Сурогат мајчинството ги деградира жените и го легализира продавањето на деца (31.01.2020)
„Го почитувам тежнеењето на науката и здравствената заштита да понудат решение за некои неодложни човекови проблеми, но не можам а да не ја забележам семантичката замена што настанува при т.н. сурогат мајчинство. Забрането во многу земји, а во Русија достапно само за богатите (би сакал да го нагласам ова), процедурата, всушност, ги искористува жените, па дури и го охрабрува продавањето на деца“, изјави Патријархот на собирот.