логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

3 дел

Нови јуродивн подвижници
Житие на светиот и Блажен Теофил Киевски,
јуродив заради Христа

Teofil.Kievski

           Роден е во 1788 година, во свештеничко семејство. На крштението го добил името Тома. Кога бил бебе не сакал да прима мајчино млеко, па за да не умре, мајка му му давала каша од репка и морков. Суеверните соседки ја наговарале мајката дека детето не е нормално. Мајката се ожесточила против бебето, и и наредила на слугинката да го удави во реката. Таа двапати го фрлала во водата, но од Бога пазеното детенце излегувало од водата и спокојно спиело, како во мека колевка. Слугинката од страв се расплакала и го вратила бебето дома.
Ожесточената мајка го грабнала бебето и отишла самата да го удави. Го фрлила пред воденичкото тркало, но тркалото сопрело, и бебето испливало. Слугинката која го гледала сето тоа му кажала на таткото, и тој го испратил синот кај некои добри соседи. А кога умрел таткото, Тома го испратиле на воспитување во Братскиот манастир во областа Подол. Таму се описменил и примил монашки чин. Живеел во Киево-печерската лавра и во Китаевата пустина.
Грижејќи се за чистотата на душата тој воопшто не се грижел за чистотата на своето тело. Неговата облека била стара, со крпеници, сошиени со бели конци, и сета извалкана од тесто и масло. На едната нога излитена чизма, а на другата чевел од рогозина. Главата секогаш му била преврзана со валкана крпа. На телото носел железен појас со иконата на Богојавлението, во спомен на трикратното спасување од давење. Кога добивал храна, ја мешал во еден сад, и горко и благо.
             Низ Киев секогаш се возел со запрежна кола, влечена од незауздан вол, кој пристигнувал токму таму, каде што сакал блажениот - без никакви извици или принудувања да оди побрзо. Свртен со грб кон волот, тој секогаш го читал псалтирот на колена.
Ги изобличувал тајните и јавните гревови на оние поклоници кои доаѓале кај него во Китаево, од што некои плачеле од раскајание, а кај некои од страв и срам им се кревала косата на главата. На една бароница врз новиот фустан и истурил цела чинија боршч (така ја изобличил за нејзината прељуба).
              Еднаш митрополитот Филарет брзал во Китаево и не го дочитал своето монашко правило. Во шумата го видел Теофил, како седи на дрвото со молитвеник во рацете. На прашањето од митрополитот, што прави таму, тој му одговорил дека го дочитува правилото...
А за гладните гости со небесен оган го распалил огништето и им сварил каша од тревки и камчиња. А кога ставале во чиниите, кашата не се потрошила додека не ги нахранил сите.
            Императорот Николај Петрович, почнувајќи ја војната со Турција, сакал од прозорливецот да ја дознае иднината на Русија и отишол во Китаевската пустина. Теофил, излегувајќи му на царот во пресрет, си ги изгребал до крв рацете и лицето, го растурил мравјалникот и легнал на грбот среде него. Царот и митрополитот долго го молеле да стане, но тој лежел неподвижен, со затворени очи, со скрстени раце на градите, како покојник. По целото тело се искачиле јата од мравки. И претстажувањето се исполнило. Многубројната армија на Турците (како мравки) се нафрлиле врз Севастопол. Загинале храбрите адмирали: Корнилов, Нахимов, Истомин и други, а царот, растргнат од грижи и маки за Русија, се упокоил во 1855 година.
            На денот од својата смрт Теофил наредил да ја исчистат неговата ќелија од ѓубрето, да запалат ламбада и свеќи, да искадат со темјан. На прашањето од ќелијникот, зошто му е сето тоа, му одговорил, дека денес ќе дојде по него ангелот на смртта и дека треба христијански да биде пречекан. Потоа легнал на клупата, ги прекрстил рацете и испратил да го викнат началникот на пустината и да му кажат, да ги бијат камбаните, бидејќи Теофил се упокоил.
Началникот поитал во ќелијата, бидејќи не поверувал на она што му го кажале, но видел, дека Теофил веќе лежел без здив, а околу него се ширела чудесна миризба...
        Се упокоил на 28 септември (ст.ст.) 1853 година во 63-та година од животот. Погребан е кај северниот ѕид на Свето-троицката црква во Китаевската пустина, до гробот на Киево-печерскиот затворник Доситеј.
И по неговиот живот, исто како и додека бил жив, брзо им помагал на сите кои се болни и во маки, и кои со вера го повикуваат неговото име, и кои на неговиот гроб вршеле панихиди (панихида се врши се до канонизацијата за светител, а потоа веќе тој нема потреба од молитви и панихиди, туку ние бараме од него тој да се моли за нас).
          На 14/27 јули 1993 година, Соборот на Украинската Православна Црква, под раководство на блаженејшиот Владимир, митрополит Киевски и на цела Украина, го канонизирал јуродивиот заради Христа јеросхимонах Теофил, прибројувајќи го неговото име кон хоровите на светителите. А неговите нетлени мошти се пренесени во храмот на Света Троица и почиваат во нов кивот.


