Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Божествена Литургија во манастирска црква на св.вмч.Георгиј, н.Криви Дол, Скопје (23.12.2018)
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна,