логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 38.machenici1

 ✤

”Добро е да се чува царската тајна , а пофално е Божјите дела  да се разгласуваат.” ”Добро е да се чува царската тајна, но пофално е Божјите дела да се разгласуваат " – така му рече ангелот Рафаил на Товија, откако на чудесен начин слепите очи му прогледале    ( Товит.11.10-12). Зашто опасно е и убиствено да не се чува царевата тајна,  а премолчувањето на славните Божји дела е голема штета за душата. “Затоа јас се плашам – вели писателот на житието на преподобна Марија Египетска, св. Софрониј, патријарх Ерусалимски, – и од самата помисла да го закопам во молчење тоа што е божествено. А тоа ќе го направам, ако не му го објавам на светот ова житие, кое дојде до моиве раце. Ако не го објавам, на мене ќе се исполни заканата упатена кон мрзливиот слуга од Евангелието, кој од Господа добил талант да работи со него, а тој талантот го закопал в земја. Но никој да не се посомнева во ова што го пишувам и нека никој не помислува, дека сум се осмелил да пишувам невистини. Не дај Боже, да зборувам лаги за светителите. Но, ако има и такви читатели, на кои ќе им биде тешко да поверуваат во чудното дело на оваа повест, нека Господ и кон нив биде милостив, бидејќи тие, имајќи ја во предвид слабоста на човечката природа, ги сметаат за невозможни чудата, кои се зборуваат за луѓето. Но, време е веќе да го започнам раскажувањето за овoj чудесен настан, кој се случил во нашиот род.”
 Во еден палестински манастир, се подвизуваше еден старец, украсен со праведност и благоразумност, кој уште од младоста беше добро упатен во монашките подвизи. Се викаше Зосим. Тој ги помина сите подвизи на подвижничкиот живот и го исполни секое правило, предадено во наследство од совршените монаси. А сето тоа правејќи го, тој никогаш не заборави да се поучува од Божјите зборови: било да лежеше, или стоеше, или со рацете ракоделие вршеше, или јадеше, тој никогаш не престануваше да Го слави Бога и да се поучува од Божјите зборови. Уште од рано детство во манастир, тој до својата педесет и трета година добро се подвизуваше во подвижнички трудови. Но тогаш го нападнаа некакви помисли, дека божем е веќе во се совршен, па не му требаат никакви поуки од другите. И во мислите си разговараше со себе: Постои ли на земјата монах, кој би можел да ми користи и да ми укаже на некој подвиг, што јас не сум го извршил? Додека тој така си размислуваше, му се јави ангел и му рече: – “О, Зосиме! Добро се подвизуваше, колку што ти беше допуштено како човек; добро го мина подвижничкиот пат, но меѓу луѓето нема ниту еден, кој би можел да покаже дека е совршен. Има и поголем подвиг од оној што ти си го поминал, но не знаеш за него. Затоа, за да дознаеш уште колку други патишта има, што водат кон спасение, излези од својата земја, како што тоа го направи славниот патријарх Авраам, и оди во манастирот што се наоѓа крај реката Јордан.”
Старецот веднаш постапи според советот на ангелот; излезе од манастирот во кој уште од детството монахуваше, дојде на Јордан и го пронајде, покажаниот му од Бога, манастир.
Чукна на манастирската порта, монахот-вратар му отвори и тој му се претстави на монахот. Монахот го извести игуменот. Игуменот го прими Зосима и гледајќи пред себе монах, кој го направи вообичаениот монашки поклон и молитва, тој го праша: “Од каде си брате и зошто си дошол кај нас, бедните старци?” Зосим му одговори: “Од каде доаѓам не е потребно да кажам; а дојдов по духовна корист оче, бидејќи слушнав за вас големи и пофални нешта, кои можат душата да ја спријателат со Бога.” Игуменот на тоа му одговори: “Брате, Бог Кој единствен ги исцелува слабостите на душите, нека и тебе и нас не научи на Својата божествена волја и нека не упати да правиме се што е корисно. Зашто човек на човека не може да му биде од корист, ако секој не пази на себе и ако со буден дух не го прави она што е полезно, имајќи Го Бога за свој соработник. Но, бидејќи љубовта Христова те поттикнала да не видиш нас, бедните старци, тогаш остани кај нас, ако заради тоа си дошол. И Добриот Пастир Кој душата своја ја даде за наше искупување, Ќе не нахрани сите нас со благодатта на Светиот Дух”.
