Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Преподобен Варсонуфиј Оптински: КАКО ДА СЕ БОРИМЕ
Кога ќе ви се нафрлат некакви фантазии, не спротивставувајте ѝм се сами, туку фрлете со камен по нив. А каменот е Христовото Име, Исусовата молитва...Да се истераат помислите не во ваша моќ, туку да не се прифатат: ги изгонува Исусовото Име. Кога понекогаш молитвата не е со внимание, кога е расеана, не треба да се паѓа со духот.