логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во чест на првиот учител, организатор на МПЦ и добротвор со стремеж во се' да го поучи народот

Вера Стојчевска - Антиќ

За изградувањето на животниот пат и делото на Климент Охридски послужиле повеќе извори, кои според јазикот на кој се сотавени се делат на: словенски, грчки и латински. Во случајов зачуваните грчки извори даваат најцелосна слика за Климента. На прв план доаѓа „Опширното житие на Свети Климент Охридски” составено од охридскиот архиепископ Теофилакт, по потекло Грк, познат писател и автор во Византија во 11. век. Неговиот состав претставува вистинска уметничка хагиографија, градена по високите критериуми на византиската хагиографска литература. Меѓутоа, се смета дека овој богат извор, секако, го имал пред себе и словенското опширно житие на Климента. Во еден словенски извор од „Краткото житие на св. Наум”се наоѓа податокот дека постоеле словенски опширни житија на Климент и Наум Охридски, но до нив не можел да дојде анонимниот автор. Најверојатно, Теофилакт ги имал пред себе словенските житија. Исто така, во 13. век охридскиот архиепископ Хоматијан го составил на грчки јазик „Краткото житие на Свети Климент”.

За родоначалникот на старата македонска книжевност немаме достатно податоци во врска со неговото потекло, место на раѓање, со младешките години . Се смета дека е роден околу 840 година, а се знае дека починал на 27 јули 916 година, во сопствениот манастир во Охрид. Повеќе слависти сметаат дека и местото на раѓање е неговиот сакан град Охрид. Оваа претпоставка се базира заради определеноста на Климента да живее и работи најчесто во Охрид, каде што заминал од бугарскиот центар во 886 година. Од неговото книжевно творештво. а и од вестите што ни ги оставил Теофилакт, се заклучува дека стекнал солидно образование во некоја византиска школа. Учествувал заедно со сопатникот Наум Охридски во Моравската Мисија, како млади ученици на Кирил и Методиј.

Учениот и талентиран хагиограф Теофилакт не препушта да ги истакне сликите на учениците по смртта на Методиј. Германските епископи веднаш се погрижиле да ги сотрат трагите од Кирилометодиевската дејност. Горазд не го заменил Методија а сите ученици биле жестоко измачувани и протерани од Моравија: „Војниците, луѓе жестоки, Германци, и по природа жестоки, а сега жестокоста им се зголемила и заради наредбата, според која ги изведоа светците од градот, каде што ги свлекоа и голи почнаа да ги влечат. И со една постапка им нанесува две лошотии: бесчастие и страдање од студената магла која секогаш се надвивала над дунавските земји...” Измачувани и протерани, некои од нив умреле, други биле продавани по европските пазаришта како робови, трети се упатиле долж Јадранското крајбрежие, а посебна група, меѓу кои се наоѓале Климент и Наум Охридски, ја минале реката Дунав со сплав и пристигнале во Белград. Оттаму заминале во бугарската престолнина на кнезот Борис, каде што биле убаво пречекани и сместени во најбогатите благороднички куќи, бидејќи кнезот одамна посакувал образовани луѓе, кои ја усвоиле словенската писменост.

Животниот пат на Климент Охридски изворите го започнуваат со одисејата по Методиевата смрт. Меѓутоа, познато е дека Климент од младите години го следел Методија, а со тоа што патот на Браќата бил речиси заеднички, и Кирила. Тој учествувал во Моравската мисија и таму се развил во доследен и образован мисионер, кој ги следел сестрано Учителите. Сигурно е дека во Рим, стекнал свештенички чин и го добил името Климент. Истата година 886, кога стигнал кај кнезот Борис, заминал во Западна Македонија и во градот Охрид ја основал значајната Охридска школа. Мнозина слависти сметаат дека Климент Охридски е роден во Охрид, заради големата љубов што ја носел кон овој град. Документите тоа не го откриваат, како и годината на неговото раѓање и потекло. Но, она што тој го направил со својата дејност останува како трајна придобивка на македонската историја и култура.