Кога игуменот му го рече тоа на Зосим, овој му се поклони, измоли од него молитва и благослов и како одговори:”’Амин!”, остана во тој манастир. И виде таму старци, кои бидејќи со духот беа издигнати кон небото, во служба на Бога, блескаа со добри дела и постојано богомислие. Тие беа предадени на непрестана молитва, сеноќно бдеење, постојан труд на рацете и псалми на усните. Кај нив немаше празни зборови, а за стекнување на земни приходи и за житејски грижи, кај нив не се ни спомнуваше. Нивна единствена и постојана грижа беше: како да го смират своето тело. Храната им беше леб и вода и секој ги употребуваше, според мерката на љубовта Божја во себе.Кога го виде тоа, Зосим извлече голема духовна полза за себе, предавајќи се и самиот на подвиг. Така измина доста време и наближи Големиот Пост. Манастирската порта беше секогаш затворена; се отвораше само кога некој од браќата, заради манастирски работи, ќе излезеше надвор од манастирот. Местото беше пусто; не само што не беше посетувано од луѓе, туку беше и непознато за мирјаните. Во манастирот си имаше еден обичај, заради кој Бог и го доведе таму Зосима. Имено, во првата недела од Великиот Пост, презвитерот ќе отслужеше Света Божествена Литургија, на која сите се причестуваа со Пречистото Тело и Крв на Христа, нашиот Бог; потоа малку ќе каснеа; и тогаш повторно се собираа во црквата, твореа усрдна молитва и многу поклони, се целиваа еден со друг и секој пред игуменот ќе направеше  голем поклон, просејќи од него благослов и молитва за престојниот подвиг; после тоа, манастирската порта се отвораше и сите заминуваа во пустината, пеејќи го заедно целиот 26-ти псалм: „ Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се бојам? Господ е крепост на мојот живот, од кого да се плашам?”
Во манастирот остануваа само еден или двајца браќа, не за да го чуваат внатрешниот имот, зашто разбојниците немаа што да украдат, туку за да не остане црквата без богослужби. И ја поминуваа реката Јордан. Секој со себе носеше храна колку што можеше и сакаше, според својата телесна потреба: еден носеше малку леб, друг смокви, трет урми, четвртиот раскисната леќа, а петтиот ништо, само телото свое и на него облеклото. Овие кои не носеа ништо за храна, кога ќе ги принудеше потребата на телото, се хранеа со зелје што растеше во пустината. Кога ќе го поминеа Јордан, тие се разделуваа и заминуваа далеку еден од друг, и не знаеја кој како пости или како се подвизува. Кога еден од нив случајно ќе здогледаше некој друг брат, тој веднаш се упатуваше на спротивната страна. И сите го поминуваа времето во постојана молитва и земаа многу малку храна, и тоа само во одредено време. Откако така ќе го поминеа целиот Чесен Пост, тие на Цветници се враќаа во манастирот. Секој се враќаше, имајќи ја својата совест како сведок на својот труд; и никој не го прашуваше другиот, како и на кој начин се подвизувал.
Таков, значи, беше уставот на тој манастир. Така, тогаш и Зосим, според манастирскиот обичај, ја помина реката Јордан, носејќи сосем малку храна. Своето молитвено правило го вршеше, патувајќи низ пустината; го исполнуваше строго, и за време на јадење и за време на некоја друга потреба. Многу малку спиеше, обично ноќе седнуваше на земјата, малку ќе одмореше и потоа стануваше и го продолжуваше својот пат. Желба му беше да стигне до средината на пустината, надевајќи се дека ќе најде некој од отците, кои таму се подвизуваа и од нив ќе добие духовни поуки. Откако измина 25 дена пат, тој малку се запре, и вртејќи се кон исток, почна да го чита шестиот час. Бидејќи тој, за време на своето патување, вршејќи го своето молитвено правило, често застануваше па пееше и правеше метании- поклони. И додека така, сега, стоеше пеејќи, тој од десната страна здогледа нешто како сенка на човечко тело. Отпрвин се исплаши, мислејќи дека е демонско привидение и се стресе. Но, како се прекрсти, тој го изгони стравот од себе. Најпосле, кога ја завршуваше својата молитва и погледна на југ, тој виде како се движи некоја прилика, со црно и од сонцето изгорено тело,  со коса бела како снег, која беше кратка и достигнуваше до вратот. Штом го здогледа тоа, Зосим потрча на таа страна, многу радосен, зашто во текот на тие денови немаше видено ни човечко суштество, ниту било какво животно. А кога таа прилика оддалеку го здогледа Зосима како доаѓа, самата почна да трча и да бега кон внатрешноста на пустината. Зосим тогаш како да заборави на својата старост и измореност од патот, трчаше брзо, сакајќи да ја стигне оваа прилика. И Зосим се покажа побрз од бегалецот. И кога веќе толку се приближи, што да може да се слушне глас, Зосим започна со солзи да вика: “Зошто бегаш од мене грешниот старец, ти слуго на вистинскиот Бог, заради Кого во ова пустина живеш? Причекај ме мене недостојниот и немоќниот! Причекај ме заради надежта за награда за подвизите твои! Застани, и  мене старецот, дај ми ја молитвата твоја и благословот заради Бога, Кој од никого не се згнасил.”
Додека Зосим го зборуваше ова со солзи, и веќе беше близу до бегалецот, одеднаш се појави еден сув поток, и бегалецот претрча на неговата спротивна страна. А Зосим, уморен, повеќе не можеше да трча и застана на оваа страна од потокот, плачејќи и ридајќи уште посилно. Тогаш, бегалецот од онаа страна проговори: “Авва Зосиме, прости ми заради Господа, не можам да излезам пред тебе, бидејќи сум жена, а гола сум. Туку, ако сакаш, мене, грешната жена, да ми го дадеш својот благослов и молитва, фрли ми нешто од твојата облека, за да ја покријам својата голотија и така да излезам пред тебе.”Тогаш, Зосима го опфати трепет и ужас, зашто слушна како по име го повикува жена, која никогаш не го видела, ниту некогаш слушнала за него и си рече во себе: „ Да не е оваа жена прозорлива, не би ми го знаела името.” И веднаш ја соблече од себе својата горна облека и и ја фрли. Таа се покри со облеката, излезе пред него и му рече: “Зошто, аввa Зосиме, си посакал да видиш една грешна жена? Што тоа сакаш да слушнеш од мене, или на што да се поучиш, та толкав труд си зел врз себе?” А тој се фрли на земја, барајќи од неа благослов. Но и таа, исто така, се фрли на земја и така, обајцата легнати ничкум, еден од друг просеа благослов. И од двајцата можеше да се слушне само едно: “Благослови! Благослови!” Бидејќи помина доста време, жената му рече на Зосима: “Авва Зосиме, ти треба да благословиш и молитва да кажеш, бидејќи ти си презвитер и многу години служиш пред Светиот Олтар, принесувајќи Му на Господа дарови на Божествените Тајни.”
Овие зборови  уште повеќе го уплашија и запрепастија Зосима и тој гушејќи се во солзи и липајќи, испрекинато зборуваше: “О мајко духовна! Ти кон Бога си се приближила и  телото свое потполно си го умртвила. Тоа најдобро се гледа од дарот Божји што го имаш, бидејќи по име ме викаш и знаеш дека сум презвитер, иако никогаш не си ме видела. Затоа, заради Господа, благослови ме ти мене и со твојата совршена молитва, помоли се за мене бедниот!”
Таа тогаш попушти на старчевото усрдно преколнување и рече: “Благословен да е Бог, Кој го посакува спасението на душите човечки!” А Зосим на тоа одговори: “Амин!” И обајцата се кренаа од земјата. Таа тогаш го запраша старецот: “Заради што, човеку Божји, си дошол кај мене грешната? Зошто си посакал да видиш жена, која нема никакви добродетели? Ама, тебе сигурно те упатила благодатта на Светиот Дух, да му послужиш на телото мое, кога ќе се исполни времето. Но, кажи ми оче, како денес живеат во светот христијаните, како царевите, како светите Цркви?” Зосим и одговори: “По светите молитви ваши, Бог ни подари стабилен мир. Но чуј ја молбата на недостојниот старец, и Господа ради, помоли се за целиот свет и за мене грешниот, та ова мое патување по пустината да не остане без плод.” Таа на ова му одговори: “Авва Зосиме, ти имаш свештенички чин и тебе повеќе ти доликува да се молиш за мене и за сите, зашто за тоа и си ракоположен. Но, бидејќи сме должни да правиме послушание, ќе постапам по твојата наредба.” Откако го кажа ова, таа се сврте кон исток, и подигајќи ги очите и рацете кон небото, почна да се моли толку тивко, што нејзините зборови не се слушаа. Зосим стоеше во трепет, гледајќи во земјата, и ништо не зборувајќи – како што подоцна и самиот кажуваше. И Бога за сведок Го призиваше, тврдејќи го ова: “Таа долго се молеше, и кога малку ги подигнав очите од земјата и погледнав во неа, ја здогледав каде, подигната еден аршин над земјата, стои во воздухот и се моли.”
Како го виде ова, Зосима го обзеде неискажлив страв, па тој се фрли на земјата и, капејќи се во солзи, ништо не велеше освен: “Господи помилуј!” и дури, така прострен, лежеше на земјата, старецот го нападна помисла, да не е ова некое привидение и дух кој се преправа дека се моли. Zosimas_and_Mary_of_Egypt.jpgА Преподобната, свртувајќи се кон старецот, го крена и му рече: “Авво Зосиме, зошто те смутуваат помисли и ти зборуваат дека јас сум привидение и дух кој се преправа дека се моли? Те молам, оче блажени, биди сигурен во ова: – јас сум жена грешница, но со светото крштение заштитена; и не сум привидение, ниту дух, туку сум земја, прав и пепел, и навистина тело, кое никогаш ништо духовно не помислило.” И како го рече ова, таа со крсен знак го осени своето чело, очите, устата и градите свои, говорејќи вака: “Авва Зосиме, Бог нека не избави од лукавиот и од стапиците негови, бидејќи е тешка војната негова против нас.”
