Одговара: отец Горан Тасески
Прашање од В. :
Благодарам што постоите, јас редовно ве пратам но се наоѓам во безизлезна ситуација, син ми загина во собракајка во градот под чудни околнисти ништо не не известија само рекоа така се случило а таа ноќ беше со негови другари три коли и со него еден другар, еве помина долго време немаше алкохол во крвта кај него редовно доаѓаат девојчиња другари и ден денес и ми прават и дома друштво но тие деца што беа таа ноќ со него веќе не се појавија се кријат од мене, знам дека неможам ништо да сменам но сакам да ја знам вистината а и кога собрав сили да ги прашам не ми одговорија. Тагата и болот се мои и после ова јас се правам знам дека грешам но одам на црква, секој ден на гробот на мојот син, тоа е за мене свето место и другчие незнам како да се однесувам се молам постам но пак знам дека грешам оти Господ рекол дека треба да простуваме а јас неможам да им простам не им посакувам ништо лошо но кога ми рече веднаш после тоа кога се случи (те молам прости ми) неколку пати јас ништо не одговорив само која сум јас да простувам и казнувам, животот од рај ми се претвори во пекол го имав највредното нешто мојот син кој за сите години овде на земјата ниту еднаш не ме увреди и не ми нанесе бол ми покажа само што е љубов што е сакање и туркам така механички дури немам сили да си го погалам другиот син што ми е до мене а сака да се приближи мислам рацете ми се кочат кога го галам знам дека сум грешна но едно незнам дали ќе се смили Господ над мене и ќе ми дозволи пак да си бидам со моето чедо. Простете и сама незнам зошто го правам ова но помолете се за мене и за моето чедо што веке не е со мене јас само тоа се молам да му е убаво во светот каде што е сега.
Одговор:
Господ да ви дарува мир утесение добра волја и да ве чува во добро здравје . Вашата болка е навистина неизмерно голема , но очајот и безволноста кои сега ве потиснале неја само ја зголемуваат и ве притискаат за да ја загубите присебноста да ви го заматат умот и со тоа да ве оддалечат од Бога , а преку Него ние постоиме преку Него ние се избавивне од гревот и смртта, преку Него се задобивне со живот вечен, та смртта повеќе нема сила да го држи човекот, таа преку Воскресението Христово стана врата преку која се населуваме за живот вечен во
Царството Небесно.
Затоа дружете се со нашиот Спасител Исуса Христа со Пресвета владичиа Богородица / која ја знае потполно вашата болка / и сите светии преку молитвата за да го оттргнете од вас каменот на тагата и очајот, преку добродетелноста бидете помошница на вашиот син да се настани во Царството Небесно, а преку љубовта и простувањето кон вашите ближни трудете се да си направите пат со помошта Божја и на сите светии за да во свое време кога Бог ќе благоволи и вие да се настаните во Царството Небесно и таму да се радувате заедно со вашиот син со вашите ближни вечно неизменливо непрестано. Амин!
Христос Воскресна - затоа ние христијаните повеќе не жалиме за упокоените како оние кои не веруваат во Христа и со тоа немаат надеж.../ спореди послание до Сол. 413-./ се задобивне со живот вечен, та смртта повеќе нема сила да го држи човекот, таа преку Воскресението Христово стана врата преку која се населуваме заживот вечен во Царството Небесно.