логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Hristos.pantokrator1.jpgВо суштина, сите сме должници на нашиот Бог, Создател и Творец, Кој е наш Господар и ние сме Негови. Сите згрешивме и сеуште грешиме и пребиваме во своите гревови, и тешко ни е да се исправиме. И тоа е нашиот долг пред Бога, кој не е мал и не може со ништо да се откупи, освен со милоста Божја.

Според овој евангелски настан, откако Господарот си го побарал долгот и откако должникот не можел да му го врати, го ставил во затвор се додека му исплати се што должи. Но овој бидејќи не можел да го врати својот долг, Му се молел и умилкувал, и Господ му се смилил и му ги простил гревовите. Така, Тој по нашите молитви, усрдие и трудови, а пред се, по милоста Божја, ни ги простил нашите гревови и ние сме слободни.

Но, од друга страна ние сме неправедни кога не и ги простуваме долговите на другите, кои се несразмерно помали од нашите долгови кон Бога. Сите сме паднати, грешиме и робови на гревот, и во тоа сите сме исти. Се повредуваме еден со друг, пред се, заради нашата гордост и самољубие. Се повредуваме зашто самите себе се сакаме повеќе од другите, и така горди, кога некој ќе каже нешто кое не не повредува нас, туку нашата суета, ние му го земаме за грев, ја губиме љубовта, се помрачуваме, се затвараме, страдаме и во тоа е болката и трагедијата на човештвото, што ние сме се истоветиле со нашите болни страсти и погрешни желби.

Вистина, ако не ги простиме грешките и долговите на нашите ближни, ниту Бог нас нема да ни ги прости. Тоа не е некаква закана или казна, туку причинско последична реакција. Ако ние не му го простиме гревот на оној кој нам ни “згрешил”, тој грев на нељубов и непростување во нас останува и тоа е во суштина нашиот затвор и темница. Зашто таму кај што нема љубов, таму не е ни Господ, туку ѓаволот, и нема светлина туку темнина, нема слобода туку ропство. Во тоа е и нашето заробување. Ние се заробуваме од тежината на нашиот грев и го носиме, го носиме и го носиме се додека не го простиме гревот на нашиот ближен, та макар тој грев бил најголем и од “ нашиот најголем непријател”.

Треба да се сакаме и љубиме еден со друг и, како што апостол Павле не учеше во својата 13 гл. од посланието до Коринтјаните, што денеска пред Евангелието ја прочитавме и која нема потреба да ја толкуваме, така и ние да се сакаме еден со друг, секогаш да застанеме на последното место, да не ја бараме нашата слава и волја, туку пред се, да го живееме братот во своето срце. Тогаш и Господ ќе расти во нашето срце и полека , полека тоа ќе стане толку чисто и чуствително за секој двиг и потреба на секој еден. Тогаш и навистина ќе нема раздори, тужби и кавги, за кои ние денеска, во ова време, особено во ова наша општество и заедница, сме сведоци.

Ќе кажам два примери кои јас често ги повторувам. Првиот е пример како ѓаволот делува онаму каде што нема простување.
Биле двајца подвижници кои живееле заедно и во голема љубов. Ѓаволот гледајќи ја нивната љубов и заедништво, им завидел и сакал да ги раздели. Еден ден ѓаволот тропнал на вратата и на едниот му се претворил како гулаб, а на другиот како гавран, и меѓу себе почнале да се расправаат дали е гулаб или гавран. Не се смириле еден пред друг и не сакале да си попуштат и простат, па се скарале и разделиле.

Вториот случај е со двајца подвижници, кои исто така постојано живееле заедно и пребивале во љубовта Божја и меѓу себе. Еднаш разговарајќи за случувањата во светот, едниот од нив рекол: Ние не знаеме што е тоа кавга. Ајде да се скараме и да видиме што значи тоа човек да се скара и да го почуствуваме тоа чувство.Причината за нашата кавга ќе биде оваа тула. Јас ќе речам моја е, ти ќе речеш не е твоја туку моја е, и така ќе се скараме. Тогаш Првиот рекол: Оваа тула е моја, другиот рекол: Не е твоја туку моја е, а првиот, кој сам го предложил тоа, рекол: Не е моја твоја е, земи ја; и пак не се скарле и останале заедно, и тоа во поголема меѓусебна љубов.

gavril.heder2.jpgЗначи, кавгите потекнуваат од ѓаволот, кој сам по себе е зол, разделувач, проклетник, клеветник. Затоа не треба да го слушаме и да не им служиме на нашите страсти, гордост и заробеност на срцето, туку со отворено срце, со една јасна и чиста визија дека живееме за Царството Небесно, а не за ова царство, да им простуваме на своите браќа, а пред се, да бараме прошка за самите себе. Се сеќавате на оној Евангелски настан кога Господ рекол: Кој е без грев, прв нека фрли камен. На крајот кој фрлил камен? Никој. Кој останал? Само Господ Кој е единствен без грев и грешницата на која Господ и ги простил гревовите. Така и ние, ако сакаме да ни се простат нашите гревовите, ако сакаме да го очистиме своето срце од страстите и да се ослободиме од ропството на гревот, темнината, ѓаволот и смртта, треба да се смируваме еден пред друг, да се сакаме и си простуваме.
Простете ми најпрво на мене грешниот.
Амин

 Извот: Манастир Св. Прохор Пчински Донибрук 

Посети: {moshits}

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная