Отец Стефан Фримен - Молејќи се како митарот
Еднаш го слушнав следново: „Секогаш кога грешам, не се чувствувам расположен за молитва. Се чувствувам недостојно и едноставно, не можам да се молам“.Навидум, оваа изјава звучи правилно – многу често и јас сум го чувствувал истото. Но, продолжив да размислувам за ова, додека не се сетив на едно друго прашање: „Што ми е потребно да почувствувам пред да започнам да се молам?“ Во конкретниот случај, претпоставувам дека едноставно се чека да помине чувството на голема грешност. И тогаш сфатив.