Во 886 година Климент Охридски во Охрид ги удрил темелите на Охридската книжевна школа, во која тој станал и првиот нејзин учител. Тој сигурно сфатил и знаел колку е неграмотно населението во Македонија и започнал интензивна работа на описменувањето на млади и стари во формираната школа. Во неа учрниците ја изучувале глаголската азбука. Дури во славистиката се смета дека Климент Охридски намерно заминал во Западна Македонија, која тогаш влегувала во составот на средновековната бугарска држава, за да може таму да ја спроведе мирно целата наследена кирилометодиевска традиција. И додека во Охрид се ширела глаголицата, во Источна Бугарија , во Преславската книжевна школа, загосподарила кирилската азбука. Факт е дека во Охридската книжевна школа, уште цели два века и по смртта на Климента, била употребувана глаголската азбука. Како очевиден пример на ракопис што настанал токму во Охридската школа е Асемановото глагослко евангелие, напишано со типична тркалезна охридска глаголица. Овој споменик е зачуван во Ватиканската библиотака. Во него се наоѓа и синаксар, кој открива дека меѓу канонизираните светци се наоѓаат имињата на: Св. Кирил, Св. Методиј. Св. Климент. Со оглед на тоа што ракописот настанал во крајот на 10. век, станува јасно дека е оваа трага најстара за споменувањето на нашите светци. Паралелно со глаголицата се ширела и полесната кирилска азбука, но како глаголски центар во средниот век се затврдил Охрид и Охридската Школа. Теофилакт соопштува дека од оваа школа излегле 3.500 ученици. Умниот Климент распоредувал по 300 од нив во сите делови од Македонија , и на тој начин успевал да ја шири и негува писменоста пошироко. Тие исти ученици се занимавале и со организирање на македонските цркви, според напатствијата на учителот Климент. Не случајно Охрид и Охридско се прочуле со бројните црковни градби, како и цела Македонија, и сите места до кои допирале учениците на Климента.

Во Охридската школа Климент се занимавал интензивно и со книжевна дејност. Откривајќи дека народот не е доволно верзиран во вистинската христијанска вера, во црквите им држел христијански поуки. Тој умеел да им се обраќа на насобраните луѓе едноставно и братски:„Пријдете чеда”, „Приближете се до мене”, „Браќа мои и сестри”. Покрај усното обраќање до народот, Климент ги составувал изречените беседи и писмено. Иако не целосно зачувани, многу од тие беседи, или слова, се познати во славистиката. Главно се делат на поучителни и похвални. Поучителните им биле наменети на широките неуки народни маси, биле составени како лесно прифатливо четиво, или говор, за да биде разбрано од секого. Тие се одликуваат со посебна дидактичност. Со овие слова Климент сакал на лесно достаплив начин да им ја приближи на луѓето христијанската суштина, како и нејзините носители. Затоа во нив следат појаснувања за значењето на Велигден, Божиќ, за благовеста на Богородица, за Светата Троица, за Светите апостоли, за апостолот Марко. Во похвалните слова Климентовиот стил се возвишува, зашто пишува искрени беседи, похвали, за знаменити луѓе, како што се неговите учители Кирил и Методиј, за Исус Христос, за Богородица, за Свети Јован Крстител, за четвородневниот Лазар, за бестелесните Михаил и Гаврил. Во нив неговиот стил е возвишен, авторот е вистински лирски поет, а употребува сликовити стилски изрази, особено: епитети, компарации, хиперболи, метафори, итн. Познатиот христијански лик на воскреснатиот Лазар е возвеличен во успешно компонирана градација, исполнета со сликовита фигуративност:

“...Лазар, чудесна билка од божјата градина.

Лазар, медоносна капка од божјата премудрост.

Лазар, источник на духовна благодат.

Лазар, неувенлив цвет од рајската градина.

Лазар, орел што го пара вишното небо на премудроста...”

Во 893 година Климент Охридски го напуштил учителското место во Охрид и бил назначен за прв словенски епископ во Велика, а неговото место во Охрид го зазел неговиот сопатник и брат Наум Охридски. На оваа должност останал се до својата смрт. Починал во 916 година, во истоимениот манастир што самиот си го изградил уште за животот.

По Моравската мисија, истата дејност ја пренесол во Македонија, која станува расадник на кирилометодиевската писменост и традиција. Се истакнал како прв учител, како организатор на Македонската православна црква, како добротвор со стремеж во се да го поучи народот, како родоначалник на средновековната македонска книжевност.

Извор: Утрински весник
 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная