Постои ли вистински авторитет за младите?
Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано. Луѓето изгубиле почит кон секаков авторитет. Во денешно време, на пример, младите не го признаваат авторитетот на своите родители, на семејството, немаат обѕир дури ни кон нивното животно искуство.