Одговара: отец Горан Тасески
Прашање од Симо : Каков е ставот на православната црква во врска со т.н. ТОРИНСКО ПЛАТНО со кое наводно бил замотан Синот Божји откако бил симнат од Крстот , и со кое научниците го добиле ”вистинското лице“ на Синот Божји , ИСУС ХРИСТОС.
Одговор:
Колку ми е мене познато светата православна црква нема некој официјален став од прицини што црквата си има своја историја и се она сто е по Божја волја стои во неа поткрепено и со материјални докази . Торинското платно колку ми е познато од научниците е потврдено дека е од тој период кога Христос пострада за наше спасение, а дека е со сигурност тоа платно во кое бил замотан Спасителот нас тоа не е потврдено официјално . Светата Црква знае за Неракотворниот Христов образ кој откако паднал во рацете на оние кои не беа достојни за да го поседуваат по Божја промисла пропаднал во морето на пат за да биде ограбен од Константинопол/ види зитија за 29 август на веб страната моспат.ру/.
Господ да ви дарува секое добро .