Што значи да се живее во папсано општество?
Стресот и уморот не се само лични искуства, туку и општествени и историски феномени. Бјунг-Чул Хан, јужно-корејски филозоф кој живее и работи во Германија, ја толкува современата епидемија на папсаност како неспособност да се излезе на крај со негативните искуства во доба на прекумерна позитивност и универзална достапност на луѓе и добра.