Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Архимандрит Андреј (Конанос): ПСИХОЛОГИЈА НА НАДЕЖТА
За да се појави решение на некој наш проблем, треба да имаш доверба дека ќе се случи нешто подобро. Ако решението не го чекаш со надеж, тоа нема и да се случи. Некои луѓе во своите тешкотии и очај сѐ повлекуваат и носат конечен заклучок дека во нивниот живот ништо нема да се промени, тогаш решението нема ни да се случи.