Неговиот свет спомен се слави на 28 октомври/10 ноември.

*

Преподобна Софија Клисурска

Преподобната Софија Хотокуриду (монахиња Миртидиотиса) е родена во 1883 година во село Сарипапа, централен Понт. Се омажила во 1907 година, а три години подоцна родила дете, кое загинало во трагичен настан (било изедено од диви свињи во гората). Подоцна нејзиниот сопруг починал во турските воени логори. Останала вдовица и се оддала на аскетски живот во планината, строго постејќи. Таму и се јавил свети Ѓорѓи, кој ја предупредил за скорешното гонење од страна на Турците и така ги известила своите соселани, кои се скриле и ја избегнале опасноста.
При размената на население (по Грчко-Турската војна) бродот, во кој патувала заедно со нејзините соселани, ќе потонел. Но таа видела ангели среде брановите и Света Богородица била таму. Ја замолила света Богородица, самата таа (Софија) да загине, но да се спасат нејзините соселани. Света Богородица ги спасила сите. Капетанот не можел да поверува и рекол: „Сигурно имаме некој светител".
Во 1927 година, по укажување на света Богородица заминала во манастирот Рождество Богородично во Клисура, Костурско, каде што водела аскетски живот приближно половина век. Таму се нашол еден добар јеромонах - отец Григориј, кој дошол од Света Гора и кој ја подготвил за монашки живот. Живеела аскетски, иако мирјанка, носејќи црни вдовички облеки, седела врз едно огниште и си го посипувала лицето со пепел, за да не се гледа нејзината убавина.
Живеела сама. Во манастирот немало монаси. Поминувала тешки зими, со температура до минус 15 степени, со голема влага. Кога и велеле да запази оган, таа одбивала со едно бавно „нее"! кое и денес одекнува во ушите на оние кои ја слушаа така да вели. Одела боса, облеките секогаш и биле парталави и недоволни за тешката клима. И давале нови, но таа не ги носела, туку ги давала на други кои имале потреба. Спиела врз сено, но под него имало остри камења. Не се бањала, ниту се чешлала и косата и се стврднала толку, што и паднала пред очи и за да може подобро да гледа, ја отсекла со ножици за стрижење на овци. Но и покрај тоа, нејзината коса благоухала.
Храната и била бедна: обично се хранела со тоа што ќе го најдела наоколу: печурки, диви треви, лисја од различни дрвја или малку мувлосана туршија од патлиџани. Во сабота и недела вкусувала и по една лажица масло. Некогаш отворала риба од конзерва и јадела од неа, дури откако ќе мувлосала. Јадела од бакарни садови, но ништо не и било.
Но, оваа строга кон себеси подвижничка била многу добра и снисходлива кон другите. Не задржала ниту драхма од парите кои и ги давале, туку ги криела, за да им ги даде на оние кои имаат потреба. Тогашните девојчиња - денешни монахињи од манастирот - кои зборувале на грчки и влашки, сакале да се дружат со неа, иако не го разбирале нејзиниот понтиски говор. Таа ги советувала немажените девојки, кои застранувале од правилниот пат, се трудела да ги омажи, им помагала со парите кои и ги давале, и ја полагала нивната закрила на Света Богородица. „Света Богородица нема да ве заборави", - им велела на карактеристичен начин.
Таа никого не повредила и не разлутила. Кога ќе сфатела дека некој има внатрешен проблем, минувала покрај него, ќе му кажела два збора без другите да разберат, се оддалечувала, а тој тргнувал по неа. Таа го утешувала, советувала, укрепувала преку Божјата благодат и тој си заминувал како друг човек. Многу пати велела: „Дојдоа црни кај света Богородица, а си заминаа бели". Знаела за многу скандали со свештеници, монаси, мирјани, но никогаш никого не обвинила, туку велела „да ги покривате, за да ве покрие и вас Бог!"
Ги сакала животните. Една мечка, која живеела во гората, доаѓала и земала храна од неа, и ја лижела раката и нозете од благодарност и се враќала назад. Ставала трошки на прозорците за птиците и кога се молела, тие летале наоколу и црцореле. Чиниш, како да живеела во Рајот, пред падот.
Имала општење со света Богородица и ангелите. Во 1967 година се разболела тешко, имала хернија (кила) и се виткала од болки. Не примала помош од лекар, но велела: „Света Богородица ќе дојде да ме земе заради болката". Ставала газа или фитилче од кандилата додека раната не загнои и испушта непријатна миризба. Тогаш и се јавила света Богородица заедно со свети архангел Гавриил и свети Ѓорѓи. Архангелот и рекол: „Сега ќе те исечеме". Таа одговорила: „Грешна сум, да се исповедам, да се причестам, и да ме сечеш". „Ќе ти направиме операција" - и одговорил тој. Операцијата била извршена, Софија оздравела и често ја кревала блузата без да се срами, за да им ја покаже на луѓето раната, која се затворила самата од себе.
Преподобна Софија „подвижничката на света Богородица“, како штое нарекувана, се упокоила во Господа на б мај, 1974година. На 7 јули 1981 биле најдени нејзините мошти, кои благоухале. На 27 мај 1998 година биле пренесени во манастирот од Касторискиот митрополит Серафим. Уште додека била жива народот ја почитувал како светителка. На 1 јули 2012 официјално била прославена од страна на Цариградската патријаршија.
Денес во нејзиниот манастир игуманија е монахињата Анисија Еглезу, а има шест монахињи и една искушеничка.