Слушајќи и гледајќи го ова, старецот падна пред нозете нејзини, и зборуваше во солзи: “Те заколнувам со името на нашиот Господ Исус Христос, вистинскиот Бог, Кој Е роден од Дева, заради Кого одиш гола и заради Кого, телото свое така си го умртвила, немој да го сокриеш од мене житието свое, туку раскажи ми се, за да се објават големите дела Божји. Бога ради кажи ми, не за да се пофалиш, туку за мене грешниот и недостојниот да ме известиш за себе. А Му верувам на мојот Бог, за Кого живееш, дека токму затоа и ме упатил во оваа пустина, за да ги објави делата твои. Ние, пак, не можеме да им се противиме на одлуките Божји. Зашто да не Му беше угодно на нашиот Господ, Исус Христос, да се дознае за тебе и за твоите подвизи, Он немаше да те покаже на мене, ниту ќе ме укрепеше на толкав пат, мене, кој никогаш не сум сакал, ниту сум можел да излезам од својата ќелија.”
Откако Зосим го изговори тоа и уште многу други работи, таа го подигна и му рече: “Се срамам, оче, да ти ги раскажам делата свои. Но, бидејќи го виде откриено телото мое, јас ќе ти ги откријам и делата свои, за да дознаеш со каков срам и гнасотија е исполнета душата моја. Ќе ти раскажам за себе, не заради пофалба, како што рече ти самиот. Оти со што имам да се пофалам јас, која сум била избран сад на ѓаволот? Но, ако почнам да раскажувам за себе, ти ќе побегнеш од мене, како што човек бега од змија, бидејќи со ушите не ќе можеш да ги поднесеш гнасотиите што јас, недостојната, сум ги направила. Но, сепак ќе кажам се и ништо нема да премолчам. Само, најпрво те молам, да не престанеш да се молиш за мене, да најдам милост во Судниот Ден.” А, старецот, жеден да го дознае житието нејзино, непрестајно плачеше, зашто не можеше да ги запре солзите. И таа започна да раскажува за себе вака:”Јас сум, оче свети, родена во Египет. Кога имав 12 години и моите родители беа уште живи, јас се одреков од нивната љубов и отидов во Александрија. И бидејќи ја изгубив невиноста,  се оддадов на неиздржлив и ненаситен блуд. Срам ми е дури и да мислам на тоа, а не пак да зборувам. Сепак ќе ти го раскажам она што е најважно, за да можеш да ја дознаеш невоздржливоста на телото мое; полни седумнаесет години поминав јас во разврат, не заради некоја заработка или подароци, зашто не сакав да ги примам, дури ни од оние кои настојуваа. А, тоа го смислив, само за привлечам кон себе што поголем број на посетители и така да ја задоволам својата телесна похот. Но, немој да мислиш дека од што бев богата, не наплаќав. Не, јас живеев во беда, и многу пати, гладна, предев волна. Неизгаслив блуден пожар гореше во мене и јас постојано се валкав во калта на блудот. Живеејќи на тој начин,  еднаш, во времето на жетвата, видов големо мнозинство на мажи од Либија и Египет, како одат кон морското пристаниште. Јас тогаш прашав некого: – Каде овие луѓе така брзаат? И добив одговор: – Во Ерусалим, за на празникот Крстовден, кој ќе биде по неколку дена, да се поклонат на Чесниот и Животворен Крст. Јас потоа го прашав: – Дали би сакале и мене да ме поведете со себе?
Тој  ми одговори: – Ако имаш средства и храна, никој нема да ти забрани. Јас на тоа му реков: -Јас,брате, немам ни средства, ниту храна, но сепак ќе појдам и ќе влезам со нив на истата лаѓа, па тие ќе ме хранат, зашто телото свое ќе им го дадам во наем.
А сакав да патувам со нив , за да имам што поголем број љубители, подготвени за мојата страсна похот. Ти реков, оче Зосиме, не терај ме да ти го раскажувам срамот свој, зашто ме опфаќа ужас – Господ знае – дека со зборовите свои го гнасам и самиот воздух.”
А Зосим, топејќи ја земјата со солзи, и одговори: “Кажувај, Господа ради, кажувај, о мајко моја, и не ја прекинувај, така полезната за мене, приказна!”

ПРОДОЛЖУВА

II дел

✤ ✤ 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная