Одговара: отец Горан Тасески
Прашање: од Андријана
Би сакала да ми одговорите на моето прашањ и да ми помогнете.Сум религиозна, односно сакам да сум повеќе, верувам во Бога и се молам што повеќе да ми даде верба и љубов,одам често во црква и тоа ми дава смирение, се молам често со смирение внимание, молитва од срце,тоа ме смирува, исполнува, ме исполнува да правам добри дела, никогаш не барам за возврат, нешто што воопшто не сакам се зависта и суетноста,Фала Му на Бога дипломирав, работам, скоро планираме и брак со моето момче и семејство, се е во ред дома.Сакав да ве прашам, понекогаш кога одам во црква чувствувам вознемиреност, како страв, матност,се плашам дека немам доволно верба? Знам дека Господ може да ни постави искусенија со цел да ја укрепиме повеќе нашата вера, но дали е тоа грев што го чувствувам, не сакам да се раѓа никаков сомнеж во мене и како да го победам тоа? Благодарам!
Одговор:
Господ да ти дарува сили за очистување на срцето и просветление на умот .
Св. Ап. Јаков во посланието говори ,,Ниеден кога е во искушение да не вели : ,,Бог ме искушува бидеќи Бог со зло не се искушува , И Он никого не го искишува но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами...,,/Јк. 1 13-14.../ Искушенијата претежно доаѓаат од страстите ии похотите кои делуваат во органите и го окупираат умот за да очајнички се занимава со нив , потоа искушенијата доаѓаат од општата световна поставеност која го притиска секого , па ни го окупира умот да се занимаваме со светската суета и накрајот од самите демонски сили кои не напаѓаат со разни искушенија се со цел да се откажеме од нашите усилби и покрај се да го славиме Бога преку усрдна молитва и подвиг за да се ослободиме од страстите и похотите и светската суета . Овие демонски искушенијата секогаш војуваат со нас дирекно или индирекно преку нашите ближни кои не ги препознаваат како такви ами неусетно им робуваат и со тоа нас не ставаат во разни ситуации преку кои би се довеле во состојба да се намали нашата вера во Бога.
Во сите овие опкружувања и делувања семилостивиот наш Бог не избавува од сите овие искушенија и мрежи на ликавиот и прави преку Својата благодат избвуваќи се ние од искушенијата да се стекнеме со уште едно искуство во нашата духовна борба за наше спасение радост и мир. А исто така при овие борби со искушенијата не допушта да се најдеме во ситуација да трпиме и војуваме повеќе од нашите сили. Се разбира дека тоа е така ако ние соработуваме со Бога преку наш личен подвиг за да се избавиме од искушенијата.
Во вашиов конкретен случај се кали вашата преданост во служењето на Бога се проверува вашата вера надеж и љубов во Бога и се проверувате дали и како можете да го носите благио јарем Христов. Јаремот е благ и бремето е лесно ако нашите гревови и страсти ги симнуваме од нас преку лично покајание и исповедање на истите пред Бога при светата Тајна исповедв и според благословот од вашиот духовен раководител , соединување со Бога преку причестувањето со Телото и Крвта Христови.