Дмитриј Авдеев: Безрелигиозната психотерапија е како коњаник без глава
Во секој случај, не можеме да негираме дека морално - духовните фактори заземаат одредено место меѓу причините за појава на цела низа психички болести. Многу психички нарушувања се поттикнати од гревовни страсти, тие се последица на гревовниот начин на живот, на страстите и пороците вкоренети во човечката душа. Денес науката многу зборува за улогата на стресот, иако и во времето на Иван Грозни не било многу спокојно да се живее. Зборуваме за генетика, екологија, биохемиски процеси во мозокот.