Старец Паисиј Светогорец: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.