Старец Емилијан Симонопетриски: Деца Божји – IV дел
Има ли Христос „детски радости“? Има, и Он не ги заснова нив со помош на милиони, туку со Својата радост, која ни ја предава со Телото Свое, Крвта Своја и Духот Свој. Кои се тие „детски радости“? Едната од нив е основна – Црквата. Црквата среде грижите од овој свет е место на кое децата навистина можат да Го познаат Бога и да ја имаат природната атмосфера на Рајот. Тука е привлечен домот, Рајот, богослужението, тајните,