Почеток на светиот Богородичен пост
Без Бога сè пропаѓа. Он е нашата најголема потреба, нашиот неопходен леб. Затоа во молитвата „Отче наш“ се молиме: „лебот наш насушен дај ни го денес“. Тоа се однесува, пред сè, на Лебот небесен, на Телото Христово, на Светата Причест, преку која Го наоѓаме и се соединуваме со Бога. Е, тогаш Он ќе се погрижи за нас и нема да нè остави.Така, мили мои, да Му го предадеме целосно своето срце Нему и секогаш ќе имаме сè што ни е потребно.