Велигденско послание (29.04.2021)
Христијанскиот живот е борба за доброто и спасоносното, за правдата и за вистината, а против сите зла, и во себе и кај другите. Но, да не очајуваме, зашто Христос го победи секое страдање и ја донесе радоста, осветлувајќи ја вселената. Нашата вера нè учи дека на страдањето треба да му пристапуваме крстовоскресно, доживувајќи го преку Воскресението, сведочејќи дека ништо не може да нè оддели од љубовта Божја