Препoдoбен Никодим Светогорец: Совет за оној што се учи во молитвата
Св. Григориј Палама, архиепископот Солунски, во својата младост бил пратен на училиште. Не само даруван, туку и вреден, во средината на мудри учители, тој брзо напредувал и во световните и во богословските науки. Но, намајќи доверба во помнењето, Григориј си го поставил ова правило: пред секој час да прави по три метании со молитва пред иконата на Пресвета Богородица. И Пресветата му помагала на побожното момче, и тој брзо напредувал во науките, со што привлекол сеопшто внимание.