Св. Јован Златоуст: Ако веруваш во Господ - во Него никогаш нема да се разочараш
Даровите Божји не се такви, та да зависат
од добродетелта на свештеникот.
Даровите Божји не се такви, та да зависат
од добродетелта на свештеникот.
На 16ти март 2019 година, во Недела сиропусна ,кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светите Христови маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск, во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, отец Томе Атанасовски отслужи Божествена Литургија.бројниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата отецот произнесе празнична беседа, за причестувањето кое е неразделен дел од покајанието и исповедта.
На 15ти март 2019 година, во првата недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на преп. Агатон Египетскиј, во храмот на св. Петка, во Скопје, протоереј Зоран Данев во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и првиот Акатист кон Пресвета Богородица. На ова прво по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот верен народ. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија на стотина верници.
Нејзиниот корен е во недостаток на љубовта.Чувствувате во другиот свој непријател.
Не чувствувате дека сте едно, дека сите ние сме едно. Ние не сме непријатели.
Зошто да се разделуваме? Зошто поделби? Каде ти ќе бидеш по сто години,а каде ќе бидам јас?
Каде сите ќе бидеме пред Бог? Зошто тогаш да се расправаме?
Неодамна, неколку стотици луѓе беа крстени во Православната Црква во Индија, вклучувајќи и 47 поранешни протестантски пастори. Групата проповедници, која се состои од о. Атанасиј Коун, свештеник во парохијата „Пресвета Богородица Иверска“ во Хаваи, каде што се наоѓа мироточивата Хавајска Иверска икона, о. Ефрем, поранешен...
На 15.03.2019 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф,
во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово
служеше Големо повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.
На 15.03.2019 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи I Акатист на „Пресвета Богородица“, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на книгата „Голем е Бог“. Ова издание на издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе протоереј-ставрофор Игор Никовски. Ова е веќе трето издание на книгата поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за ова дело, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме.
Во петок од првата седмица Митрополитот Агатангел
во параклисот „Св. Наум Охридски“ во Велес,
присуствуваше на Утрена богослужба со великопосни часови и
чиноначалствуваше на Литургијата на претходно осветени дарови.
На 4 март 2019 година, во државното Собрание беше одржана јавна расправа на тема „Предлог-закон за прекинување на бременоста“. Расправата, која ја одржа Собраниската комисија за здравство, беше забранета за претставниците на Црквите и верските заедници, со што кон нив беше извршена груба дискриминација како и флагрантно кршење на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, предвидени со член 16 од Уставот
АВА Антониј рекол: „Ги видов сите замки на ѓаволот распрострени по целата земја, па воздивнав и реков: 'Кој може да ги избегне?' И слушнав глас, кој ми рече: 'Смирението'."
2. ТОЈ му рекол на ава Пимен: „Дело на човекот е да го земе на себе својот грев пред Бога и да очекува искушенија до последниот здив."
Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на малоумен човек:
31. и ете, сè беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната.
32. И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков:
Одговор:
Секако дека нашиот ум зависи од состојбата на срцето, ако срцето е чисто од страстите, умот ќе биде просветлен, но бидејќи ние ништо не можеме да направиме без содејство на Христовата благодат, за да се воспостави таа природна состојба на човекот дадена ни е молитвата
Покрај тоа се разговараше во иднина да се потпише Меморандум за соработка и заеднички да се организира дебата за влијанието на верските заедници и религиозни групи врз безбедноста, со посебен акцент на верската радикализација, дерадикализација и ресоцијализација во општеството. Од страна на директорот беше искажана подготвеност заедно со Факултетот за безбедност-Скопје...
Од кога дознав са себе
Се прашував дали постоиш,
Дали си само спомната во бајките
Или си дел од нас – а само молчиш.
Гледајки ги промените,
Кажуваа дека нема бегање
Од кругот на животот –
Постејќи браќа телесно, да постиме и духовно: да раскинеме секаков синџир на неправда; да скршиме секаква врска на суровите страсти; да раскинеме секаков список неправеден. На гладните леб да им дадеме, и бедните без покрив – во домовите да ги воведеме, за да примиме од Христа Бога милост голема.
„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина.
Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордее целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.
Овој понеделник, на самиот почеток од Велигденскиот (Велики) пост, да го проследиме најновиот видео запис за прекрасната традиционална песна, која
Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почеток на Постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги и сврти се кон Господа. Со гласот на Неговата Црква, Господ нѐ повикува да ги оставиме зад себе своите грешни и срамни дела и да ја започнеме добрата борба на трпение преку пост и молитва, која ги чисти нашите души и нѐ поставува пред Христа. И нека никој не рече дека без оваа борба и без овие добродетели
Влегувајќи во арената на четириесетдневната благодатна борба, ние никако не смееме да ги осудуваме ближните од нашата околина што нема да постат. Напротив, да се молиме усрдно за нив, та и тие еден ден да Го побараат Христа и со добри дела да Му угодуваат. Од нас не се бара осуда и предимство над другите, туку љубов и простување. Во денешното Евангелие, Господ Исус беше многу јасен: