Митрополит Месогејски Николај: За автентичниот и лажниот христијански опит – Ι дел
Автентичниот човек е не само спонтан во своите постапки туку и вистински во својата вера. Верата не е идеологија со која треба да се согласиме, ниту мисла која треба да ја разбереме, ниту мнение или став што треба да го примиме. Верата не е емоција, ниту морално правило со кое треба да се сообразуваме, ниту доживување кое психолошки сме си го наложиле, ниту цел што се постигнува со човечки усилби. Верата е благодат, живот и вистина, која се предлага, открива и добива конкретен израз. Бог ја дарува верата, а таа Го открива Бога.