Преподобен Пајсиј Светогорец ✤✣✤ Молитва за другите (I дел)
За да можеш да ја видиш болката на другите луѓе, би требало, на некаков начин, прво себеси да се доведеш во ред. И кога се молиш за себе, длабоко свесен за својата паднатост, тогаш и едно Господи помилуј, што ќе го кажеш за другите, и тоа Господи помолуј ќе има голема сила, бидејќи во себе содржи многу смирение, кое ја привлекува милоста Божја.