѓето, - нивните сродници, нивните браќа, што беа излекувани. Како резултат на својата оскрбеност, тие Го замолија Христа да си замине од нивниот крај. Ваквата реакција едвам може да се нарече човечка, или разумна. Таа во многу што наликува на реакцијата на Великиот Инквизитор од философската парабола на Достоевски. За овој свет, кој е опседнат со либерализмот, како идеологија на непослушноста, нема место за Христа и за Неговото милосрдие. Тоа е злото на кое лежи светот. Но светот не треба да го поистоветуваме со злото, бидејќи светот е создание Божјо. Со својата љубов кон Бога и благоговејното исполнување на Неговите заповеди, секој ден, со секој едноставен добродетелен подвиг, преку личното преобразување, да ја преобразуваме незавидната состојба на човештвото, која малку се разликува од она што нашиот Спасител го сретна во земјата на Гергесинците. Амин!

 Продолжува)

Друго:

Митрополит Методиј Златанов - ПЕДАГОГИЈАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА

Митрополит Методиј - РИЗНИЦАТА НА СРЦЕТО

 Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная