Монашење во Водоча (28.04.2019 23:05)
На празникот Воскресение Христово, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Митрополитот Струмички г. Наум ги замонаши сестра Христина и сестра Григорија.
На празникот Воскресение Христово, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Митрополитот Струмички г. Наум ги замонаши сестра Христина и сестра Григорија.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Слава, Господи, на Крстот Твој и Воскресението! Се поклонувам на Твоето Вознесение во плот на небесата, каде седејќи оддесно на Бога Отецот
„За нас МПЦ-ОА навистина е тешко во новата историја. Во лицето на Крипијан најдов вистински духовен брат, а љубовта, кога е во симбиоза, дише заедно со слободата.
Но некои ја разбираат љубовта – да вршиш притисок врз другиот, да не ја почитуваш неговата слобода. Но љубовта подразбира да го сакаш и го оставиш да живее слободно“
Денеска во попладневните часови на аеродромот во Скопје, со бугарскиот државен авион „Фалкон“ пристигна Благодатниот оган, којшто беше пречекан од нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно духовенство од нашата Црква. Овој голем Божји благослов од Христовиот Гроб во Ерусалим пристигна кај нас преку Софија, а го донесе епископот г. Јаков Стобиски. Имено, за прв пат епископ на МПЦ – Охридска архиепископија присуствуваше во Светата Земја во мигот кога слезе Благодатниот оган, заедно со црковната делегација на Бугарската православна црква.
На Велика Сабота (27 април 2019 година),
во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во
Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф
служеше Божествена Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Сè што Спасителот учеше и сè што направи е за целото човештво и за секого од нас. Тој ни порача дека небото и земјата ќе преминат, ама зборовите Негови нема да преминат14. Затоа, и ние сме повикани да земеме учество во воскресенската слава и со сите христољупци да ја споделуваме победоносната радост. Но, на таков подвиг вистински ќе се удостоиме само преку верата и добрите дела.
Сведоци сме дека овие денови во оваа Страдална седмица од Великиот пост, толпа народ ги посетува Црквите. Се има впечаток дека имаме преголем број верници, но дали тоа навистина е така? Во нашата држава има многу Цркви, но за жал има многу малку верници. Ова е жално но вистинито. Овие денови ние забележуваме премногу народ но НЕ во Црквите, туку во ДВОРОВИТЕ од Црквите.
Најлесно е да си Јуда. Велиш дека си пријател, но кога ќе начекаш прилика, не се премислуваш за триесет сребреници, со еден целив да ги предадеш своите луѓе. Најлесно е да си Пилат. Секогаш кога ќе стане густо и мачно, ти „да си ги измиеш рацете“. Не земаш одговорност ниту за твоите дела, ниту за твојот живот.
Еден отшелник, од големо незнаење, не прифаќаше дека светиот Леб што го примаме е Телото Христово.
Старците од Скитот го дознаа тоа, го повикаа и го поучија со православното учење на Црквата за Пречистите Таинства. Но тој си остана упорен во неговата прелест; отците го оставија, но се молеа Бог да го просвети, та да ја сфати вистината.
На 26 април 2019 година (Велики петок), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Царски Часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
„Кога силите Те гледаа, како измамник клеветен од беззакониците, Христе, трепереа од неискажливото Твое долготрпение, но кога гробниот камен беше запечатен од рацете на оние што Ти ги прободоа ребрата, радувајќи му се на нашето спасение, тие Ти викаа: Слава му на Твоето снисходење, Човекољупче!“ (стиховна стихира на вечерна на Велики Петок).
Денес, во црквата „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи служба на која беа прочитани Дванаесетте Евангелија, т.е. дванаесет извадоци за страдањата на нашиот Господ Исус Христос. После петтото Евангелие беше изнесен Крстот, на којшто се поклонија присутните верни.
21. И кога јадеа, им рече: „Вистина, ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.”
22. Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?”
23. А Он им одговори и рече: „Оној што ќе макне со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24. Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек, преку кого
Одејќи од светата Гетсиманија кон Елеонската гора, наидуваме на манастирот на авва Аврамиј, што го основал самиот авва Аврамиј. Тој потоа, по Евдоксиј, станал игумен на новата црква посветена на сефалната Богородица и секогаш Дева Марија. Во тој манастир на великиот Аврамиј, во времето кога го посетивме, игумен беше некои авва Јован од Кизик. Ние го прашавме за следново:
„Откако Христос истера седум зли духови од Марија Магдалена , која ја величаме како една од Христовите мироносици, во неа во потполност се всели седумпати посилната божествена благодат на Духот. Значи, поради нејзината истрајност, Марија Магдалена била удостоена да види ангели и да зборува со нив. Таа Го видела и Самиот Господ и станала Негов апостол на апостолите.
На утрената богослужба во манастирот, за прв пат ќе биде поставен кивотот (ковчегот) со светите мошти на Свети Кипријан, кои засекогаш ќе останат изложени во храмот. Исто така, ќе бидат истакнати и бајраците кои се специјално иконопишани за големата литија со која ќе биде заокружен богослужбениот дел од програмата, а кон која ќе се придружат и повеќе мешани хорови од земјава.
Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг oсвeн Гoспoд Исус Христoс и сo ништo другo, oсвeн сo Свoeтo сoпствeнo вoскрeсeниe oд мртвитe. Сo Свoeтo вoскрeсeниe Гoспoд му дал крилја на зачмаeнoтo чoвeчкo надeвањe, и гo
спрoстрил прeку грoбoт, и му ги пoкажал цeлта и плoдoт зад грoбoт”.
Нашата (христијанска) забуна е што барајќи ја сигурноста во овој свет, најчесто се определуваме за онаа група од втората опција, маскираната во побожен лик, која, всушност, Го предаде; затоа што сме потполно исти како нив.
Атеистите најчесто за другата – која Го осуди и распна.
“Акo чoвeкoт има намeра да Му угoди на Бoга, тoгаш Бoг гo учи на Свoјата вoлја или прeку мислитe, или прeку нeкoј друг чoвeк, или прeку Свeтoтo писмo”. Таквиoт чoвeк пoстанува вниматeлeн и oчeкува oдвнатрe и oднадвoр Бoжји пoуки. За нeгo прeстануваат да пoстoјат случајнoститe. И цeлиoт свeт за нeгo пoстанува какo харфа сo дeсeт струни, кoја нe испушта ниeдeн звук бeз Бoжјиoт прст.
Има ли подобро осигурување од надежта во Бога? Кога човек се надева во Бога постојано добива најдобро гориво и неговото духовно возило никогаш не застанува, постојано се движи. Биди внимателен колку што можеш, моли се и надевај се во Бога, и Он ќе ви помогне во секоја прилика. Поедностави го својот живот со целосна надеж во Бога, и ќе се ослободиш од теснотијата и несигурноста.