Одговара: отец Горан Стојчевски
5-ти декември 2012 год.
Прашање од М:
Почитувани,
Ме интересира мислењето на православното христијанско учење во врска со клетвите, имаат ли некакво влијание на нашиот живот?
Одговор:
Христос ни заповеда, да благословуваме, а не да колнеме. Ако исповедаме дека Бог е со нас, тогаш кој ќе биде против нас??? Да се држиме до практикувањето на верата, исповед, пост, молитва, читање на Светото Писмо, правење на добри дела и редовно причестување. Клетвите немаат никакво влијание врз нас, лошо влијание врз нас имаат гревовите!
Преминпортал
Лето Господово 2012