Мајка Тарсо, јуродива зарадн Христа - прво сведоштво

Драг...
Да, вистина е, јас ја сретнав јуродивата (лудата) заради Христа, Тарсо. Всушност, јас поминав извесно време со неа во неколку прилики.
Кога имав 10 или 11 години го читав житието на света Ксенија, исто така јуродива заради Христа. Бев толку поучен и ми се разви посебен интерес за подвигот на јуродството заради Христа. Па така, кога имав 13 години, имав некоја идеа за тоа, што значи да се практикува ваков подвиг.
Во летото 1988 год., моето семејство беше на патување во Грција. Тоа беше по многу години, откако татко ми го напушти селото (Баница, Лерин), така што тој беше посветен на враќање и донесување на семејството. Па така, четворица од нас заминавме; моите родители, брат ми и јас. Мојата сестра веќе беше мажена во тоа време, па таа не дојде.
И така, поминавме 6 недели надвор од Канада. Стигнавме во Атина, каде што живееше тетка и на мајка ми. Во текот на патувањето, поминавме една недела во Скопје, Битола и Охрид, исто така, и ги посетивме нашите роднини таму. Исто така поминавме неколку денови во Бугарија и Цариград со туристички автобус од Лерин.
Па така, слушнав дека постои некоја јуродива заради Христа во близина на викендичката на тетката на мојата мајка. Таа ги поминуваше летата во Кератеа, Атика. Тоа беше отприлика на час и половина возење од Атина.
Другите беа заинтересирани за забава, а јас бев заинтересиран за фокусирање на вистинските нешта. Како што реков, имав 13 години, и се уште бев многу едноставен. Кога стигнавме во домот на тетката на мајка ми, тие ми ја покажаа малата куќарка каде што светителката го поминуваше најголемиот дел од времето. Па така, откако тие се вратија дома, јас се вратив и се помолив. „Па добро", - си помислив, „ако е таа јуродива заради Христа, тоа значи дека е прозорлива, и света, па што и да и кажам во моментов, таа ќе ме слушне!" Па се помолив вака: „Драга Тарсо, те молам, ќе ме удостоиш ли да те видам? Сакам да видам светител!"
Наредниот ден, отидовме низ полињата. Првин поминавме покрај колибата на една стара калуѓерка која живееше во самотија. Се викаше Ангелина. Беше добро, но не доволно добро! Сакавме да видиме жив светител!
Па така, одевме уште понатаму, нагоре па надоле. Моравме да поминеме низ трње. И стигнавме до нашата крајна цел.
Јас бев шокиран!
Бев шокиран од првиот поглед на овој свет воин Христов. Ја погледнав и како да ме погоди нешто. Останав без зборови. И тогаш, не можев да кажам дали е маж или жена. Немав искусено нешто такво претходно. Убеден сум дека ова се случи бидејќи бев во присуство на ангел, некој што го надминал секој вид на сетилно искушение.
Ја поздравив целивајќи и ја раката, а таа за возврат ни ги целиваше рацете на сите нас. По оваа прва средба, ја посетив неколку пати. Јас би ја посетувал дури и почесто, но не можев да бегам од дома, а и не би ме пуштиле.
Ја прашав многу нешта, и таа ми кажа многу нешта. Таа беше вистинското нешто! Жив светител! Слава на Бога! Каков впечаток. Какво прекрасно искуство. Слава на Бога!
По една година се упокои.
Уште ги паметам времињата кога седевме заедно, и зборувавме. Јас штотуку почнав да учам грчки во тој период и ја разбрав се што ми кажа.
И, неколку години по нејзиното упокојување, еден грчки теолог напиша книга за неа со многу поучни раскажувања од нејзиниот живот. Кога го читате тоа, гледате дека читате за некој од древните светии. Настани како од житието на свети Андреј, јуродивиот заради Христа. Надумни чуда. Таа примаше Света Причест од ангел. Имаше забележителен дар на прозорливост и пророштво. Немаше покрив неколку децении, се додека конечно манастирот не и изгради мала колиба. Во страшните бури таа стоеше надвор. Се сеќавам на еден момент: Имаше страшна снежна бура, така што никој не можеше да излезе, или да го напушти манастирот. По неколку недели, испратија тимови за да го најдат нејзиното мртво тело, бидејќи беа убедени дека таа е мртва (иако снегот се уште беше висок). Конечно ја најдоа, и, ох, чудо, таа седеше долу на потполно сува земја, која ја опкружуваше на околу метар од сите страни, додека насекаде снегот се уште беше многу висок!
По упокојувањето, нејзините мошти испуштаа благоухан мирис. Исто така многу чуда беа припишани на нејзините застапувања. Се сеќавам, откако беше напишана книгата, кога ја посетивме Грција (па дури и Кипар), каде и да одевме луѓето не прашуваа дали сме го читале житието на света Тарсо!
Неодамна е напишано уште едно житие. Таа не беше фанатик, туку беше верна на стариот календар. Кога некој ја прашал, пред нејзиното упокојување, кој календар е точен, нејзиниот одговор бил: „Донеси ми го Минејот" (Минеон - богослужбена книга во која се службите за секој ден, собрани во 12 делови, според месеците). Таа го прашала: „Што пишува тука?" Одговорот беше: „Минеон", се разбира. „Па така", - рекла таа, „вели Ми - Неон (не нов), значи, не за новиот календар!" „Но не се спелува така" - бил одговорот! Се разбира, се спелува поинаку. Само јуродив заради Христа може да дојде до такво нешто!
Јас верувам дека таа е светителка. Беше напишана и служба за неа, и икони се насликани за неа. Со благодатта Божја, ние имаме нејзини мошти. Истотака, ние купивме сребрен реликвијар за нејзиниот череп што се чува во „Панагија" женскиот манастир во Кератеа, Грција. Како што веќе реков, бројни чуда и се припишани нејзе.
Да неудостои Бог секогаш да гоимаме нејзиното застапништво и да бидеме заштитувани преку нејзините молитви. Таа нека не води во следниот живот, со Пресветата Мајка Божја.

