Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
проф. д-р Митко Б. Панов- Беседа за Свети Климент: Животот на Словото и светилникот на светот
Климент бил вистинскиот водач, двигател на својот народ и пастир на својата Црква, поради што и бил сметан за светител на Охридската архиепископија. „Тој нѐ направи поблиски од другите и ние секогаш бевме со него“ - ќе истакне Теофилакт – поставувајќи се во улога на Климентов ученик и следбеник на традициите.