Прашање од Елисавета:
Во блажена состојба сум (носам детенце во себе околу 4-5месеци). Дали има некои посебни молитви или начини како да се оди во црква? Како се постапува со Благословените жени?
Одговор:
Како што и самите рековте, сега сте во блажена состојба . А блаженството е особина и чувство кое го дава Бог. Да се биде мајка е навистина дар Божји, и можност и повик да се уподобувате на Неговата Света Мајка. Баш во овој период е добро како за вас, така и за детето да поминувате особено мирен и блажен период, а тоа најдобро и единствено се постигнува со задобиивање и чување на мирот Божји. Загревајте ја љубовта која ја имате кон вашето младенче и јакнете ги молитвите кон Пресвета Богородица и Бога, благодарејќи им и просејќи од нив се што ви е потребно за спасение.Бог да ви даде и да ве благослови. Амин!
Во текот на денот, читајте ги молитвите од Православниот молитвеник: Господи, помилуј или Господи, благослови,- која е во слава на Пресвета Троица. Молитвата “Оче наш” (Господова молитва), е упатена кон Отецот - прво Лице на Пресвета Троица, Исусовата молитва е упатена кон Христа - второ Лице на Пресвета Троица, “Цару Небесен” - кон Светиот Дух - трето Лице на Пресвета Троица
.Посетувајте ги неделните и празничните богослужби, исповедајте се, и причестувајте се.
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/2490/94/