Слава на Бога!
Во Христа,
 +Епископ Димитриј

+++

 

ЈУРОДИВОСТ

Јуродивоста на Светите заради Христа се состои во тоа што подвижниците, останувале да живеат помеѓу луѓето, се труделе да се ослободат од обичаите и условите на средината, во потполност занемарувајќи ги интересите на животот и правилата, и невидливо за другите се предавале на духовниот живот.
Гледано од страна, животот на таквите подвижници изгледал чуден, несфатлив, се противел на се, со што тие доаѓале во допир. Животот на јуродивите е најтежок христијански подвиг. Да се одречеш од сиот имот, удобноста и животната наслада, ослободен од поврзаноста за земното, немајќи одредено место на живеење и подложувајќи се на разни случаи на бездомно живеење, тие како да се дојденци од некој друг свет. Храната, облеката, местото на живеење, за нив како да не претставувале суштинска потреба.
Јуродивоста заради Христа - тоа е доброволно, постојано мачеништво, постојана борба против себе, против светот и злото. Не срамејќи се секому да му ја кажат вистината во лице, јуродивите со своите зборови или необични дела и постапки, сурово ги разобличувале и им нанесувале пораз на неправедните и грешните, често и на насилните луѓе од овој свет, а понекогаш ги тешеле и радувале побожните луѓе. Порочните ги поправале, спасувале и враќале на патот на вистината и доброто.


„... нека биде луд за да биде мудар.
Бидејќи мудроста на овој свет е лудост пред Бога".

 

Издавач:

„СВ.ЃОРЃИ ПОЛОШКИ“, Велес 2016

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Повардарски г. Агатангел

18.09.2018 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная