Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (н. Аеродром, Скопје) од 15 декември 2015
17. декември (четврток, св. Јован Дамаскин), 09:00 часот: Света литургија;
19. декември (сабота, св. Николај Мирликиски),
09:00 часот: Света литургија;
17. декември (четврток, св. Јован Дамаскин), 09:00 часот: Света литургија;
19. декември (сабота, св. Николај Мирликиски),
09:00 часот: Света литургија;
Исцрпени од тиранијата на ниските страсти, ние, природно го молиме Благиот Господ, Неговиот Дух да почива на нас. Духот на разбирањето на патиштата на Неговото спасение.
А окрепени од овој Дух, ние гледаме дека во трагичните искушенија се ослободуваме од последиците на падот;
Да се биде следбеник на способен учител и опитен духовен отец е [нешто] што се смета за основно за секој оној што сака да биде воведен во христијанскиот живот. Овој [живот] не може да биде предаден преку проповеди и книги. Се предава преку пример. Во синаксарот за свети Димитриј се вели дека тој бил „од градот Солун, побожен повеќе од неговите родители,...
Вистина е дека го избрав академскиот живот, бидејќи Бог ми даде ум со кој е добро да Му служам, а академскиот свет е место каде умот би требало да се користи. Но после осум или девет години многу добро знам што се случува на универзитетите. Само неколку „старомодни“ професори ја ценат умноста, но и тие наскоро ќе изумрат. Останатите се грижат само да заработат пари, да си обезбедат добра положба во животот...
Преподобен Герман се родил во Серпухов, во семејство на трговци и на шеснаесет години стапил на монашкиот пат. Со сета душа отец Герман ја засакал величенствената Валаамска обител, нејзиниот игумен и сите браќа.
После внимателното испитување со многу послушанија, игуменот Назариј го благословил младиот подвижник на постојан живот во шумата, во пустинско осамеништво.
„Се фали градот Охрид, кој се збогати со твоето божествено тело, отче. примајќи постојано светлина и благодат која тече непрестајно. Него штити го, неразурнат од рацете на непријатели“ (песна од Канонот на Утрена на свети Климент Охридски Чудотворец).
За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, ...
Давајте, и ќе ви се даде. Зашто со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери. Овие Господови зборови постојано се исполнуваат на мене. Според можноста, давам сѐ што поседувам и што добивам од другите, според Божјата промисла, сѐ во изобилие. Каква ли само поплава од различни добра без мера и крај. Оче, Ти благодарам за Твојата штедрост и за сета утеха.
Пред доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос во тело, луѓето знаеја само за овоземниот живот, кој беше ограничен и застрашуван од неизбежната смрт. Од неа никој не се избавил, туку секој роден на земјата ја искусил или ќе ја искуси смртта. Но, нашиот Господ и Спасител со Својата смрт и воскресение ја победи смртта, и ни даде можност, доколку станеме делови и клетки од Неговото Тело – Светата Православна Црква,...
Секое нешто што постои, постои зашто Бог мисли на него! Бог мисли на светот и светот постои! Ако ја барате волјата Божја, едноставно и со смирение, Бог може да ја промени која било состојба, дури и онаа најнегативната. Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно...
И Oн пoстави eдни за апoстoли, други за прoрoци, трeти за eвангeлисти, чeтврти за пастири и учитeли (Eфeс. 4:11).
Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo, разни oргани сo разни служби.
Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од Житијата на Светиите за месец јули, како и четврто издание на Православниот молитвеник во тврд повез. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.
Ништо не правете за угодување на себеси, туку секогаш за помош и задоволство на вашата околина; така ќе искажувате самоодрекување и љубов. Ако при ова и при секое дело успеете да ја додадете и заповедта која му одговара, и потоа го правите тоа од покорност на Божјата волја,..
Дистрибуција:- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867; - во Струмица: тел. 075 490 655; -во Скопје: тел. 070 276 721
Тој знаел да ги утешува душите што страдале, зашто знаел дека за да се придобие една душа за во небесното Царство, таа треба да биде налик на душичките на малите деца, според зборовите на Господ: „Ако не бидете како овие деца, нема да влезете во небесното Царство“.
А, пак, за децата, тој знаел дека тие имаат ангелски души. Колку шлаканици и да им удираат нивните татковци, тие пак ќе се вратат кај нив.
1956 Година во времето на Советскиот диктатор Хрушчов, во градот Самара сеслучило чудо познато како "Зоиното стоење", што го потресе целиот православен свет.
Во време кога, диктаторскиот режим сакал да го одвои народот од Бога,Бог допуштил да се случи ова чудо кое кај многумина ја вратило вербата и богобојажливоста.
Кај младите во тоа време се проширил голем атеизам и било срамно ако дома имаш икони. Па така и Зоја,...
Како ви се чини на тој празник годинава наместо да носиме масло, крпи, чорапи и триста разни дарови, секој од нас да купи по една плишана играчка и неа да ја дарува во црквата, а потоа сите тие играчки да се соберат и да се поклонат предновогодишно на децата во детските домови и специјалните училишта...
На 07.12.2015 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое нагласи дека не случајно по свети Климента е именуван и овој Богословски факултет, нашата највисока црковно-просветна институција,...
Овогодинешното прославување на денот на светиот Климент Охридски започна со Вечерна богослужба во црквата посветена на Светото Вознесение во с. Драчево. На богослужението чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион , а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. П
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми,...
Преку падот, ние излеговме надвор, се отуѓивме од вистинскиот живот; затоа треба да се вратиме назад; подобро речено да се вратиме кон самите себе, ослободувајќи се од прилепеноста за надворешните работи.Невозможно ни е да се помириме со Бога и да се сродиме со Него, се` дотогаш, додека најпрвин не се вратиме назад кон самите себе, додека однадвор не влеземе внатре. Само внатрешниот живот е вистинскиот христијански живот. За тоа сведочат сите Отци.